Форумџика на годината

Млеко за коса

Дискусија во 'Коса' започната од Dream-Girl, 13 декември 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Од пред неколку месеци почнав да користам млеко за коса и многу ми се допадна производот, навистина дава убава хидратација и изглед на косата.
    Но, многу малку информации најдов на интернет за млека за коса, па ја отварам темава со цел да споделуваме искуства за ваков тип производи.
    Дали сте користеле млеко за коса, ако да кое и ваши искуства со производот?

    Јас моментално го користам ова млеко за коса. Не ја масти косата, многу брзо се впива во косата, дава хидратација и свежина на косата, а има и прекрасен мирис кој го чувствувам и после ден-два откако ќе го нанесам.
    [​IMG]

    Сега ми е речиси при крај ова млеко за коса, па се мислам дали да го пробам ова или некое друго, ако имате вие некоја препорака кое ви се допаднало.
    [​IMG]
     
    На Ljubova, day, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.531
    Допаѓања:
    106.089
    Пол:
    Женски
    Јас го имам користено тоа со мангото многу ми се допаѓаше :) ја омекнува косата и многу убаво мириса. Друг производ сличен немам до сега користено :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    И двете ги имам дома и ги користам редовно. Убаво мирисаат и не ја мастат косата премногу. Ми заменуваат регенератор уствари. И подобри се од регенератор.
    Бидејќи имам многу сува коса ова ми е за редовна употреба (регенератори веќе не користам, слаби ми се). Инаку за дополнителна нега ставам од време на време и масла (бадемово на пр.) и маски за коса.
     
    На Ljubova, koritsaki и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  4. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Го користам ова на лореал и сум премногу задоволна, прекрасно мириса косата ја прави ептен мека и не ја мрси воопшто, инаку јас имам сува. Од дм го земам , многу често е на акција и топло ви го препорачувам .:l:
    Наредно искрено сакав да пробам некое на балеа, гледам погоре дека сте задоволни па ќе пробам едно од нив:sun:
     
    На Dream-Girl и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Истово го нарачав чекам да ми стигне деновиве па добро ми дојде рецензијава :D
    Кажи ми како се користи?
     
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не сум користела вакво нешто досега, ама како што гледам од сликите е погодно за сува коса. Мојата е баш таква.
    Ме интересира колку често се користи, дали на секое миење, дали на сува или на мокра коса?

    п.с. Штом има со мирис на кокос, сигурно избрав веќе кое ќе го купувам:inlove:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    На мокра коса се нанесува и не се плакне. Ми беше страв баш заради тоа што не се одмива, да не ми е после претерано мрсна косата ама веднаш се впива и не ја масти, само ја омекнува. Колку посува косата толку побрзо го впива изгледа. Не е јако, мене дури и не ми е доволно и повеќе од ова ми бара косата, посебно на зима. Мене лично тоа на манго ми мириса поубаво, свеж мирис има.
    Го користам преку едно миење, а измеѓу тие две ставам маска за коса. Ама реално, колку ми е сува косата периодов, се мислам, може нема да има штета да ставам и маска за коса и да ја исплакнам, па да ставам после од млекото.
     
    На Dream-Girl и prominent им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Бидејќи јас ја мијам косата секој ден, претпоставувам дека нема да морам секој ден да ставам. Ќе ги менувам со регенераторот, наизменично на едно миење.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Да, најдобро така штом користиш повеќе препарати и штом често ја миеш. Јас на 2-3 дена ја мијам зимно време, значи еднаш неделно ми доаѓа да го користам... А баш ќе пробам и маска за коса и млеко, да видам дали ќе е премногу или не. Периодов ја запоставив косата, многу и земам (ја фарбам, ја горам со фен, на студ ја изложувам), а малку и давам, т.е. не ја прихранувам редовно :D. И природно ми е сува косата ама и без нега доволно уште полошо.
     
    На Dream-Girl и prominent им се допаѓа ова.
  10. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Фала ти за советите.
    Главниот мој проблем со косата е тоа што ми се плетка многу, пишував и во друга тема за ова.
    А здрава ми е многу, и густа, и не ми се мрси и ако ја оставам 3-4 дена да не ја измијам. Но не ја оставам баш затоа што ќе се заплетка многу.
    Се надевам дека млеково ќе помогне и за расчешлување.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Пренежно и преубаво мириса ова со кокосот да знаеш, прекраснотии е, штом сакаш кокос мислам ќе ти се свиѓа. :inlove:

    Јас ја мијам 2-3 пати неделно, секогаш нанесувам од млекото за коса, регенератор моментално не употребувам.
    На полувлажна коса нанесувам (само не ставам на коренот пошо и онака ми се мрси косата, па не ризикувам :D), а на останатиот дел да и косата ми е преубава, мазна, лесно се чешла. :inlove:
    Пишува дека има и заштита од топлина на фенот производот, па и тоа е плус. :inlove:
     
    На buba4e89, diskreten32, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Аха, епа би требало, посебно ако ја исчешлаш додека не е впиено. Јас се некако на брзинка шлапам тоа, се брзам, не оставам да постои маската, се немам време. А ќерка ми гледам и кога става регенератор обавезно ја чешла со регенераторот и тоа со ситен, обичен чешал ја проаѓа и ја остава малку да постои па после ја плакне. Така после сушење и е екстра мазна, права и сјајна косата. Јас исто имам густа коса многу јас да земам со чешле да ја чешлам, ќе го скршам :D Ама има ефект и тоа чешлањето, помазна е косата и клизи низ неа четката.:nod:
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl и prominent им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Јас на чешелот ставам од млекото и го расчешлувам низ косата така. Многу полесно се чешла косата така. Потоа плус на краевите дополнително ставам млеко со рацете, затоа што на тој дел најсува ми е. Не ја чешлам пред да ставам млеко за коса, туку истовремено го правам тоа.
    Сум забележала со млекото за коса многу полесно ми се чешла кога ми е мокра косата, отколку ако ја исчешлам прво, па потоа нанесам од млекото.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Ќе го пробам овој начин, обавезно. Фала. :f:
    Инаку се согласувам со се што пиша претходно. И јас ги избегнувам корените, тоа по некое општо правило, а повеќе ставам на врвовите. И да, штити од топлина, сакав да додадам, ама пиша веќе. А тоа е голем плус, зашто стално ја фенирам косата. Посебните продукти за таа намена во случајов не се потребни. И така се прескапи и само го оптоваруваат буџетот.
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно, се согласувам. Ептен ми е откритие на годинава производов, а и забележувам разлика откако го вметнав во рутината за нега на косата, многу посјајна и похидрирана ми делува косата. Дури и од маските за коса повеќе ми се допаѓа, некако подобро ми делува на косата бар лично мене. И кога не користам маска за коса некогаш, а користам од млекото, не приметувам разлика дека ми фали маска за коса на пример, ја имам истата сјајност и мекост на косата.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Дали се овие млека и за коса што се мрси брзо или не се препорачливи?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Еве јас со коса што се мрси за еден ден сум и не ми влијаат воопшто на тоа да ми се мрси косата повеќе, исто и како порано ми е се... Немаат мрсна структура некако, косата веднаш го впива производот, не е таков да ја мрси според мене.

    Ќе ставаш само на врвовите, на коренот не и не би требало да имаш проблем, но секако најдобро сама да пробаш кај тебе, да видиш како би ти било, сепак ти си ја знаеш најдобро косата. :)
     
    На GirlRose и teressa им се допаѓа ова.
  18. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    Јас ставам на водена веќе чешлана коса, прво ја цедам и ја чешлам да не е ептен жива вода , ставам од средина па надолу, во коренот не ставам. Ја виткам во крпа и седам така некое време и после ја фенирам. :D
     
    На kanella и teressa им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Од млека за коса овие ми се најдобри (y):inlove: 740BF642-EC49-4E47-96C5-652D7D68CB37.jpeg
    5326C658-510F-4C94-A5F3-934A300A47EA.jpeg
     
    На koritsaki и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Првпат гледам дека има и млеко за коса.