Постои верување дека ако младоженецот ја види невестата во венчаницата пред свадбата , носи несреќа . Една роднина ја фати паника кога ја виде зетот во венчаницата и трком купи нова ! Јас лично толку многу и не се замарам за ова , бидејќи мислам дека е бабина деветина . Колку вие верувате во тоа ?
Јас со мм сум во брак една година. Лани се регистриравме и решивме сега на 5 октомври свадба да правиме. Е сега, кога си ја зедов венчаницата прво што ме виде беше мм. Не сум суеверна за тоа дека не треба да ја гледа младоженецот венчаницата. Еве јас пример, каде требаше да ја однесам венчаницата? Кога немам каде да ја однесам освен дома кај мм каде што живеам. И нормално мм ја виде и маж како маж ахам да убава си добра ти е ајде чао и не замарај а јас демек види ја добра ми е убаво ми стои... го напнав човекот. Така што, не сум суеверна кога станува збор за тоа дека младоженецот не треба да ја види венчаницата, тоа останало од порано бабини деветини. Што знам, може има некој што си верува се уште во тоа секој индивидуално.
Секако дека кај нас постои уште тоа суеверие дека мажот не треба да ја види жената во венчаница пред свадбата. А што е со оние кои одат да ја одберат својата венчаница заедно со него т.е. битно му е тој да ја бендиса, неговото мислење. На емисијата Say yes to the dress 80% од невестите одат да ја купат венчаницата заедно со вереникот на никому ништо. И мене мм ме виде во венчаницата пред свадбата пошо јас си ја шиев мојата и на проба бев со него. Имаше коментар од типот демек Не требаше со него да одиш, тој не смее да ја види венчаницата па камоли тебе во неа итн. Секако не обрнав многу внимание на тоа ниту пак лоша мисла ми прелета низ глава, но има некој си се придржуваат до тоа непишано правило.
Тоа верување мислам дека повеќе е „увезено“ од американскиве филмови и искрено не верувам во него. Уште не сум почнала да гледам венчаници ама кога ќе почнам со мм сигурно нема да идам зашто машко ко машко сигурно ќе се напнеме, ама сигурно кога ќе се решам за модел ќе ја види, сепак е и негова свадба и ми значи неговото мислење. А ако не дај Боже утре бракот не функционира сигурно нема да биде зашто ме видел во венчаница.
Се согласувам со Bo86. Се нешто преземаме од американските и од латиноамериканските серии. Не ми игра никаква улога дали ќе ме види во венчаница или нема. Сигурно дека ако бракот не функционира, тоа нема да е заради тоа што ме видел во венчаница.
И јас не верувам во ова! Ама најискрено кога ќе бидам невеста несакам да ме види идниот ми маж пред свадбата затоа што сакам да ме види на денот, сакам да биде изненадување
Нормално дека ме виде, отидов со него на последната проба, да ми каже мислење, да не треба да се менува нешто.
Не знам дали суеверието е поврзано со тоа дали младоженецот ќе ја види венчаницата, или невестата во венчаница. Бидејќи според македонскиот обичај, венчаницата ја купува младоженецот, т.е. неговото семејство, очекувано е тие да ја видат пред свадбата. Јас со мојот бев на проба. Мислам, како да не ме види, мора да знае што зима
Уште малку и ќе видам тема : Нешто старо, нешто ново, нешто позајмено, нешто сино и паричка во кондура Спојлер Something old, something new, something borrowed, something blue, and a silver sixpence in her shoe. Е па штом вака увезуваме американски обичаи, одвај чекам кога gift registry ќе стане пракса кај нас. Збогум на дупли сервиси и 16 пегли и тостери
Ние заедно ја биравме венчаницата. После 1345986 слики од венчаници, за 398567 имаше коментар - „а оваа нели е најубава“, изборот падна на два модела од кои си направивме комбинација и додадовме прерамки на корсетот (јаден тој што се морал да трпи ). Заедно бевме на проба и заедно ја земавме, така да не остана простор за суеверието дали треба или не треба да ме види во венчаница. Па и јас него го видов во оделото (заедно го биравме )
Да си правиш список кој - што донесол. Мислам дека е тоа. Иначе знам порано било пракса и го правеле по свадби како најнормална работа.
Gift registry е кога младоженците прават список од подароците кои сакат да им бидат купени за свадбата, пример прават договор со Нептун и има регистер, подароците почнуваат од пример 500 денари па нагоре и секој купува според своите можности.
Порано венчаницата младоженецот ја носел кај невестата кога одел по неа. Дури и немажена девојка од страна на младоженецот играла оро со неа, а потоа и се предавала на невестата. Најверојатно од таму и потекнува она со купување на невестата и бутање на врата за да има невестата време да се пресоблече. Јас би отишла со него по венчаница и око нема да ми трепне. Ако останам со сегашниов немам подобар криричар од него, па ќе ми значи неговото мислење.
Тоа дека младоженецот не треба да ја види венчаницата на невестата пред свадбата, е голема глупост. Маж ми беше со мене кога го купував фустанот (не носев венчаница). Кога девер ми правеше свадба, беше со јатрва ми за да ја земат венчаницата.
И јас не би дозволила да ја види венчаницата пред свадбата а ниту Тој сака.. ќе си се држиме до тоа.. кога ќе дојди време
Јас не би се замарала многу со тоа дали ќе ме види или нема да ме види, кога ќе дојде време ќе си биде прашање на договор. Ако тој сака можеме и заедно да ја бираме, ако не му е многу важно тоа нека си остане изненадување. Најважен е компромисот за мене, договор куќа гради.