Младите и работата

Дискусија во 'На работното место' започната од Biljarkata, 6 јуни 2023.

  1. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Со голем дел од напишаното тука не се согласувам.

    Тоа што некој не сака да се мачи и да рмба цел живот, не го прави глупав, го прави уствари попаметен од останатите. Што фајде од 10 дуќани, ако главата не знаеш кај ти е? Не е само работа и пари, да се трупа. Не викам сега и другата крајност, да лежиш по цел ден и да не створиш ни денар, а само да трошиш.

    Да, заостанати сме зад другите држави, ама не е исто како се родени, како се растени. Сеа што ние сме подобри во нив во работи кои не носат пари, не значи дека сме полоши од нив како народ.

    Додека кај нас имало криза, војни, кај нив имало развој, полабав живот, и друг бил муабетот, други биле воспитувањата и вредностите, години наназад. Зборам за пред 30-40 години, не за пред 100 години.

    Да, генерално не се толку лакоми и себични, па има пари за сите. Ама на просечното германско семејство не му фалело кров над глава, нити па имале кредити до гуша кои не знаеле како да ги вратат. Во Германија и да си обичен работник, ќе скрпиш месец за месец. Кај нас тешко.

    Државата повеќе има вложувано таму, и генерално процесот на живеење и растење им бил доста олеснет. Тоа што кај нас се крадело е друг муабет, ама не е крив поединецот, туку колективно сме криви.

    Во Германија исто процентуално непросперитетни луѓе како и во Македонија. Има луѓе по 40-50 години, родени Германци, работат во Мекдонадс. Секакви примери има, ама генерално на запад не живеат толку стресно, немаат проблеми околу имот, комшии, пари, и барем на тие теми не се губи време, ниту енергија, а ни здравје.

    Познавам Германци што се горди на државата, а заработуваат нешто малку над просекот, а се среќни, задоволни и не бараат уште. Тоа им го овозможила државата. Кај нас за жал, со просечна плата си едно големо ништо, а со минималец си веќе загреота, без намера да ги навредам оние кои се во таа позиција.
     
    На Selena01, GirlLove и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  2. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Само есенцијално глупите и дебили луѓе продаваат имот во центар на градот или населбите кои гравитираат до центар. Не е само тоа дека имотот во центар секогаш ќе држи цена или ќе расте туку дека тој имот утре ти можеш да си го адаптираш за свои потреби од типот таму да биде твојот почеток на свој бизнис па утре да го прошириш на уште многу повеќе. Од друга перспектива просторот можеш да го адаптираш во повеќе дуќани и канцеларии и да го ренташ до крајот на животот. Пари секогаш ќе течат а суви пари лесно се трошат. Запрашај се зошто прави бизнисмени никогаш не продаваат туку само купуваат.
     
    На Lemon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Освен вам блиски случаи каде што продавале за да си купат кола, од кај знаете друг зошто продава стан во центар? Може нема што да му прави, може планира да си купи куќа/стан на друго место. Може му требаат пари за живот или за здравствен проблем.

    И мене не ми се разбирливи некои работи, па што. Бизнисмените се најстиснатите и најскржавите луѓе, што мене ужасно ме нервира. Па што, за мене нема да се сменат сигурно.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Добра ти е идејата, а лицето кое продаде ваков имот, имаше искуство со бизнис, значи има водено мал семеен бизнис кој пропадна. Да, готови пари се трошат брзо. Веројатно после 10 години ќе им текне „еееххх, да ми беше овој памет“. Ако веќе решиле да продаваат, а немаат идеја за бизнис и слично, барем да се договореа со инвеститор, да си направи зграда, да им даде стан. Едноставно глупаво е да кажеш „продадов куќа во центар, купив кола и бев на одмор“. Што е најстрашно продадено за ниска цена. Македонците не знаат да ценат пари. Знам многу луѓе што продале имоти испод цена. Отиди во минус едно 7.000 -10.000 евра во минус и фали се дека си продал. Тотална глупост.
     
    На Monofonik му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека друга е причината, имено, кога ќе ни дојде некој денар плус го трошиме за да почуствуваме дека живееме, во спротивно преживуваме од месец за месец, воглавно ретко кој може да си дозволи да ужива ама баш вистински, во Македонија има сиромашни, помалку сиромашни (средна класа) и мал процент богати кои не знаат колку пари имаат, а кои пари ги вадат на грбот на сите нас, и најчесто тие си владеаат со државата дали директно или индиректно зад кулисно, цените до плафон, сметките до плафон, буквално сме како таа песната: Куча посао - посао куча..., и затоа кога ќе ни дојде некој денар плус сакаме да го почуствуваме животот. Ова е мое мислење можеби грешам, но ова што ни се случува со цениве навистина не знам до кога ќе издржиме како општество или ќе банкротираме кога тогаш...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Се сложувам, не е дека не, ама тоа се средства потрошени за онака мали нешта кои ќе ти ги изедат парите без да осетиш. А тие исти пари нема да ги собереш со години, ниту па имотот што си го продал некогаш ќе го вратиш. Одмор во Албанија можеш да си дозволиш од плата, ако си штедиш, старата кола еден ден ќе заврши како крнтија, а имотот веќе го немаш. Напротив тој што ти го купил, ќе чека подобри времиња, ќе го продаде и ќе си ќари.
     
    На Monofonik и Forca им се допаѓа ова.
  7. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Во многу фирми се вработуваат помлади, дека фирмата избегнува да плаќа некој даноци за нив и дека за плата и за работа лесно се манипулираат.
     
    На Spicy Senorita и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Се сложувам така е, јас искрено со пари од имот би купил друг имот или дел би ги вложил во семеен бизнис а другиот дел од парите би купил некоја недвижност, не би потрошил пари од имот за одмор и кола. :)
     
    На Lemon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Бегаат исто така, и тоа многу брзо. Упорните по година и нешто, најупорните по четири ама горе-долу заминуваат. Во МКД нема нови огласи за работа, туку циркулираат едни те исти. Одамна го сфатив ова. Милениумци и Џен Зи се експериментална генерација.
     
    На GirlLove и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.490
    Денешните деца се научени тате носи, мама меси. Затоа не се замараат да научат нешто, пребираат, не се снаодливи, само дај им телефон и пари.
    Многу гледаат од другите и социјалните мрежи влијаат на начинот на живеење.

    Затоа се повеќе има родители кои со кредити ги растат децата, други па едниот цел живот е во странство и праќа пари, само за детето да им биде задоволено со се.
    Нели дека они како деца немале, па нивното сега да има. А тоа што од децата прават паразити не е важно.

    Ние бевме научени како е да немаме, сами да си заработуваме, да ги цениме парите и дека сите не можеме да бидеме исти. Не може две деца кои се од фамилии само различни примања да бараат да им се купи најнов ајфон.
    Мајката зела кредит да купи ајфон од 80.000 ден, епа нема да работи.

    Кој е вреден и работи тој и ќе се снајде, нема цел живот да е така. Ретко кој почнува од висока позиција. Секој ќе си најде тоа што му одговара.

    Овоа го видов последно по колешка која работеше 6 месеци, а ги гледам и новите што доаѓаат какви се. Две работи не знаат да запаметат, а не пак сами да побараат нешто да научат плус. Немаат желба за напредок, а платата е солидна. Многу повеќе од банка, шеф на маркет, професор, медицинска сестра итн.
    Не се трудат да остават впечаток, како роботи се и само гледаат онака набрзина да завршат, а квалитет нема.
    Немаат одговорност, комуникациски вештини, брзина, организација, мотивација, самодоверба.
    Јас после 2 месеци научив и повеќе од тоа што треба, сега 2 месеци не знаат каде се. И ние сме со дипломи, ние си цениме образование не само денешните, па имаме прифатено секаква работа.

    Кај нас менаџерот е строг и работи според правила и стандарди на фирмата. Тој мене ми ја крена самодовербата, ме научи на дисциплина, одговорност, како да имам подобра преговарачка моќ итн.
    Од 35 луѓе во тим дали 3 ги почитуваме, не знам зошто и после имало притисок не знам што. Ако не ти одговара оди си.
     
    Последна измена: 17 јуни 2023
    На Lemon, Tanjamm и nevermet18 им се допаѓа ова.
  11. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам си тоа да се споредуваат децата од две различни генерации. Затоа што на тоа дете треба некој да го научи и да му кажи како да се однесува, за да дојде до тој резултат во економска криза да се бараат луксузни работи. За сето ова се криви родителите. Не може дете да кривиш дека е лигаво. Така е виспитано, така знае. За работа, нема што дете да работи, нормално е дека ќе сака нова облека, нов телефон, кој колку може, ќе му дозволи на своето дете.
    Еве и образониот систем е таков, што такви млади луѓе креираат. Пак не се криви децата, постарите се криви, дека немаат визија во каков резултат ќе прогресираат сите грешки што ги буткаат под тепих.
    Жално е што правите нови генерации и потоа сами плукате по вашата креација.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.490
    И ние сме растени од родители од друга генерација па не сме нешто поразлчни од тие нивните.

    Да детето учи од родителите, детето учи и од улицата и социјалните мрежи каде се создава лажна слика за се. Тоа дете сака да има како сите други, па дали неговите имаат или немаат да му купат не прашува.
    Тоа дете мислите дека знае да се цени, не тоа само ги слуша другите деца кои се така помоќни дома дека не треба да се прифаќа работа под 500 евра, да се работи а и да се пие кафе за време на работа, да не се работи за викенд, да не те замара шефот и како да е твоја фирмата.

    И да повеќето се лигави, нежни, не сакаат да се помачат. Ретки се тие кои работат од 18 години додека другите секој ден дремат на кафиња и спијат до 13:00
    Имам во фамилија дете кое од 15 години почна да работи со брендирање на излози, лепење билборди, а на 18 години почна да работи во Телекабел и зема над 30.000 ден и плус за викенд старата работа.
    Додека некое од негова генерација и со факултет нема да ја има таа плата.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    И јас се чудев зошто е вака, зошто цело време критикуваат. Ми требаше време и сфатив, тага по младост е. Затоа цело време се насочени на критика кон помлади колешки. Си слушнала некогаш да речат, да им помогнеме на младите? Ниту јас.
     
    На IRBBB и Nela678 им се допаѓа ова.
  14. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Ја смени темата комплетно. И искрено жал ми е за тоа дете што било принудено да работи од 15 години. Верувај дека мака ќе му биде еден ден. Можеби и сега му е. Скратено му е детството. Возрасен ќе си цел живот, дете си само еднаш! Не е ни малце за осудување дете кога се понаша незрело. Норламно е дека сака да излегува навечер и сака да излегува со пријатели на кафе. Нормално е дека ќе спие до 1 саат. Дете е, тоа го интересира. Демек ти немаш поминато тинејџерство и демек не знаеш како млад човек размислува на тие години и кој му се преоритетите. Не се криви децата што сакаат да се однесуваат прикладно за годините. Никој од старите генерации нема почнано одма со сериозна работа и големи плати.
     
    На baby-star, IRBBB, winnie02 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.490
    Не е од мака, родителите имаат добри плати и може и да си седи дома.
    Едноставно сака да работи и да има свои пари. Не му е скратено ништо, излегува со сите, оди на одмор, своја кола, мотор итн.
    За разлика од него другите чекаат 100 ден да им дадат секој ден.

    И моите генерации на тие години работевме, не којзнае каква работа, ама сезонска да.
    Ама од искуство кога веќе факултет не се гледа и секој завршува подобро порано да се фати сериозна работа или занаает.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Муабет од еден Албанец „Јас си имам добри деца, моите деца сум ги направил луѓе, имаат добри плати, самостојни се, не ми бараат ништо, а нека си мислат тие пензионери што издржуваат деца, епа нив секако ќе им е тешко“. Човекот ја кажа вистината. Во фризерски салон сретнав една Албанка, на 17 години, попладне оди во школо, средно медицинско, а наутро е во салон, да учи занает. Не било сигурно само со една професија, дали ќе има работа. Кога ќе видам 40 годишни ми пребираат работа, имаат само 2-3 години стаж, чекаат од мама, тате, ми иде шамар да им мавнам.
     
    На Lemon и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Не треба да се идолизира работење уште од 15 години. Кој мора да работи, нормално нека оди. Кој не мора, нека ужива додека може. Се си доаѓа со годините. Некој го поставил тој шаблон на живеење, кој сака ќе го почитува, кој не сака - не мора. И не сите што работеле на 15 години се успешни луѓе. Многу повеќе луѓе гледам што почнале да работат од моја генерација на 17-18 години, па ете ги, уште се општи работници, за едвај плата од 500 евра. И што дека работат од 17 години, кога немаат напреднато? Детето треба до 21-22 да студира, да собира вештини, да запознава луѓе и ќе почне да работи. Од 18 да, ама кај нас воопшто не се исплати да работиш на пола работно време, не е како на запад.

    Само мал дел од оние кои работеле од свои 17-18 години, може да кажам дека се успешни за МК стандард, и нормално поуспешни од мене. Другите уште крпат крај со крај, те во Германија, те во Хрватска.

    Секој ќе си ги испружи нозете колку што му е долга чергата. Сум немал за искачање во град, ама не сум ни барал. Ако сум имал 100 денари за денес, со 100 денари сум го проаѓал цел ден. Ме прави тоа лигав? Не. Може малку да сум помрзлив од останатите, ама барем не се мачам, за да на некој му докажам дека ете, правам нешто со себе. Не ми е испод чест да работам и за минималец, ако морам. Ако не морам, зошто да работам, само за да и докажам на Трпана дека не сум разгалено дете? Ако треба да плаќам сметки и кирија, ќе работам. Ама да рмбам за 18000 за да си купам ајфон од 40.000, или патики од 150 евра ми е рамно на лудост. Сум имал најевтин телефон, најевтина облека, сум јадел од пекара. Што се вика пола од рестораните во Скопје ги немам посетено бидејќи ми биле вон финансиската моќ. Дури и сега кога солидно заработувам, се носам поскромно од сите околу мене. Ама затоа кога ќе прошетам некаде низ Европа со МОИ пари, добивам коментари: Ее лесно ти е тебе, не си се прибрал.
     
    На Цвет88, Nela678, winnie02 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.600
    Пол:
    Женски
    Се прашував баш дали да го пишам ова, најмногу оти мислам дека и нема што да се дискутира повеќе. Ама лично знам повеќе од два случаи на кои родителите им го саботираат успехот на децата. Првиот случај беше со татко кој намерно не му даваше пари за студирање на синот, овој работеше како келнер и на крај се откажа нормално. А вториот случај, млад, згоден, спортист на кој таткото (функционер) не сака да заврти два броја или да најди контакт за работно место. Се што сум работела досега е без да никакви конекции и е претешко да стигнеш до работно место. И така, бумерите се најлошата генерација родители, себични и нарцисоидни.
     
  19. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Јас сум приметил дека ние сме народ кој не сака или не знае да гризе во животот. Летаргични по природа и менталитет. Тоа го гледам кај мнозинството.

    Желба, глад, визија, упорност за нешто повеќе во животот од работник јас не гледам. Се е сведено на една рамна линија, сигурица, комфор. Така ниту можеме да се развиваме, ниту да сме конкурентни на економските пазари. Самиот факт дека немаме препознатлив бренд, корпорација, фирма која пробила надвор од македонскиот пазар е поразувачко. Најголем пораз е тоа дека немаме ниту фирма во македонско сопствеништво која е во рангот на среден бизнис, а го покрива македонскиот пазар. Бизнисот ни го држат комплетно албански/косовски фирми, турски фирми, грчки фирми, по некоја српска или бугарска фирма и така натака. Потоа одат германски, американски, по некоја кинеска. Буквално измеќари во своја земја. Не дека некој друг е крив. Едноставно не сакаме или не знаеме за нешто повеќе.

    Зарем нашиот човечки потенцијал како народ е сведен само да произведуваме келнери и готвачи да работат за мизерни плати во Хрватска и Малта? Или бауштелци и медицински сестри во Германија и Австрија? Собирање јагоди и цреши во Велика Британија и Италија? Возење камиони по централна Европа? Тоа е најстрашно. Што тоа не е прва генерација што доаѓа таму и каде секој почеток е екстремно тежок, но тука зборуваме и за втора генерација иселеници.

    Еве да не биде дека зборувам напразно и звучам арогатно. Има ли некој македонски бренд создаден во странство од наши иселеници? Јас не знам за таков. Има ли некој македонски иселеник што дошол во Македонија и вложил 20 милиони евра во некоја инвестиција? Нема. Тоа доволно покажува за нашиот потенција и кога излегуваме од Македонија наводно да УСПЕЕМЕ надвор.

    Освен ако не го сметаме Горан Пандев за иселеник. Човекот со многу работа, труд, жртва направи добра кариера во Италија. Сите пари си ги вложи во својот клуб Академија Пандев. Создава фудбалери, ги продава низ светот и прави добри заработки. За жал, малку ликови се како Пандев. Се друго бара инстант пари, а да не работи и да го загрее газот. Не само да работи, туку да знае што работи и како да дојде до успех без разлика колку е немилосрден пазарот.

    Толку од мене за сега. Може да развиеме дискусија понатаму како и кај нас може да тргне на подобро. Не само да биде кукање.
     
    На Lemon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.376
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Ти друже нели живееш во странство? Имаш ли свој бизнис? Имаме ли чуено за твојот бренд и зошто не?
     
    На Angie1432, GirlLove, Spicy Senorita и 2 други им се допаѓа ова.