22 години поминале , сите сме остареле хаха. Иначе сите деца и тинејџери бевме опседнати со нив и по родендени ги пеевме. Ме потсетија баш на убави времиња. Штета што намалку талентираната Лусијана ја распадна групата во најголемата популарност. Се сеќавам правеа стадионски концерти, толку беа познати. И за разлика од мексичката верзија кои не ги ни знам ама нели во латино светот беа популарни, Еревеј освен во Ј. Америка беа мега познати и во Европа и Азија. Се надевам дека ќе имаат мега успешна турнеја.
Турот е поради 20 години од серијата,на главниот концерт кои ќе биде во Аргентина најавени се сите глумци од серијата,на тој настап ќе биде и Миа. Од Европа ќе пеат во Мадрид, Барселона и Наполи сигурно, се спомнува и Грција ама сеуште е под знак прашалник ако е во Грција вреди да се иде.Европската турнеа е во месец јуни.
Јао боужеее, каков времеплов. Јас на мои 10 години ѝ викам на продавачката у трафиката пред зграда, да ми чува весник ,,Време" пошто се собираа делови од голем постер. Колку ја умирав женичката. Овој албум го имам, исто одеше со весникот.
На инстаграм гледам доста кратка турнејава, очекував повеќе со оглед на тоа што беа мега популарни и во Европа, Азија и Америка. Слаба организација на менаџментот, само неколку концерти низ Ј.Америка и 3 во Европа (последниот е крај на јули, така да можно да има уште некоја дата во јули). Мислам сите деца бевме опседнати со нив па се сеќавам колку беа актуелни и сигурно би имало интерес и во Уса, Русија, Израел, Филипини и многу други места. Уствари зошто на балканов не доаѓаат кога би имало интерес во доста земји.
Леле спомени Која радост беше тоа со постерот, исто од сабајле прва пред трафика да не го пропуштам, па мислам и некои купони се собираа во весник за албумите. Па со друштво групно гледање епизода после часови, си ја снимавме Бонита на двд па вежбавме кореографија, времиња
Во една продавница во маало се продаваа и тетратки со ликовите од серијата. А за весникот.... И кажував на продавачката за утре да чува еден Имам и исечоци од весникот
Бонита, бонииитааа, бонита де мас... Мене овие две ми беа омилени: Исто, секој ден пред трафика. Ми чуваа весник пошто тоа беше навала. Помнам дека сабајле во 11 прво даваа епизода, обично таа ја гледав кога бев втора смена, а потоа во 15:00 реприза (кога бев прва оваа ја гледав после школо).
Гвидо Ласен ми беше најинтересен лик. И таа професорката по историја. Мајка и на Марица ми беше интересна кога викаше Кулочи (за татко и на Миа)
И мене тие две од погоре и оваа Јас ја обожавав Марица, а Мануел ми беше симпатија, го побарав сега, уште добро се држи
Леле, ме потсетивте на детството Многу ги сакав, омилена ми беше Марица, пресреќна бев ко купив наочари со жолто стакло ко нејзините. Имав и такви широки пантолони ко таа што носеше, па се осеќав као да сум ја таа. Цело друштво имавме по еден омилен лик. Сите албуми, сликички, постери, цедиња ги имам. Аах, златни времиња. А зашто воопшто се распаднаа као група?
Зошто Лусијана стана ептен популарна и добиваше индивидуални понуди за улоги па и удри славата во глава и ги напушти. Како тројка мислам кратко останаа само за некоја закажана турнеја во Шпанија. Иначе ме потсети која борба беше за постери и цедиња, како алва одеа весниците кај што ги даваа мислам Време беше, па со кола некогаш со татко ми баравме по раскрсниците кај што продаваа весници. Штета што е толку кратка турнејава ќе беше убаво да дојдеа наваму со каква носталгија би одела, уште ги памтам песните.