1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Младоженецот и венчаницата

Дискусија во 'Свадба' започната од black-angel, 5 ноември 2013.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Ако него го прашувам, во минич да се мажам најдобро ќе биде, убави нозе сум имала срамота да ги кријам... Се што е долго за него не може да биде убаво, и буквално му е сеедно. Си имам јас една омилена венчаница во Жана, еднаш беше во излогот и на поминување му ја покажав. Неговата реакција беше - па што знам... :?:
    Знам дека воопшто нема да ми се радува во венчаницата за да го изненадувам на денот на свадбата, ама исто така и нема да го влечкам со мене кога ќе се купува/шие фустанот зошто апсолутно никакво корисно мислење (ни позитивно ни негативно) нема да има. Само може да го нервирам по дуќани. :D

    Ако се прашувам јас, на фејсбук ќе си го постирам фустанот за да се пофалам. Ама мајка ми фустанот за матура ми го криеше 4 месеца за да не го покажам на некој, а не па венчаницата. Нема да ми даде на никој да го покажам. Така да он се спасил од малтретирања во врска со тоа. ;)
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не верувам во такви суевериа, несреќен брак ако ме виде пред свадбата во венчаницата.
    Меѓутоа тој ми е посебен момент, момент кога ќе те види во сосема друго издание од обично, мислам кога сме облекле бел широк фустан со вел ? :) Никогаш.
    Сакам да ме види кога ќе дојдат по мене, да биде изненадување.
    Знам јас како сум се чувствувала кога ќе видев братучетка или друга блиска личност кога се мажила и намерно не сум сакала да го видам фустанот пред тоа на неа. Ваква ми била секогаш фацата :o Преубава ми била, не можам да опишам. А камоли да те види саканиот кога изгледаш најубаво тогаш, како принцеза. :inlove: Обожавам такви изненадувања кога се работи за промена на изглед, облека итн и оп излегува пред тебе. Позитивни секако. :D
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.151
    Допаѓања:
    46.869
    Пол:
    Женски
    Не верувам во тоа , еве татко ми и мајка ми заедно ја купувале венчаницата па што им фали :D ама сепак со мајка ми и другарка ја купував а он не ја виде ниту кога ја зедов не му ја покажав :$ сакам дента да ме види, да се изненади :wasntme:
     
  4. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    мажми не ми ја виде венчаницата не ради суеверие или нешто друго туку така се погоди јас одев сама на проба и сама си ја земав па немаше можност да ја види, но сигурна сум дека ако ја видеше претходно немаше да реагира како што изреагира на денот на свадбата кога ме виде во венчаницата со вел на глава дотерана облечена во бело само за него, го имаше најубавиот израз на лицето и солзи во неговите прекрасни очи од кои бликаше голема љубов, тој момент тој поглед тие насолзени прекрасни очи ќе ги паметам додека сум жива
     
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Јас кога ќе бидам невеста, не сакам да ме види во венчаница, ниту пак венчаницата да ја види. не заради тие суевериа, носело несреќа, и разни ствари - бла бла блааа... Сакам да ме види првпат на денот на свадбата и стварно да биде изненаден :inlove: :inlove: :inlove: Така е најубаво! :* :inlove: :inlove: Всушност не смее никој да ја види венчаницата освен мајками, за сите да биде изненадување :lol:
    [​IMG]
     
  6. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Јас сама си го избрав и купив фустанот, секако со Амин од мајка ми и тетка ми, бидејќи ми значи нивното мислење. Е сеа да не бидам погрешно сфатена, ми значи мислењето и на идново мое маже, ама сепак сакам прв пат да ме види на денот на свадбата...Таква скоцкана, средена...
    Од негова страна не очекувам реакција како погоре на сликата (со солзи во очи), ама искрено се надевам дека ќе биде позитивно изненаден 8) Тоа по погледот се забележува...
    Во суеверија не верувам!!!
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Искрено, на пробање на венчаница се носи некој со критичко око, што ќе може да ги најде мааните, а не емотивец :) Мажите ретко кога се добри критичари, а уште помалку имаат желба да се замараат со детали, така што и најдобро е за нив да се остави да го видат "готовиот производ", како и што е редот :)
    А баш дека реакцијата како на сликата е вообичаена, многу тешко :D
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    Јас ке ја купам и секако ке ја види, оти заедно живееме. Може ке бидам баксуз, па во Америка нема да ми оди бракот.
    Дечко ми си паќа во несвесст од мене на дневна основа, оти секој ден имам по некоја нова глупост, а венчаницата ке му биде како - види нов фустан - а он - глеј да не го скинеш.

    Страшно се американизиравме со филмовиве и почнавме филмови да живееме.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Јас не верував во овие суевериа.
    Пред некој ден илегов си пробував чисто да видам кој модел најмногу ми прилега пробав неколку и сите му ги покажав на вереникот.
    И двацата имаме исто мислење тоа ми се допаѓа бидејки знам дека таа што ке ја изберам сигорно ке му се допадне. Е сега кога ке ја земам таа што ја сакам можеби баш таа нема да ја види но знае од прилика што ке земам.
    ова се само глупости според мене, мислам ддека ова е увезено од амерички филмови но далеку сме ние од америка :lol:
     
  10. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Истото би го сакала,иако има време за мене :rofl:

     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас би му дозволила да ја види, дури ако сака нека дојде со мене да бираме. Но проблемот е што тој не сака, вика нема шанси да ја видам пред свадба, сама ќе си ја бираш. :D Му викам добро ама ако одберам некоја што не ти прави ќеиф не се буни после, или кажувај со време кој стил ти се допаѓаат тебе па може ќе се поклопиме. :rofl: Среќа моја нема ништо против големите корпи, иако не сака ни ништо претерано, но тоа е мојот животен сон па, кој го прашува... Тој ме бира мене, не венчаницата. :rofl:
     
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.072
    Допаѓања:
    17.213
    Пол:
    Женски
    Мојот најсакан никако несака да ја види дури ни на слика, рече ќе чекам сакам на денот да те видам во венчаницата, да се изненадам да подзинам. и така и ќе биде. се чека денот сега за да ме види прв пат во венчаница :inlove:
     
    На buba4e89 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Јас не би ја покажала, ќе ме види на денот на венчавката. Не заради суеверија и такви работи, едноставно сакам да биде изненадување. :D
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.914
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    Мене фотосесијата ми беше неколку дена пред свадбата, па мм не мижи на сликите :rofl:
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    А што ако младоженецот ја види венчаницата пред свадбата? Демек тоа значи дека бракот ќе пропадне? :?:
     
  16. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    епа така не научија шпанските серии јбг :angel:
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Во ред е ако невестата сака венчаницата да биде изненадување на денот на свадбата. Ама тоа дека ако се види пред свадбата значи лош брак, за мене е претеризам. Застарена традиција.
     
    На cresa-jagoda, mariz и Sesil им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.704
    Допаѓања:
    72.598
    Пол:
    Женски
    Јас шиев венчаница и одев секој пат со мм на проба, па дури и последниот пат кога беше готова... :)
     
    На cresa-jagoda и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Не е застарена традиција, наметнато е од филмовите, никогаш не е било традиција кај нас момчето да ја нема видено венчаницата. Дури во некои краеви кај нас, дента пред свадба се прави погача па од кај момчето со се погача и ја носат венчаницата на невестата да ја облече. Па од кај невестата му враќаат погача и одело. Месачките на погачата од двете страни ја облекуваат венчаницата, таа треба да е 3та што ја облекува. Не е традиција наша во никој случај. Туку уште на времето Касандра се криеше од Луи Давид :rofl:
     
    На Rebecca_R, cresa-jagoda, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив заедно со мм. Поточно, носев свечен фустан. И ништо не ми фали.
     
    На cresa-jagoda и mariz им се допаѓа ова.