Што мислите за оваа серија? Мене лично ми е добра, онака кога имаш слободно време да го пуштиш мозокот на пасење . На Емили Осмент и прилегаат добро вакви улоги. Досега има излезено 3 епизоди.
На почетокот бев некако мех за серијата. Глумата ми изгледаше присилена и претерана на прв поглед, кастингот така-така и мнооогу ме потсети на 2 Broke Girls. Но, за тепање време е добра серијава. ќе ја гледам, таман ќе си го исполнам времето летово.
Ги изгледав 4те епизоди во еден здив.Бајаги ме насмеа Ми го задржа вниманието,со сигурност ќе ја следам и понатаму
Kaде можам да ја изгледам 4таа епизода? Стигнав до третата Женски на колку време излегва нова епизода? Инаку интересна серија,има даста комични елементи .Како на пример во 1вата епизода.Чекај уште да го видиш десертот и.....Баб во кревет Ме пукна од смеа
^^ Јас најмногу за то се смеев Ама најјако ми беше кинезите ко дојдоја на гости, ко му рече чекајте уште десертот си реков сите ќе ги исполегни Емили невероватни комбинаци носи. Со сигурност продолжувам да ја гледам
Бев скептик дали да ја почнам серијава, пуштив прва епизода и веднаш ги симнав и другите 5 и ги изгледав во ист ден Лајт серииче, буквално да ми го одмори мозокот.И јас ќе продолжам да си ја гледам.
Значи колку очигледни искри има помеѓу Емили и Џош свесни не се Вереницата на Џош ми е одвратна . Прејака ми е серијата, ептен се смеам