Омилена серија ми е. Да почне, одново би ја гледала. Омилени ми беа Марица и Пабло. Марица беше најхрабра, прва за глупости. Беше предводник на целиот клас. А Пабло ми беше најубав. И ми беше многу било кога ги гледав заедно. Имам касета од нивните песни и по цел ден ја слушав како помала. Ги имам и постерите од весникот време.
Мојата омилена серија заедно со Пријатели,ги обожавам!И уште којзнае колку пати би ги гледала и сигурно не би ми здосадиле. Школото како што рековте,се би дала да учам во него.Многу е убаво прво,собите ,па дружбата... Омилен лик ми беше Миа,мнооогу ми беше јака а,Марица не ја сакав кога се р'чкаа ама од кога се здружија и двете ги сакав подеднакво.Тогаш најмногу го сакав Мануел,многу ми беше убав а сега ако ме прашуваш секако дека ПАБЛО ми се свиѓа повеќе.А и имаше една така покрупна,мислам со Миа беше во соба многу ми беше слатка А како беше крајот,може некој да ми каже ?
Покрупната девојка, која ја делеше собата со Миа и Вики, беше Фели, или Фелиситас сеедно. Крајот, ако сакаш да се потсетиш еве ти го: http://www.youtube.com/watch?v=OEYMBEt7jUo Од десна страна ти се деловите од последната епизода, со броеви означени. Уживај!
Лелелле,кога беше....ахх Малечка бев јас 2во 3то. одд. А бе епизода немав пропуштено. Од школо трчав за да го фатам во 11 и после во 2 пак го прегледував , а попладне кога бевме само еднаш го гледав. Знам дека мама ја ангажирав да фати врски да ми чуваат весник в продавница За жал не чувам ништо од постерите,а сите ги имав. А цедината ги дадов некаде и не ми ги вратија. Ај нека ја даваат пак
Една од омилените серии епизода не пропуштав... многу убави им беа униформите, школото, собите, да ти е мерак во онакво училиште (интернат) да учиш Омилени ликови ми беа Миа и Мануел, и секако мајка и од Марица (Соња мислам се викаше), најјака ми беше во цел фим, шмизла невидена, фрик жена, тотално одкачена, премногу ми беше интересна да ја гледам..
^ Соња Реј Какви спомени ми пробудивте со темава. Епизода немав пропуштено. Моите само ми викаа зашо многу пари давав за списанија, албуми и цедиња. Имам 3 тетратки излепени со слики од Млади Бунтовници, цедињата не ги чувам за жал, а еден од постерите..тој кај што се сите во базен сликани..уште ми стои на вратата од собава Имаше сега брзо еден филм сличен на Млади Бунтовници, го емитуваа на некоја од хрватскиве програми..Rebeldes чинам се викаше, ама не беше ни блиску така добар како Млади Бунтовници. Им нема замена Пак би ги гледала кога би имала прилика. Мануел ми беше симпатија, Миа ја сметав за шмизла отепана ама сепак ми беше омилен лик од серијата, Марица ја сакав затоа што секогаш беше спремна да помогне секому, на Пабло му ги обожавав очите, Вико ми беше одвратна, а на Маркос и Лухан секогаш гледав со сожалување. Ех времиња :/
Јас не ги гледав. Не знам, не ми беа нешто интересни, тогаш бев 3-4то одделение и не ме интересираа многу многу. Инаку, на школо беа главна тема, сите и машки и женски за нив зборуваа и подобро се информирав за случувањата така отколку ако ги гледав...
мислам дека ретки се тие што не изразнале со ребелде уеј сум трчала од школо за дома да фатам да ги гледам најинтересна ми беше Марица,Соња Реј хаха,па и Миа на моменти,кога хистеришаше,али малце повеќе ми идеше на нерви уф, како би сакала пак да даваат,одма ќе баталам се,и ќе гледам http://www.youtube.com/watch?v=ENaLzsWLwiM http://www.youtube.com/watch?v=IAIcqO_C ... re=related
Ииии, кај ви текна бе за темава? Јас не знам ни во школо дали идев, ама ја гледав, знам братучедка ми сечеше од весник купони за ЦД. Закон беше серијава! Ликовите одлични, омилени би беа Мануел (срцка бе, каков беше ), и Миа, сонував како неа да бидам, богата, популарна... Исто и другиве си ги сакав: Пабло, Марица, Томас, Фели, Пилар, само онаа Сол ме нервираше. А мајка и на Марица мислам дека беше, Соња, дефинитвно најоткачена, знам по татко и на Миа трчаше, Франко мислам се викаше тој. Ама не знам како заврши, ако има некој доброволец да каже.
Серијата од мојата младост хахахах колку сме трчале од школо дома да ја гледаме се тепавме за весници кога даваа постери сликички и што уште не,сите цд-ња им ги имав дома.....напросто ја обожавав а и филмот е многу убав но и тажен е на крај
Омилени серија ми беше! Памтам го даваа во 11 на А1,јас во 10ипол бев нацртена пред телевизор ништо да не испуштам Сите ликови ги сакав посебно Марица,колку беше откачена и луда Кога излезе албумот парите за школо за сликички си ги давав Патем енџел зошто тажен крај,како заврши? ич не ми текнува.
Серијата ја обожавав,бев целосно внесена во неа.Уште ги чувам постерите,албуми,имам цела тетратка излепено со нивни сликички сечени од весници,списанија.Кога ќе ми текни кога почнаа да излагаат постери во весникот време од сабајле од седум во целиот студ го разбудував братми да ојме по трафики за да купам.Оти тогаш беа хит па до 9 сатот немаше ни еден весник кога ќе имаше постери во нив.Ех..кои денови беа тогаш.Не знам дали пропуштив епизода.Пак со братучедите ке прајме група и се тепавме која да бидит Миа која Марица па ке пејме низ дома демек концерти ова она...леле каква смеа ме фаќат сега кога ќе ми текни...хаххах
МЛАДИ БУНТОВНИЦИ!! ахх колку беше добра серијава.. најдобри ликови ми беа МИА и МАНУЕЛ.. многу си ги сакав и сеуште си ја сакам серијава и убави песни имаа посебно Сера Де Дјос..
Спојлер епа во филмот Миа боледуцва од нешто не ми текнува точно што беше и ќе умре на крај а нејзината ќерка ќе оди по нејзините стапки и ќе пее фактички целата приказна на филмот ја раскажува ќерката на Миа и Мануел
Не завршува тажно колку што паметам тажно е што нема продолженија,супер серија беше Спојлер еве го крајот.завршуваат заедно Миа и Мануел и Марица и Пабло,но ја завршуваат и последната година во тоа училиште и секој оди по свој пат,значи се разделуваат http://www.youtube.com/watch?v=rcaujnup ... re=related Инаку за оние што ги интересира приватниот живот на актерите,Миа и Мануел биле во врска додека се снимала серијата а и после тоа,неколку години,но по излегувањето на оваа снимка во јавноста раскинале као и сега она е омажена за познат канадски пејач http://www.youtube.com/watch?v=Io6f9nv3Qhk
Значи Миа умира во филмот кој е сниман за групата Erreway а не во серијата. Серијата има среќен крај. Филмот е само за Миа, Марица, Пабло и Мануел и се вика Erreway:4 caminos. Го има на торенти можете да го симните да го гледате и + и превод има мислам.
Ахх, преубава серија. Јас го собирав тој плакатот со сликички кои се паѓаа во Време. Омилен лик ми беше Миа.