1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млеко и млечни производи

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Lady-PinkHeart, 10 март 2011.

  1. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Млекото е еден од најраспространетите и најкористените хранливи производи, и како сурово млеко, но, се разбира и преработено во вид на најразлични млечни производи.
    Млекото е богат извор на хранливи материи (белковини, јаглехидрати, млечна маст), а исто така содржи голема количина на калциум и витамин Д, кои се неопходни за правилен раст и развој на коските.

    Па, ајде да ве видам мои Феминки, дали и колку пиете млеко, и кои млечни производи најчесто ги консумирате во секојдневната исхрана? :)
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Млеко поретко пијам,а сирење многу сакам и секој ден јадам,исто и кисела павлака ;)
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Јас па многу сакам и многу пијам млеко (можам и по еден литар дневно да испијам, се разбира кога има :lol: ), инаку многу сакам јогурт и овошен јогурт, кашкавал, а со сирењето сум малку поспецифична, јадам само овчко, а кравско не, а кашкавал пак, јадам само кравски... (кој да ми го најде крајот :lol: )
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    4.302
    Често пијам млеко и јогурт, јадам сирење (овчо), кашкавал, павлака, кремсирење... сите такви работи и немам некој проблем,освен кога пијам млеко обавезно почнува да ме боли стомак :/
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас сум зависник од млечни производи и не функционирам ако во текот на денот не конзумирам нешто млечно, чаша млеко, кашкавал, павлака, сирење....
    Јогурт не пијам често, ама на овошен јогурт можам и да живеам. Млекото го сакам ладно од фрижидер со лажица мед и малку цимет.
    На сирења сум љубител и сакам да ги пробам сите можни видови сирење на светов! Има едни солени колачиња, бомбици, што се прават од 5 вида сирење, е тие како одат со црвено винце, мх, мх, мх ...од пто пишувам ми се пријадоа сега :tmi:
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Млеко конзумирам секојдневно, обично навечер, топло и со медче...мх мх
    Исто така, зависник сум од кашкавал и сирење, мислам дека тоа би можела да јадам цело време.
    Јогурт немам навика многу да пијам,од проста причина што не ни купувам многу.Купувам кога јадам бурек или некоја солена кифла.
    И да ќе заборавев,многу сакам кисело млеко со леб и шеќер.Нешто најубаво ми е тоа :lol:
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Неможам да си го замислам денот без чаша млеко или јогурт, обожавам фета сирење, зденки , павлака , кашкавал....
     
  8. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    млеко секој ден де во кафе де само една чаша онака,сирење јадам ама не често павлака често а најмногу јадам кашкавал и зденки
     
  9. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Еве една табела со која лесно ќе можете да ги пресметате калориските вредности на различни видови на млеко и млечни производи.

    Состав и калориска вредност на млекото и млечните продукти, содржина на витамини и минерали во 100 грама продукт.
    [​IMG]
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Млеко пијам -ама поретко,обожавам сиренце,кашкавалче,павлака,јогуртче....душа давам за зденки :inlove: :lol: значи си консумирам се од млечни производи :P
     
  11. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    јогурт, млеко, наше македонско сирење, урда и кашкавал. неможам да замислам ден без нив.

    никогаш не постам и неможам во ред постот да го истерам само заради овие продукти.
     
  12. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    835
    Мххх,мхх! :inlove: Абе не можам ден да замислам без млечни производи :) Особено млеко,најчесто го пијам два пати дневно,сабајле(обично со милкшејк,ладно) и на вечер(топличко со мед) :$ Се случува да се напијам само 1 дневно,ама важно морам барем една шоља!
    Ги обожавам и другите млечни производи:сирење обожавам секакво(особено овчо),кашкавал исто така,крем сирење јадам често,павлаката ми е незаменлива,зденки си сакам,изварка,кисело млекоо...абе се,се освен јогурт! Јогуртот не можам да го пијам,ама пак затоа овошен јогурт купувам од пола кило! :lol: :)
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  13. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Секое утро и секоја вечер пијам млеко :) Најмногу на цел свет сакам млеко и не можам да си го замислам денот без него :inlove:
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Ме погодивте со темава :D
    До толку сакам млеко што на врв на уста ми е да нарачам во кафич :D Без минимум литро денот не поминува, го пијам со било што да јадам.Дури и со риба, патлиџан го сакам.
    Секогаш кога гледам серија или филм до мене е благото и цело литро многу ладно млеко.Топло млеко не пијам ни под разно.
    Од млечни производи, јадам чат-пат, ама не нешто особено.
    Како и да е, да живеат кравите :D
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    714
    Кисело млеко само кравјо :!: и овчо сирење...Ништо друго :)
     
  16. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Зимно време- млеко со мед
    Летно време- ладно мелеко од фрижидер, со јагоди, вишни........ма со што ми стигне.
    И тоа го обожавам тетрапак млекото од Битолска млекара :D

    Сирење, без него на маса не седнувам. Мераклика сум си на сирење.

    Добар е и кашкавалот, ќе пројде!

    Ова се моите топ три, млечни производи ;)

    Јогурт пијам, ама не сум мераклика :?:
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Млеко обожавам!
    Најмерак ми е кога земам од фрижидер, и директно од тетрапак коа си пијам, ладно! :rock: (али тоа коа сум во Скопје со цимерките, коа сум дома нема смисла така).
    Млекото го сакам топло понекогаш, ама онака од мерак пошто ме потсеќа на порано домашно млеко така си пиев, едната баба ни пушташе шишиња од кравата млеко. И јас сум молзела, али се на мене отиде. |(
    Сега мислам дека би ми успеало. :rofl:
    Сирење сакам само во пецива, вака директно да го јадам не ми е мерак. Освен фета. И тоа со ајвар ааааааааа :smirk: Али не е тоа темата.
    Кашкавал обожавам исто.
    Јогурт сум пробала да пијам со сила пошто е здрав, ама не ми оди никако ептен ми е грозен.
    Овошни јогурти сакам.
     
  18. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Може јогурт, една чаша во месецот, кисело млеко само со спанаќ и толку.
    Сирење неможам да поднесам уште од бебе кога сум била сум го плукала, кога ми давала мајка ми. Кашкавал само растителен, во пица инаку никако.
    Павлака ако осетам ... ни тоа не јадам.
    Млеко само во нес, макијато инаку не.
    Крем сир, зденки, маргарин, урда итн. НЕ НЕ И НЕ!!!
    Не дека несакам да ги јадам ама едноставно организмот не ми ги поднесува. Многу пати сум пробала да јадам сирење, кравјо ама не иде :(
    Јас сум скарана со овие работи :) :) :)
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    млеко??? нема шанса :envy:
    ама затоа неможам да си го замислам денот без јогурт, и сирење,значи сирење јадам со се и сешто :D
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Ако не се млекото и млечните производи јас нема да преживеам,а плус и протеин у живот нема да внесам во себе ко што не сум многу по месото.
    Со се ми одат сирењето и јогуртот.Исто така и урда и кајмак си обожавам.Павлака ми а маст кога јадам нешто со јајца,а за кашкавал да не праам муабет.
    Млеко и млечни производи ви се као тегет чорапа.На се одат(освен со риба и морски плодови,ама среќа ни ова не јадам,така да...)!