Е значи нема нешто повеќе што сакам од млечни производи , добро де освен благото Јогурт обавезно секој ден пијам, сирење исто така, зденки обожавам, кашкавалот го сакам така во сендвич, тост али не сум ептен голем обожавател подобро ми е сиренцето кремсир исто сакам, благо млеко ретко пијам не го сакам баш, може само ако е чоколадно Јогурт пијам Баланс најчесто а понекогаш и некој друг, ама само од Битолска млекара ми се убави, другите не ги сакам Сирење купуваме со години на Здравје Радово и највкусно ми е, а богами и со акциите што ги има ептен е ефтино
Млеко пијам секојдневно, најчесто наутро, топло со Несквик... Тој “ритуал“ ми остана од дете кога секое утро пред училиште мама или тато ми топлеа млекце Не можам да си го замислам денот без барем една чаша млеко, обично купувам полномасно Алпско млеко. Љубител сум и на млечните производи, најмногу кашкавалче и зденки, за сирење сум пребирлива, тешко кое ми се погодува, многу сакам јогурт, па и кисело млеко, и павлака, путер...
Јадам многу млечни прозводи, млеко,кашкавал,сирење,зденка,јогурт,кисело млеко,павлаки, намази... Само имам една мана неможам млекото да го пијам без ништо, од мала сум навикната и си го пијам со несквик, така без ништо бело не ми е некако убаво.
Неможам да си го замислам денот а да не се напијам млеко..А инаку јадам и млечни производи но само од крава млечни производи од овца и коза не можам
Имам спомнато во темава мислам, пијам јогурт, најчесто си земам Битолски јогурт, ми се допаѓа, арно ама земав еден друг од млекара Тетово, шарпланински и јогуртов, некој чуден вкус има, мирис како на лепак.Имав и претходно земено од тој и нормален беше, ама сега последно што земав, ме зачуди, се прашувам дали воопшто се проверуваат сите производи кај нас.Битолскиот ми е најубав, најдобар и тој ќе си го купувам и понатака.Само ете не знам што ми текна тој другиот да го земам, а и датата не му беше помината на тој јогурт, си мислам белким нема туку така да пуштат ваков производ во продажба.Стандрард си проверувам дата, нема шанси да не ја проверам.Почнувам да се сомневам и во дативе, мислам, може една дата да стават, а производот да е којзнае од кога, работава.Барем ако не друго, нема да го купувам понатака тој јогурт, Тетовски.
На мене Битолскиот јогурт ич не ми е вкусен. И на мене ми се случи истото со Тетовскиот јогурт. Го имам купувано повеќе пати, ама последните два пати беше катастрофа. Имаше чуден вкус, баш како на лепак. Оттогаш не сум купила таков јогурт. Сега го купувам новиот јогурт на Здравје Радово со 1.5% масленост. Многу ми е вкусен. Го имам купувано и јогуртот Лајт (на Здравје Радово). И тој е вкусен, ама веќе го нема по продавнициве. Другите јогурти не ми се вкусни.
Се што е од млечни пρоизводи јас ОБОЖАВАМ и благо и солено поготово сеκаκви видови сиρења и κашκавали ма ја тоа не пρебиρам, не можам да замислам да седнам на маса без млечен пρоизвод, на едно седнување мавнувам по половина паκовање сиρење или κашκавал. Доρучеκ можам неκаκо но неможам да замислам да вечеρам и да си легнам без да се напијам јогуρт или млаκо млеκце. Млеκото си го пијам и без ништо и паκ ми е вκусно
Млеко пиам во големи количини т.е можам да испијам две тетрапак млека во една ден сама.Значи го пијам исто како вода Инаку јадам многу сирење само да ми е погодено не јадам секакво сирење,а кашкавал само посен.По јогуртот не сум многу ако испијам една чашка при крајот ми се гади од него,зденки ич не јадам не ми се убави.Павлака си јадам со смоки или таратор.А путер јадам најчесто за појадок и убав ми е.
Млечните приозводи се основата на нашата исхрана Месо дома не мора да има,ама јогурт ми сирење не смее да се случи да снема
Јогурт дома пиеме како луди и секогаш имам се од млечни производи, неможеме да си го замилиме животот без нив.
Млеко не пијам 17 години и немам потреба од него.Кашкавал и сирење доагат во предвид од време на време со тестенини,тост или за мезе.Но не мн често.
Имам пишано одамна во темава, пак ќе пишам. Претходно сум пиела и до литар млеко, ама откако го исфрлив, поубаво ми е. Јогурт пијам, порано секој ден, сега преку еден ден. Ама сирење, изварка и павлака ми се секојдневие, и путерот ќе го ставам тука како млечен производ. Домашните намази со зачини исто се нешто без кое денот не ни поминува. Не можам целосно да ги исфрлам, пробав, ама не можам од сирење да се откажам.
Ова млечно царство ми е неизоставен дел од мојата трпеза , значи не ми поминува денот без сирење , млеко , јогурт никако ... од малечка сум многу по млечните производи.