^Мене тоа не ми е природно, којзнае што му ставаат за да трае, па уште и витамини Јас не би пиела т.е. не пијам Ги испорасипаа млекава
Млеко и млечни производи употребувам секој ден. Доколку сте во можност, купувајте си свежо млеко (што би рекол оној од клипот со Андријана Алачки-"директно од кравје"). Никое преработено млеко не може да го замени природното, тоа со витамините е маркетингшки трик, особено сега дека се отвори нова млекара(стара но во ново руво, Суиташ поранешна сведмилк) Се обидувам да внесувам свежо варено млеко, домашно сирење и урда, домашно поткиселено млеко. Само немам можност за домашно правен кашкавал, го купувам а и јогурт понекогаш купувам кога сум надвор од дома. Кога пијам млеко од тетрапак (сега скоро никогаш не пијам такво) се чувствувам како да пијам вода, што не е далеку од вистината. А купените јогурти не значи дека ако се погусти се поквалитетни, само имаат повеќе млеко во прав. Ако поткиселувате дома млеко, да знаете дека чистото млеко секогаш одвојува вода, за разлика од она во кое додаваат прашок и вода. Ништо не може да го замени чистото свежо млеко !
Млекото и јогуртот ми се скоро секојдневна употреба во исхраната.Го пијам јогуртот Balans,и стварно е многу добар.Исто така обожувам и сирење и кашкавал.
Млеко со какао секој ден пијам. Многу ми е убаво. И јогуртот исто така. Кислео млеко понекогаш, сирење и кашкавал ретко..
Па млеко пијам само ако во него има нешто како nesquik-поинаку . Од сите млечни производи обожавам сирење.
еден ден неможам да замислам без млечни производи а највеке сакам фета сирење,јадам и кашкавал,павлака,зденка,кремсир,пијам јогурт и чоколадно млеко а само млеко не
Секој ден користам млеко и млечни производи. Најмногу обожавам сирење- кравјо, овчо, мешано ма какво и да е со се можам да го јадам. Исто така многу пијам и јогурт, млеко, сакам и зденки, урда само кашкавал јадам ептен ретко.
Со оглед на тоа што воопшто не преферирам месо и месни производи, јас буквално обожавам млеко и сите млечни производи пропратно. Благо млеко, јогурт, кашкавал, сирење, млечен намаз, кајмак, павлака, урда.. Ма тоа да има, нема ни да се сетам на нешто друго да јадам. Инаку морам да кажам, абе некако ептен го расипале Битолското млеко, ова стандард што е со 3,2 % масленост. Колку ми беше убаво, во љубов бев со него и нонстоп си го пиев директно од тетрепак онака ладно, незасладено. Имаше некој убав шмек, убав мирис, поразличен од сите други тетрепак млека. Сега еве баш пијам моментално и голема разлика приметувам, како да пијам од тие млеката со помала масленост, или они поефтините за варење. што не се трајно млеко. Го нема тој вкус како порано, ете после аферава со безбедноста на увозното млеко, која според мене беше само заблуда и нечија игра за поголем профит и победа на конкурентот сега им се зголеми продажбата и го расипале. Кажете ми некое друго убаво млеко да го сменам Би милк, онака за пиење ладно без шекер да има убав вкус.
Карина пробај го Мегле, јас го пијам уште од дете и секогаш му останал истиот вкус. Инаку се согласувам дека битолското го распиаа, ко по водесто е
Битолско млеко навистина е малку почудно за разлика од порано, ама зависи и кое млеко го пиете со која масленост. Тоа што е 2.8 не е толку лошо, а оние обезмастените 1,5 или 0.8 масленост колку и да беа нормално дека ќе се вода, тоа не е млеко, јас сум сигурна се поише дека со вода ги мешаат затоа се толку течни и одваратни. Мегле и мене ми се допѓа, ама кога видов дека го произведуваат во Босна, се замислив малку дали да го купувам или не. Мене чоколадното на мегле ми е убедливо најубаво од сите.
Се согласувам со вас ама за јогуртот на Битолска млекара, бидејќи млеко не пијам. Станал катастрофа. Кисел е и густ како да јадеш кисело млеко. Абе порано се давев во јогурт, а сега неможам да го смислам.
Порано Би милк имаа топ производи, ама како што кажав сите кон нив се свртеа кога почнаа овие аферите за увозното млеко од соседните земји ( што јас лично сметам дека не е до толку страшно како што се прикажа). Дефинитивно раскинувам со Би милк, се живо расипале и млеко и јогурт. Мислат ли дека на стара слава ќе продаваат, па не сме ние будали. Фала Мимс, се препуштам на Мегле
И јас се согласувам за јогуртот на Битолска млекара. Катастрофа е. Порано го пиев, а сега го пијам јогуртот Лајт, на млекара Здравје Радово.
Битолската млекара имаше најубави производи но ги расипаа......се препуштив на мегле и сега за сега сум презадоволна...
Скоро секојдневно конзумирам млечни производи.Млекото ми е на прво место.Не сум голем обожавател на јогуртот и киселото млеко.Сакам овошен јогурт.Сирењето и кашкавалот ми се нешто најомилено,поготово сирењето.