Не зборуваме за односот социјализам версус капитализам, туку баш за денешно, реално време, за она што "младите" го поседуваат како навика, менталитет останат од постарите генерации (релативно е ова со малдиве искрено, ама ајде така да ги дефинираме), а тоа е сопствен кров над глава. Згради има празни, но сепак има далеку повеќе кои се полни, да имаме на ум дека лудачки се гради и во овој момент дур ние пишуваме. Се движев кон Кисела Вода пред некој ден, све е блокирано, цела Димо Хаџи Димов по должина се гради, 10 згради истовремено. Тоа е некаков доказ дека сепак побарувачка има, а таа не е само од побогатите касти. А паралелата Запад - ние не ја направив за да паметувам кој што треба да прави со животот, туку да кажам дека на Запад (или барек во земјите каде што сум живеела јас) не се врзуваат толку со живеалиштето, туку природно се придвижуваат таму каде што има работа, бидејќи нема логика во реално време јас да врзувам крај со крај и да плаќам кирија таму каде што работам, а да купувам стан/куќаво матичната земја за да ми се "најде" некогаш, тогаш според мене тие луѓе немаат проблем со пари.
Не сфаќам што е проблемот младите да живеат со родители? Што е проблемот тука? Некој да објасни може?
Уште се сметам во млади, па ќе споделам мое искуство со работа во Македонија и работа во странство. 4 години работев во Македонска фирма, на релативно добра позиција со добра плата за Мк стандарди. Е сега зошто си заминав: - Официјално имав 20 денови одмор, неофицијално лаптопот и телефонот со мене и пишуваш извештаи и на одмор (немав замена) - Сама бев во одел и работев работи за мојот одел, и плус уште за најмалку 3 други - Работев за викенди и празници, до 1 - 2 саат вечер, на проекти што беа итни, а после никој не ги гледаше со недели - Правев презентации за мојата работа, заслуги други земаа - Кога ќе предложев нешто одговорот беше “млада си уште, имаш уште многу да учиш” - Кога ќе направев нешто, шефот секогаш наоѓаше некоја мана, дали бојата на презентацијата или големина на фонт… - Недостапен менаџер, кој се јавува само да каже што да правиш - Земаш ден за да одиш на лекар, и пак те бараат за некои банални работи И уште еден куп други ситници, кои со тек на време се акумулираат. Веќе 2 години како работам во странска фирма. Дел од разликите: - Одиш на одмор, никој не те вознемирува. Ништо не е толку итно за да се заврши додека си на одмор. - Можам да делегирам работа на колеги без проблем - Менаџерот е свесен за обемот на мојата работа, ја распоредува работата врз основа на обемот на работа. - Има приоритизација на проекти, и соодветни рокови, ништо не е за вчера. - Јас си ја презентирам својата работа и секоја заслуга/критика е упатена кон мене - Моите мислења се ценети, бидејќи “I am a fresh pair of eyes, offering new perspective” - Работите што ги правам овде се “amazing”, “great job” … до толку што мислев дека претеруваат и дека ми прават лице. - Неделни состаноци со менаџерот каде зборуваме за моите проекти и мојот план за личен развој. - Имаш денови од компанијата кои ги користиш за лични потреби (лекар, банка, итн). И секако огромна разлика во плата и бенефити за вработени (gym, employee discounts, employee wellbeing, unlimited learning resources…). Не сум свилена, само сфатив дека можам и дека заслужувам подобро. Уште сум добар работник, само сега сум свесна за своите квалитети и имам поддршка и разбирање од своите претпоставени.
Секако дека постојат професии поради кои ќе си го жртвуваш приватниот живот, меѓутоа продавач во Тинекс, не е една од тие. И ова не го кажувам понижувачки, туку како факт дека вработен во супермаркет, не треба и не смее да е роб на работата. Кога веќе отвараш толкав маркет, треба да си спремен и да платиш вработени, а не еден вработен од каса да трча на пиљара банани да ти мери. Или тој што реди роба и брише рафтови да доаѓа месо да ти сече. И да не биде ура-бура ако некој во последен момент извести дека не може да се појави тој ден на работа. И стварно не знам како оправдувате некој да се богати повеќе од што треба, за вашето преработување.
Секако жртвуваш здравје во секоја бранша. Ако си ИТ инженер, ќе страдаат очите, ќе имаш диоптрија, ако стоиш на каса или си келнер, ќе имаш проблеми со вени, ако си фризер и вдишуваш хидрогени, можни се проблеми со дишни патишта, ако си градежник, работиш на 40 степени, но и на минусни температури, и кога ќе влезеш во пензија си истрошен. Туку, ми текна еден пример. Се обраќам лани по службена должност до една македонска општина со барање. Одговор од секторот чекав 2 месеци, и тоа двапати ги посетував дека сум пратила барање. На крај добивам документ со цели 3 реченици, во кои имаше 3 правописни грешки, а тој што го потпишал документот беше магистер. Не знае работи кои се учат во 4-то одделение. Тоа е пример за мрза, неодговорност, некомпетентност. Се работеше за проста работа која треба наизуст да ја знаат во секое време.
Не е спорно тоа, тоа се професионални ризици. Ама не може секоја работа да биде оптоварена со непотребен стрес и не може интересот на бизнисот да биде секогаш над потребите и правата на работникот. Да не можеш да земеш одмор, трудничко, ден за лекар, да те држат цел живот на ,,определено,, нема никаква врска со професијата, има врска со беззаконие и робовладетелство.
Toa не оправдувам. Не сум била во ситуација да не смеам да земам одмор, за лекар и боледување не сум имала потреба, фала богу и не сакам да имам. Сум имала ситуација кога бившата газдарица ми викала „Одиш на одмор, ако случајно ти требаат пари, да ти префрлам една плата однапред, не ми е проблем“. Тоа секако е добро, макар што сите знаеме дека платите не се високи во Македонија. Колку повеќе газдата зависи од тебе, толку подобро за тебе.
Тоа е сосема друга тема. Едно е кога знаеш какви здравствени ризици да очекуваш од некое работно место, и свесно да прифатиш. А друго е некоја будала да те тера 12-14 саати денот да рмбаш, да држиш 3 позиции, а да си платен за една, физички и психички да попуштиш од стресови и преумореност, оти некој не сакал да плаќа тројца.
Во накратки црти ќе го објаснам менталитетот на регуларното Македонче. Барем јас како го доживувам. Македончето се раѓа и воспитува цел живот да биде работник. Ништо повеќе ни помалку од тоа. Работник е во Македонија и се сели во Европа повторно да е работник. Ок, ќе има 2 ужинки повеќе, 13та плата, некои социјални бенефиции како живеење во подобро средени земји и достапност до поквалитетни услуги и здравство. Но каде е проблемот? Пак на крајот на денот си обичен работник. Тоа што ти ставаат некои глупи титули како HR, CEO, BDM и така натаму е само обична шминка дека ти нешто се прашуваш во таа фирма. Од прв до четврт ешалон добри фирми и компании во богатите европски земји си ги држат нивните таму. Колку Македонци знаете што отишле и живеат во некои побогати европски земји а денес се добри претприемачи и создале брендови и фирми со голем број вработени? Јас ќе ви кажам. Мининално. Скоро нула. Колку Македонци знаете што живеат во некои побогати европски земји а во Македонија отвориле бизнис, го прошириле, модернизирале, вработиле луѓе? Јас ќе ви кажам. Нула. Инвестиција не рачунам подигање на трет спрат на диво, ставање коронки на заби , правење фризура за свадби во лето или купување два камиони со бугарски таблици. Кај регуларното Македонче владее диктатура на просекот. Се раѓа и копнее цел живот да биде бауштелец. Никаква поголема иницијатива во животот да мрдне од просекот. Тој да биде двигател а не следбеник. Пред некоја недела листав на интернет за побогатите јапонски фирми. Се семејни бизниси. По 10 генерации градено и создавано. Прават деца. Ги школуваат на богати универзитети и се враќаат во Јапонија да продолжат со бизнисот збогатени со нови идеи, искуства, контакти. Колку семејства има такви меѓу Македонците? Десетина можеби. Се останато е крпи закрпи. Нечиј татко се доцепал до некое станче, дуќанче или нивче а син му или ќерка му утре се да поебе и да распродаде за некое одморче на Халкидики или половен БМВ од 2012 година. Ова е што се однесува до младите и работата. Тие се еден вид огледало на тоа какви ни се родителите во најголем случај. Важно да има лукче и кромидче на маса. За се друго ако даде Господ. Ако не ќе тераме рамна линија цел живот. Тие што викаат дека денес младите биле нешто поразлични, подинамични не знам ова, не знам тоа. Да, такви се али на многу полошо. Себичлук и безобразлук само да остварат некоја ситна материјална добивка. Само да земат. Ништо да дадат. Секоја нова генерација што доаѓа квалитетот е се полош и полош интензивирано со големото иселување и на тие што малку вредат и што можат нешто да променат. Ова е некое мое искуство со повеќето Македонци кои ги среќавам по дијаспората. Може и уште полоши работи да пишувам но ај ќе си молчам. Да не биде дека глумам тука лудило.
Споредуваш со луѓе растени во земји кои не минувале со рушевини низ војни или биле двигатели на истите, луѓе со пасоши кои патем се најдисриминирачката легислатива кои им се отворени кон сите можности, луѓе чие тло било насадено со индустријализација дури населениево тука рачно сеело и жнеело. Дали очигледно одбиваш да ги видиш привилегиите на поставеноста на народите и полесно ти е да плукаш кон нееднаквите? Дали сите земји кои немаат тепачки од инвеститори желни да вложат во стартапи за да се развијат претпиемачи се самите криви што ствараат работници? Дали јас и Селима од треторазвиените земји сме глупи што мораме да се вработиме некаде и да го одиме скалилото наместо да имаме три години гратис период дали нашата претприемачка идеја ќе вроди плод? Грото од младите не доаѓаат до генерациско богатство, ги користат моменталните ресурси. Младите како свежа крв не се ни најмалку криви. Прстот секогаш е кон постарите кои ги држат конците. Спореди ми народ со исти околности, иста корупција и партизација (политичка состојба) и кажи ми како го решил тоа. Иако овде пишуваме против лоши услови на работното место, сите сме свесни дека газдите се некогаш приморани. Сите сме свесни дека инспекциите затворија многу обиди на бизниси кои не се обоени. Има наши луѓе што не се работници во странство, ако ги гледаш светлите точки.
Kоја е твојата фирма и во која држава живееш? Ако немаш фирма во странство, честито - се опиша себеси. Не сите треба да бркаат кариера, не сите треба да имаат имот од неколку станови и куќи. Некој сака порелаксирано да си го живее животот, а такви ги има многу повеќе во Германија, отколку во Македонија. Затоа што кај нас, или си бизнисмен, доктор, инженер или програмер, или немаш за леб. Повеќе луѓе има што се Германци, зборуваат мајчин јазик германски, па пак работат нешто ситно. И што сега? Како што кажа некој пред мене, додека кај нас се војувало, во некои земји имало напредна технологија за тоа време. Стравот си го прави своето, и ти го трасира патот. Утре ако јас останам на улица од икс причини, сигурно нема да барам работа како програмер и да се едуцирам 3-5 години, туку ќе барам да почнам било што, за да имам кај да живеам, макар тоа било и едно сопче во куќа. Тоа што државата не се грижи за работниците, а ги брани само газдите, е друг проблем. Еве јас не морам да работам во маркет, и во Македонија живеам супер. А другите, кои имаат кредити до гуша, или фамилија за хранење? Како они да не трпат за 20.000? Ако дадат отказ ќе имаат 0.
Некои народи тие поволности си ги изградиле. Не им ги дал никој на нив. Знаеш зошто изградиле? Затоа што имале менталитет и креативност. Знаеш колку европски земји биле разурнати до темел, преживувале чуми, разни војни па тоа не им било или не им е изговор да не бидат на врвот. Селима и ти сте различни во многу сегменти. Селима доаѓа од култура каде многу се цени семејството и солидарноста, имаат куп деца па затоа прва генерација почнуваат од дуќанче за храна и секонд шоп бутици. И така дуќанче по дуќаче, Донер по Донер, ресторан по ресторан, бутик по бутик тие веќе за една генерација пола населба ја окупирале со семејни бизниси. Следна генерација одат на градежни компании па вложуваат молови, згради итн итн. Тоа кај Македонци не постои. Се е рамна линија со генерации. Менталитет на бауштелци. Што да ти споредувам народи со исти околности, иста корупција и партизација кога Мкд е на дното по сите параметри. Плус сте измеќари во сопствена земја. Погледни кој ви ги држи бизнисите, брендовите, дуќаните по центар, кој ви гради по населбите, од кого купувате храна итн итн
Како некој што се откажа од државна работа да премине во приватен секотор, сакам да направам една ретроспектива како според мене стојат работите во оваа наша државичка. Кога работев во државно бев мрзлива, без желба за ништо. Дружењето со колективот се сведуваше на кафиња, цигари и секако, оговарање други колеги. Почнав полека да влегувам во тој некој си систем каде што немав никаква амбиција. едноставно се помирив дека јас сум администратор и дека нема никогаш да мрднам ни со плата ни со позиција ни со вештини. Од друга страна, моите дома беа пресреќни. Сигурна плата, стаж и некоја си функција ( без предрасуди кон другите професии ) . Еден ден ми скисна, дадов отказ и се запишав на курс по дигитален маркетинг. Си отворив LinkedIn профил и почнав да си барам работа. Long story short, денес работам од дома како SEO Analyst и полека напредувам и со плата и со вештини. Ова не е крај за мојата кариера, си имам и други планови. Муабетот ми е, кога имаш мотивација од било каков вид, стануваш посреќен. Ја насочуваш енергијата кој тоа што да направиш за себе. каков курс да запишеш и како да се надоградиш. Јас искрено, никогаш не би се вратила во државно, иако и до денешен ден ме прават луда за тоа што сум оставила ТАКВА работа.
Се базираш на генетика на супериорност, која е толку стереотипна и за минатиот век, што милион пати секоја земја ги сменила позициите и докажала зошто не држи вода. Ако некаде се сконцентрирал талент на скокање во јаже, не значи дека на друго место нема други таленти. Околината во која што се наоѓа го развила тој талент, а тоа е резултат на историски, економски, културни и здравствени политики. Човечкиот внатрешен потенцијал е еднаков секаде на земјината топка, зборувам на генерализирано, не индивидуално ниво. Не ни е запишано во судбината што да работиме лол.
Кажи ги де со име и презиме тие европски земји кои се издигнале. Мислам смешно е да зборуваме за нив а да не ги именуваме, бидејќи повеќето се робовласници и колонизатори, сѐ што изградиле, го изградиле врз грбот на оние кои ги колонизирале и искористувале. Еве Италија за пример, да не е туризмот, ќе пропаднат. Висока стапка на неписменост (анафалбетизам баш), крајна сиромаштија, држат просек независните региони и оние кои се недопрени од мафија, слично во Шпанија (за УК, Франција, Португалија што да кажеме). Скандинавија па бетер, сега де отвора Пандорината кутија за тоа како Норвешка мислам се богати како најголем извозник на месо во светот мислам на сметка на катаклизмично уништување на природата и природните ресурси, трагични им се фармите за животни, тоа се ужаси, не знам зашто нормален човек сака на нив да се угледува. Богати се затоа што крцкаат тоа што џапнале од другите или и во реално време искористуваат ефтина работна рака. Мислам дека таквите не треба да ни бидат пример, општо, а камоли на младите.
Тешко на младите, искрено. Вечно криви за се. Инаку, мое мислење е дека овој тип на капитализам (во последна фаза) прво го сроза семејството, човечките односи, а сега го руши и менталното здравје. Барем од моја перспектива, мислам дека ова го пишав и во друга тема. Се повеќе ги има млади со социјална анксиозност, биполарност и жолти моменти од нигде-никаде. Не е случајно. Да не ја заборавам и обезноста. Јас одамна ја напуштив идеата дека таму надвор е многу подобро, газдите ќе ме сакаат и ќе се спасам од проблемите. А за тоа дека не им се работи, не верувам мислам дека не се мотивирани од некои причини. Ама пак ќе речам, пола фамилија ми е замината во странство. Животот го живеат онака како што опишал Монофоник. Со Абел се согласувам за станче-фирмите, многу лош концепт.
Супер. Продолжи да веруваш во овие бајки. Да не речам глупости Неуспешните народи и држави секогаш ќе си наоѓаат изговори за своите колективни и индивидуални неуспеси. Македонија ти е класичен пример за колективно неуспешна држава и народ, секако со мали индивидуални исклучоци. Малодушен народ и народ кој цел живот е воспитуван да биде тежок просек и каде просечноста е Бог на индивидуата. Не зборувам за материјално само. За се буквално. Класичен пример. Доаѓаат во Европа на работа и ми велат ќе земам некој денар, ќе си купам дуќан и ќе го издавам под кирија. Им велам зошто не купиш дуќан па не почнеш свое да работиш па од еден дуќан ќе бидат до крајот на животот 10 дуќани. Ааааа не. Тука веќе настанува проблем. Или тип на Македонци што продаваат имоти, дуќани станови да одат на одмор или да купат автомобил. И што утре? Таков имам во близина. Продаде стан и дигна кредит да купи автомобил од 25 илјади евра кој за 10 години нема да му вреди ни 10 000 евра. Дебил класичен а такви се нажалост повеќето. Народ и држава без претприемачи и претприемачки менталитет нема што да бара искрено. Малите држави и народи со тоа можат да се борат и наметнуваат на светскиот пазар. На запад имаш стотици илјадници вакви мали фирми што добиваат донации и пари но утре тие фирми ќе вратат трилиони евра на нивната земја. Кај нас кога се даваа пари за некои почетни бизнис идеи најголем дел земаа пари да одат на одмор или да измезат по кафани. Менталитет на народ со просечен IQ од 80.
@Monofonik ние навистина како народ не знаеме да управуваме со пари. Еве јас имам пријателка, продаде имот на добра локација во центар, а со парите купи автомобил на старо, истера одмор во Албанија и теновни трошоци покрива, тоест да се помине месецот, да не биде дека платата не стига. Тоа нема никаква економска логика. Пропаст. Можеше истиот имот да го понуди на 10 инвеститори и да чека подобри времиња, локација во центар не губи никако.