Нема, затоа што желбата за просперитет се убива уште во прво одделение, кога децата фаворизираат друго дете, и наставничките исто, само затоа што некој е дете на познати родители. Еве јас сакам да имам свој угостителски објект, ама јас наместо со угостителство ќе треба да се замарам со тенис, за да си играм со рекетарите што ќе ме саботираат. Ако некогаш направам солидна пара за да отварам бизнис, тоа ќе биде надвор од Балканов. Или ќе ги спичкам на шетање, барем тоа нрма кој да ми го украде или уништи.
Не знам...за Сивус си чул? Мислам повеќе усти има нарането Сивус отколку академија Пандев или ватевр. Тоа што ти не си чул, и мене не ми текнуваат други во моментов, не значи дека ги нема, значи само дека не се селебрити. И не знам каква врска има тоа со темата.
Живеам. За другото не би коментирал. Животот во странство е исто така многу тежок. Конкуренција многу поголема и многу поквалитетна. Ако одиш од Македонија со ментален склоп на работник и таму ќе останеш работник. Слободата и успехот бараат жртва и храброст. Колку и да звучи наивно и клише. Така е. Работа, жртва и мозок. Нема голема филозофија. Има голема врска. Зборуваме за младите и работата. Креативноста и борбата на младите. Не само во материјална смисла, туку во секаква. Каде сме споредено со другите. Што е добро кај другите, а што лошо кај нас и обратно. Работа не е само да си вработен некаде, туку и сам да создаваш работни места. Еве ти успешна приказна на еден Македонец. За жал многу малку ги имаме таквите. https://faktor.mk/silen-biznismen-s...koj-kje-gradi-vo-kavadarci-so-30-milioni-evra Чисто да видат луѓето за каков тип на објект станува збор. Еден од најубавите во Македонија. https://littleamerica.mk/
Креативен бизнис, нема што, мол и станови. Ќе му пренесеме на Лештар, да гледа и да учи. Сивус- основана пред 23 години, има дваесетина канцеларии во десетина земји, наводно 2300 вработени. Прогуглајте
И што дека има 30 милиони? Браво, ама тоа мене не ми предизвик. Ќе излажам ако речам дека не сакам да ги имам, ама не ми е предизвик, цел живот да рмбам во Америка за да направам имот/пари. Си имам друга замисла за мојот живот, и ако јас сум замислил да живеам како клошар, а сум среќен, тогаш имам посреќен живот од неговиот. Секој различно. А еве и овој, отишол пред 20 години, се поврзал, се мачел и успеал. Конкуренцијата на запад е поголема, ама шансите за успех горе-доле се еднакви кај сите. Затоа и се толку напред. А да беа кај нас Мајкрософт и Епл, едниот ќе му викаше рекетари на другиот да му исплати милиони, или ќе му ја демолираат централната зграда. Кај нас најлошото нешто што може да ти се деси е да имаш успешен бизнис на поштен начин. Одма ќе те исцицаат пијавиците на власт, без денар ќе останеш. Е ако се поврзеш со мафијата, тогаш е друго, дел од нив си, па немаш гајле. Затоа и на старт се откажуваат луѓе, затоа што немаат вистинска шанса. А родителите го пренесуваат тоа на децата, па тие на нивните деца. Затоа и се исклучоци. Ама и не треба само да ги земеме позитивните страни од Запад, и да се споредуваме. Само во Македонија се ствара тој комплекс дека мора да правиш нешто со животот, да си бизнисмен и инвеститор, како само тоа да е во животот. Па во Германија ти викам има повеќе просечни луѓе и непросперитетни, отколку во Македонија. Е сеа они имаат подобри системи за функционирање, па и се подобри во многу ствари.
Вака бунтовни и храбри да се биле постарите сега ќе е имало работнички права. Јас по токсични личности од постарите во фирмите немам видено, ако и кажеш оваа работа ми е како отскокна даска за да успеам во друго повеќе, одма ти се мрчат и те сметаат за арогантен и секако не се вклопуваш па следи одговарање, кодошење и ред др работи, секоја чест на исклучоците. А и шефовите ги сметаат како бог, сексизам ако стават на раководно место жена одма маабети од типот спиела со овој со оној а го забораваат фактот дека жените се пообразовани во денешно време..
Колешката си замина од работа, и наместо да следи покачување идните месеци, дадоа сега, без некоја најава. Ништо чудно сумата од нејзината плата и придонеси да ја распределиле на другите, а колешките ќе ги покријат нејзините работни обврски, па нема ни да се осети човек минус во тимот. Таа работа не нашла уште, а и да најде сега веднаш, до крајот на годината нема да исполни услов за К-15, кој е над 20.000 денари, минимално. Во многу случаи мислејќи дека младите се ценат, испаѓаат мутави.
А што ако најде работа која дури е многу подобра од претходната? Или да се пресели во странство? Можеби не била задоволна од работното место, трпење разни работи со сила заради К15 не е основано. Не се младите криви тука.
Плата секогаш пред 1-ви во месецот, придонеси, К-15, бонуси, компензација еднаш годишно со фирма со која соработуваме, службени патувања и честења во ресторани кои јас ги мразам. Самата бараше да оди на пат во една соседна земја, а не беше потребно, газдата и дозволи се, плати хотел, пат до таму, збор не кажа. Нека најде, не сум љубоморна. Само укажувам дека младите се многу разгалени и неодговорни. Во Македонија има со лопата да ги ринеш размазени деца кои пола работно време го дремат, пијат кафиња, прават бош муабети и се си мислат дека имаат некој невиден капацитет кој не бил соодветно вреднуван. Убаво си кажа ти, К-15 е 13.000, а во многу фирми и го враќаат кеш или потпишуваат изјави дека се откажуваат доброволно од него.
Во најголемиот број фирми што даваат над минимум К15, или се работи сабота неплатено = плус саати месечно што НЕ се во договор, или работите на повик ако има некоја фрка, болна колешка рецимо = односно слобода за планирање 0, или кратат одмор, слободни денови, прекувремено не се плаќа, службени патувања не се плаќаат (а мора, како работа во странство) плус хранарина за таму која е исто задолжително итн. Така да службеното патување не е бенефит, по закон се плаќа Да не сфатите лошо, само младите денес не веруваат на секој булшит исфилуван од менаџерите што по дифолт следува.
Нема повик, фрка, не е таква работата, а и тимот има доволен број работници. 21 ден во месецот се работни кај мене. Прекувремено нема работа. Моето работно време е 7 часа, не 8 во денот. Одморот е по закон, нема тука кратење. На службен пат се е платено. Ако имаш плус издатоци, ручек надвор, ќе си рефундираш со фискална, ама тоа не се случува, оти е платен хотелот и се си имаш таму. Службено патување е голем бенефит. Таму се среќаваат контакти, си запознаваш луѓе, се шеташ по хотели кои сам ама никогаш нема да ги платиш, оти немаш потреба. И да, сигурно ако сега некој ви рече дали сакате 3 дена со се платено да одите во Кападокија или Атина, вие ќе речете „не бе, дома ќе седам на Фб“. Како бе си наоѓате изговори, демек ако зема поголем К-15 од минималното, а тој сигурно работи по 15 часа 7 дена во неделата. Такви работохолици ако најдете во Македонија, пријавете за Гинис. Сите овие години сум била во контакт со над 500 колеги, сум работела со нив, дали 10 од нив се профи и луѓе на место, со култура, однесување, бон тон, и тие се од постарата генерација што ја снемува.
Јас не знам зошто толку се споредувате со други колеги на работа. Типичен балкански (затуцан) менталитет.
Па затоа што работат, даваат поголем к15 на сметка на други неплатени давачки, и демек еве ние даваме 7к плус ама затоа ништо не ти е платено од горенаведеното. Не зборам за твојата фирма, 90% од останатите се така. И не, службено не е бенефит зошто одиш таму да работиш, не ти е одмор. А ако одите и не правите ништо ондак сумљива фирма е И за мене не е доживљај да се акам 3 дена по конференции зошто на шефот така му се сака и мисли дека е бенефит.
Јас имам напуштено работа после 3 месеци каде имав службени патувања поради обука и кога на плата ќе ги додаеа дневниците за во странство, преку 80.000 денари ми доаѓаше месечно. И не фатив к15 кое тогаш беше 12.000 пошо само 3 месеци бев таму. Едноставно не се пронајдов во работата, најдов подобра работа во друга компанија и тоа е тоа. А во случај кога не се пронаоѓаш, подобро да си одиш sooner than later, зошто ич не е убаво да работиш во лоша средина или ако сфатиш дека не е таа работа за тебе. Не е се од размазеност, туку некоја работа не е match со амбициите, не стоиме добро со средината, лош менаџмент и тн. Не е за осудување ничија постапка, не гледам како во случајот спомнат погоре ве погодило тоа другите колеги, освен позитивно, нели покачување ви дале на останатите.
Да можам да направам pin на нечие мислење ова ќе го закачам на почетокот на темава сите да читаат дека од себе си патиме!!!
Немој те молам, не можеш раат еден отказ да си дадеш. Веднаш зошто-како... трач додатен, како да е нешто ептен необично.