1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млади Бунтовници (Rebelde Way)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Adi888, 6 октомври 2011.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    една од моите омилени серии
    омилени ликови ми беа Марица и Пабло(како пар си одговараат, и кога видов дека се во во врска, ми беше многу мило)
    Миа не ми се допагаше, шмизла невидена, а Мануел беше ок
    Мајката на Марица Соња реј беше :rock:
    ги имам нивните постери, сликички, и една папка
    ех, ми недостигаат, ај пак нека ја прикажуваат Млади Бунтовици
     
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Пабло ми беше симпатија :lol: да не речам заљубена бев во него :$ Ама мангуче си беше :D
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па незнам дали има некој што не ја гледал серијава. :) И јас ја гледав и ја обожавав, епизода не пропуштав. Сеуште чувам неколку постери и сликички.
    Омилени ликови ми беа Марица и Пабло, а Миа премногу ме нервираше, неможев да ја поднесам. :lol:
    Убаво би било кога пак би ја прикажувале серијава, навистина е одлична.
     
  4. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Можам слободно да ја прогласам за серија на векот! Пред некое време го гледав филмот и бев прерадосна, си се вратив во минатото. Филмот е убав и откачен исто како и серијата, но со многу повеќе емоции, јас се утепав од плачење и поради смртта на Миа и поради тоа што ова е последно од нив 4 заедно на млади години. И да се вратам на серијата, омилен женски лик ми беше Марица и се восхитував колку е откачена и храбра, а од машките Мануел ми беше симпатичен. Иначе cd-ата и постерите ги имам уште, а имав и малечки слики и си ги носев во паричник,бидејќи имам сега помал новчаник ги извадив иначе уште ќе си ги носев :rofl:
    Остај тоа сто ги сакав многу па си замислував дека ќе дошле во Македонија, па кај мене дома абе дете,филомви еден куп :$
    P.S. и јас сакам да учам во Elite way school
    Ова ми е нивната омилена слика
    [​IMG]
     
  5. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    1.580
    http://www.youtube.com/watch?v=5LSPt8oNFfw колку само плачев на последнава епизода (посебно делот со Миа и Мануел, ахх).

    Да, и јас како сите, ја гледав серијава, ниту една епизода немам пропуштено, некои и на памет им ги знам од толку гледања. Ама интересната приказна беше кога ја емитуваа, тогаш немав интернет, мислев за последен пат ги гледам ликовите, плачев ли плачев на последната епизода. Го собрав цел албум, го имам календарот, имам слики испринтани, имам слики како оние што беа детска пошта од нив, имам цд од нив, само блуза немам и многу ми е криво што немам. Понекогаш (еднаш месечно барем) си ги слушам песните од нив, кога бевме на летен распуст сите епизоди од ново ги гледав, тотално сум полудена по серијава. Омилени ми беа Марица и Мануел, а сега сте четворица ми се, сега Миа ми е некако мила иако е размазена, тогаш ја мразев, Пабло ми е симпатичен, а тогаш исто го мразев бидејќи беше татин син. Ах, памтам кога игравме Млади Бунтовници на одмор јас секогаш бев Марица, па кога правевме концерти и пеевме бев Марица или Мануел и пеевме со микрофони (парфеми и чешели де). Сакам да се врати времето или пак да ги даваат, не е исто чуството кога со нетрпение чекаш да дојде пример 3 саатот и да ги гледаш со полуотворена уста, со чуството кога седиш и ти текнува ајде ќе гледам и толку, никаква реакција. За песните не се збори, сите ги знаев на памет, дури и сега ги знам. Летово исто го гледав филмот, интересен е, но не се мери со серијата.
    Ги сакам бе, го сакам времето кога ги гледав, сакам да се врати :doh: . Никогаш нема да ја заборавам серијава и ликовите. :inlove: :inlove:
     
  6. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Не пропуштав епизода од серијава и ми беше една од најомилените (баш оти во тие години бев :) ), би било убаво да ја даваат пак да се потсетиме :)
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  8. lady-red-riding-hood

    lady-red-riding-hood Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    30
    Лелеее 100 пати ја имам гледано серијава и никако да ми се здосади :D
     
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Серијава ме потсетува на детството.
    Како вчера да беше кога им се радував на постерите што беа во делови.
    Имав и едно цеде со тие нивните песни и по цели денови си ги пеев песните. :$
    Омилен ми беше Мануел, многу беше убав и јак фраер. 8)
    Миа или друг збор шмизла, не ја сакав многу, ама баш беа добар пар со Мануел.

    Песнава никогаш нема да ја заборавам. :angel:

    http://www.youtube.com/watch?v=IAIcqO_C ... r_embedded
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мојата најомилена серија кога бев дете.
    Каква еуфорија беше тоа пред да почне првата епизода. Последен час физичко, таму четврто одделение, трето, не знам и сите трк дома, да не се испуштат првите минути.
    Па постерите на Време, леле леле.

    Филмот ме потресе, ептен. Глуп, во секој случај. :D
     
  11. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Серијава ми остана омилена, нешто најдобро од Крис Морена !
    Инаку омилени ми беа Миа и Мануел !
    Мислам дека Миа ја сакав поради нејзината соба XD
    А Ману ми беше преубав !
     
  12. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Најубава и најомилена серија ми беше. <3
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Првата серија која ја имав цела гледано :)
    Иако бев помала и многу многу не се сеќавам ама со сигурност знам дека Мануел ми беше симпатија :$
    И баш би сакала да ја гледам пак.
    А да се сеќавам и на неколку песни од нив :D
     
  14. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Не се сеќавам што се случуваше,ама знам дека ја гледав.Омилена ми беше Марица,а Миа многу ме нервираше.Имам нешто гледано и од мексиканската верзија,и таа ми се свиѓа повеќе иако се е истото
     
  15. Kasandra123

    Kasandra123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    22
    Да не знае некој страна кај што може да се најдат епизодите ? :)
     
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Аууу серијаваа ја обожавам...
    Се сеќавам бевме осмо одделение,собиравме сликички...
    дури купував облека како нивната и ги имитирав :lol: косата ја шишав како Марица паметам...ах времиња беа тоа убави. :)
     
  17. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/user/rebeldechannel

    Овде ги поставуваат редовно, целосни епизодите! ;)

    Дефинитивно е една од најубавите тинејџерски серии што оделе на нашите телевизии!
    Нема лик кој што би го издвоила како омилен, бидејќи сите си ги сакам и ми се драги. Ама дефинитивно омилен пар ми беа Пабло и Марица, имаа навистина интересна приказна заедно :lol:
    Би било одлично ако на некоја од телевизииве им текне да ја репризираат!
    [​IMG]
     
  18. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    :D Аааххх стари добри времиња, што убаво ме потсетивте. Серија за сите времиња. Интересна си беше, ја гледаа и млади и стари, од 7 до 77... Нема да е лошо пак да ја даваат на некоја телевизија, ем ќе се потсетиме ем ќе смениме малку од ова турсково. :lol: Ликовите кој од кој поинтересен. И многу добро глумеа. Само Лухан и Луна многу ми се ружни. Секогаш ми биле одбивни за гледање. :worried:
     
  19. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Знае ли некој каде можам да ги гледам сите епизоди од серијава? :lol:
     
  20. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Навистина интересна серија не знам кое одд бев тогаш ама знам кога бев прва смена некогаш и порано си доагав дома за да ја гледам репризата :) Пабло и Марица ми беа омилени откачени ликови