Од мое искуство службените патувања се голем плус. Еве деновиве нели има протести во Белград, „Србија против насилство“ и таму говореше Французин кој со години живее и работи во Белград. На Тв го видов. Јас тој човек го знам. Сум го запознала на службен пат, сме зборувале. Го имам во пријатели, ако ми притреба некоја услуга можам да му се обратам оти се знаеме. Тоа не сум го сторила, тој ми бараше некои контакти овде поодамна. Друга работа, службените патувања се врзани со многу анегдоти кои ќе ги паметам цел живот, како на пример кога наши колеги, машко и женско сменија капути по грешка, тоест мажот облече сличен капут, не видел дека има цвет на страна, а ракавите малку куси или Македонци тераа Швајцарец да пие струмичка мастика, па кога проба, му се бендиса. Eдни колешки имаа случка со посета на музеј во Европа, каде лица излегуваат внатре и демек ги напаѓаат луѓето, посетителите, ама тие се испаничиле па избегале преку скали за пожар. Двапати влегуваа во музејот. Случки безброј, секакви луѓе, повеќето квалитетни, те инспирираат, учиш од нив, имаш контакти, и не знаеш кој за каде ќе ти отвори пат. Никој од тие луѓе не се жали, не вели дека многу работел, не вели дека му е тешко, ама ништо не им е тешко, се сакаат да знаат, полни со елан. Еве една колешка беше на конференција со Нобеловец, има слики со него. Па нели е чест да се сретнеш со некој Нобеловец? Колку луѓе од Македонија сретнале Нобеловец во животот?
Да Тања, сите се размазени и мрзливи, не сакаат бенефити, к-15, одмори по закон и службени патувања. Само ти работиш во државава, само ти знаеш каква е ситуацијата. Арно се рекло, сит на гладен не верува. Џабе амбицијата кога ти ја убиваат во старт.
Бараме работник во фирмата, ако најдеме ок, ако не најдеме, ќе се организираме. Е сега, дошле десетина кандидати на интервју кај препоставената. Жената беше запрепастена од нивниот арогантен и уценувачки однос. Нели прво им објаснува за работни обврски, смени и тие и одговарале во стил „добро, добро, знаеме за работата, си знаеме се, туку кажи колку пари давате?“. Женава вели „ооофф, леле, знае, абе знам дека не знае“ и прашувале „леле, вие толку ли многу работите, па секој ден ли таа и таа обврска ја имате“, па за јавуваат по телефон, се најавуваат ќе дојдат на интервју, па извисуваат не доаѓаат. Ова ви е ок? Ова е професионално? Ова е култура? Ова ли е нашиот работнички „крем“ што се жали за ниски плати? Друга работа е што препоставената ги знае кои си со име и презиме, каде и што работеле, ниту еден не е некој работник во несвест да паднеш, да те запрепасти со своето знаење, онака просек, оти такви останаа во државава. И крајно поубаво да не земат никој од тие, оти во старт се гледа дека не им се работи, туку се алчни за пари, на крај таквите триста дубари ќе прават и ќе реметат се живо на работа, ќе манипулираат итн.
Мислам....никој не иде (ок барем огромното мнозинство не иде) на работа чисто од љубов, туку идат за пари. Што е спорно тука? Непрофесионално делуваат, да. Ама исто така делуваат и фирмите. За работници што ќе запрепастат со своето знаење и у несвест да паднете, треба и таква плата да им дадете. Што сум сигурна дека не нудите толкава плата. Не се замараат пошто знаат ќе најдат и друга таква работа. Ама вас ви се потребни работници во моментов, вие треба да ги придобиете.
Нема што да ги вработуваш тие 10тина (затоа и си направил интервју нели?) А дека работите се сменија Да никој спрема никого почит нема. Секој сака газда да биде, секој сака да зима плата а најмалку да работи итн...
Убаво одговорено. Да не беа фирмите алчни по пари, немаше да бидат ни кандидатите за работа алчни. И обратно. Ако во фирма има опаднат промет, одма на удар за отпуштање работници без кои се може. Зошто? за да се одржи профитот од илјадници евра. Кога фирма има повеќе вработени отколку што стварно треба, може да си дозволи отпуштања. Ама кога има недостаток на вработени, треба да го одврзат ќесето. А не, ем фирмата да не даде висока плата, ем да има максимум профит, со помалце вработени. А и не е само до платата. Некоја фирма може и да даде 1000 евра плата, ама ако не се добри условите или работната атмосфера, никој нема да дојде.
@Tanjamm типичен муабет на работодавец.. Веќе видено, монотоно и без поента. Си глеате вие вашиот интерес само, нека ви работи, нека црнчи, шо има везе колку зима, шо, платата битна е? Како не. Сериозно ова? Да не смеат да прашаат отворено за висината на платата? Право си имаат на тоа, вие треба и во огласот да наведете колкава е платата и кои се обврските и задолженијата ама нее, све е скришно мора да е. Ги поддржувам скроз, уште одма треба да си знаат луѓето во што се впуштаат и да видат одговара - не одговара. Убаво ти кажаа, вас ви се потребни работници така да вие зависите од нив, не они од вас. Со среќа во потрагата по работници ама малце подразмислете и на ова и ти си била некад невработена и си отишла на интервју па сигурно не ти било сеедно да идеш, а појма да немаш што те чека.
Да дополнам, ако е толку тајна платата, тогаш нека кажат барем ценовен опсег од-до, може нема ни воопшто да се аплцира, и ќе се скрати губење на време. Пример ако гледам плата од 55.000 до 60.000, на прва ќе ми изгледа супер опција. Аха, таа е платата, ајде да видам кои се потребните квалификации, и работни обврски. Така ќе видам дали е супер зделка, или ми е мачење. Или пак може не сум квалификуван доволно за да ја исполнам работната задача. А познавајќи ги работодавците кај нас, сакаат во еден вработен да има 5 во 1. Да знае маркетинг, да ги знае сите да ги работи можни платформи за социјални медиуми (ако ви каже некој дека ги знае - лаже) Да знае дизајн Да ги знае сите алатки за дизајн, почнувајќи од канва, фотошоп, илустратор, индизајн. Па да знае и е-маил маркетинг, да знае и sales и по можност да знае малку HR. А и да има возачка, ако треба нешто да се носи или да се земе, да има која овца да ја пратиме. Кога ќе видите ваков оглас, ако не нудат над 1000 евра, не ни аплицирајте, затоа што некој ако ги исполнува сите овие критериуми, вреди минимум барем 3000 евра месечно.
Поглуп муабет неам слушнато. Ништо чудно претпоставената да ви прави филмови затоа што не им се прима нов за да скратат трошоци, па полека ве спрема дека ќе треба да преземете повеќе работа на ваш грб. Кутрата претпоставена. Вака шо и го читав муабетот жал ми падна. На крај краеви, вас ви треба вработен. На некој начин и треба да ве уценуваат кандидатите, бидејќи тие ви требаат вам. А и вие останатите вработени, наместо да ви е криво што некој си бара повеќе нешто од вас, треба и фала да викате затоа што можда покрај нив и вие ќе добиете некој бонус или плата и тн.
Абе какви 1000 евра, минимум 2000, на тие милион обврски што ги даваат кој будала нема да се цени? Може сакаат они за 500 евра да им работи ама баш ми е мило што си се ценат луѓето помладите посебно, а не да се задоволат со трошки. Умре тоа време, или нека си ги ценат работниците или нека пропаѓаат, нивен избор. Сакат газди да се, епа нека се покажат.
Прво не сум газда, и не е дека никој нема да им каже колку е платата, таман работа, туку работата е дека први скокаат во муабет и ја прекинуваат препоставената, не ги интересира работа, аауау, многу било, си знаеле се, не и дозволиле да објасни за смени, што, како, ама колку е платата. Ако најдеме добро, ако не, ние и сега тераме овака, па не сме умрени. За мене е тоа некултура, не е никакво ценење. Или па да се најавиш ќе дојдеш на интервју, а да те нема, поднеодоговорно здравје. Дури и подобро ако не примат такви, поарно. Таквите највеќе сплеткарат. Ааахах, ќе пропаѓаат, колку сте смешни со муабетите. Абе јас сум една од најодговорните во тимот, утре да си одам, газдата нема да пропадне, грешка сте. Финеси се во прашање, ама газдите не пропаѓаат така лесно. Не, не, препоставената не ни прави филмови, туку жената беше запрепастена, иако е фина, внимава како се изразува, туку муабетот беше „што не е ок тука, да не грешам нешто, ми упаѓаат во муабет, работа не ги интересира, кажи колку плата“. А знае дека тие работници тешко ќе се прилагодат. Поминаа секакви ееехх, за овие 7 и повеќе години, доаѓаа, се знаат на муабет, го пробуваш да работи, спори, поим немаат, шут карта. Не се будали газдите да даваат пари џабе. Веќе пишав, ако најдеме добро, ако не пак добро.
Се извинувам што не си газда, делуваше како да си. Да, точно има секакви и од едните и од другите. Абе види, на интервју што не се појавиле, да, може е непрофесионално и неодговорно ама крај краева тогаш они самите губат прилика, нивен проблем, може и си имаат некоја причина зошто не се појавиле нема што да се замарате у тој случај и онака има нели и други кандидати. Аха да, а другиве што се навидум посветени и добри и послушни работници цвеќе за мирисање се, не може да се нафатат да праат сплетки, они поштени се, со крстот на чело. Шо има везе тоа, ако некој решил далаваери да праи ќе праи, далавери може да праи и тој во кого најмалку веруваш дека е таков, тие не се издаваат така лесно како овие неозбилниве и мутавиве кои не се достојни за вашата фирма. Па да, ќе пропаѓаат, ако многу бараат, а малку даваат ќе пропаднат и тоа како. Кога тогаш ќе им дојде крајот ако се безобразни и многу се занесуваат, никој и ништо не е вечно. Супер што си најодговорна, го знаеме ние тоа, го покажуваш на дело многу добро и мило ми е што е така.
Ако не се лажам, а не е никаков хејт ама истава членка во друга тема имаше пишувано дека некој претпоставен им праќал работни обврски на фб група (и ги тролал понекогаш). Од сите апликации за менаџмент, ти фејсбук да го одбериш за комуникација меѓу вработени, абе не знам ама чудно е, делува неозбилно. Можи и затоа кандидатите или ги одбегнуваат или одат на интервју за вежба колку да видат како е. Така да, малце хипокритично е да ја фалиш истата фирма која во други теми ја критикуваш, ама јбг.
Во цел свет прво прашуваат платата, бенефиците, здравственото осигурување.. После одат на тоа дали сакаат да знаат воопшто за работното место. Крај. Нема веќе никој да работи без пари. Им дојде на ак на газдите она Еее ако не сакаш ти има 100 души кои чекаат. Епа ај сега најдете ги.
Не, тоа беше кога беа во странство, па го критикуваа еден колега за изнесени политички ставови по социјални мрежи, имаше употребено несоодветни зборови, па го опоменаа дека така може да залепи етикета на фирмата дека сме врзани со партии. Инаку, имаш културен начин да кажеш дека сакаш повисока плата или нешто друго, а не влегуваш од врата каде ти си гост и на домаќинот му велиш „добро, ај за работа доста, знам, колку пари давате?“. Пример, на состанок колешките испофалија еден колега од сосема друга фирма, дека е многу профи, дека има знаења, дека е ептен културен, коректен, и газдата вели да го земат, но одговорот беше дека човекот си е соодветно платен таму каде работи и тешко дека би се нафатил на промена, оти се му е погодено. Таков нема да не дојде на закажано интервју, нема да те прекине во зборување, посебно aко си постара од него, нема да зборува како уличар. За се има начин да се каже културно и фино. Но, таквите се ретки, „крем“ што би се рекло и тие не седат без работа, посебно не на ова време кога фалат работници.
Нема потреба од култура, туку практичност. Нема ништо спорно во тоа што си прашал човекот колкава е платата. На интервјуа знаат многу да гњават, па сакал веднаш да знае. Некогаш гњават по 2,3 интервјуа, кандидатот фин, културен ама од ејџ-ар знаат да бидат страшно дрски. Што финији, то јефтинији. Јас го поздравувам однесувањето. А за постот, не беше така, ама немам време да се бавам со цитати. Мислам дека треба да покажуваш малку компромис, а не да удираш веднаш на критики. Ова кон нови колеги, кои очигледно страшно ти сметаат.
Ама не се тоа никакви нови колеги. Тоа се само кандидати кои дошле на интервју или не дошле, зезнале. Јас нема да ги плаќам, си има газда. Погоре беше спомнато термин „треба да ве уценуваат“. Се уценуваат криминалци, со газди се преговара. Не дека ја уцениле сега претпоставената, малку нелагодност и створиле и тоа е тоа. Не дека некој со уличен речник ги зезнал газдите, па еве ги, утре ќе пропаднат. Јас не го поддржувам таквото однесување, посебно што има мал број квалитетни кадри, ама кај нив нема дрскост, нив адут им е богата биографија.