Колку и да се обидувам, не можам да се откажам од млечните продукти. Подголтнувам секогаш кога си ставам млеко од тетрапак во кафето, ама не можам да пијам ниту едно кафе без малку млеко, не ми е тоа тоа, млекото му дава некој поинаков шмек на кафето, макар се работело за една голтка. Исто така, не знам дали постои поголем обожавател на сирење и кашкавал од мене. Ги јадам со се`, секојдневно. За растопен вкусен кашкавал и солено сирење ставам и рака во оган. Обожавам јогурт, кефир, кисело млеко, павлака и единствено зденки и намази јадам поретко во последно време. Од другото не можам да се откажам, немам и некоја силна желба за тоа, навистина не знам како би ми било ако некогаш би се појавила потреба да се откажам од нештава.
Mishela а зошто да се откажеш? Освен ако имаш тенденции да биде веган. Млеко и јогурт има и со ниска масленост 0,5%, мислам дека има и 0,1% ама тешко се наоѓа(ако знае некој кај има нека каже ). Знае ли некој каде има изварка или урда со масленост од најмногу 2%?
Јас имам видено со 0.3 масленост. Помалку не знам дали има. Најниска масленост имаат сега новите млека на Алпско. Жолтото е со најниска мм
Не се лажете со произвои -млечни со ниска масленост. Кој знае колку хемии имаат внатре - баш тие се најштетни
Пијам млеко многу,како зависник сум,и сирење обожавам,а другите млечни производи не ми текнува дека постојат,млекото домашно козјо ,а сирењето козјо исто и домашно и купечко
Многу сакам да најдам домашно млеко. Знам дека имаше порано луѓе што носеа ама немам информација кој и каде... Анина каде имаш видено со масленост од 0,3%, млеко или урда? Буквално се намачив со овие работи
Вчера баш земав и видов дека Алпско млеко има најниска мм, 0,5. Се извинувам за дезинформацијата. Ете се мислев дека има 0,3 ама немало. Се извинувам уште еднаш
Нема проблем. За 0,5% знам дека има. И за млеко не ми е толку проблем, колку што не можам да најдам урда со масленост помала од 2%...
Си пијам млеко и си јадам млечни производи. Немам проблем со тоа, само што јас не го сакам млекото со најниска масленост бидејќи како воденесто ми е.
Млеко пијам но многу многу ретко, почесто го пијам кога ќе му ставам краш или чоколадно млеко од продавница купено. А од млечни производи јадам се. Најмногу обожавам кашкавал.
Од млечни производи, душман сум на млеко нема ден да не се напија барем една чаша, но јадам и други млечни прозиводи
Женски, да не знае некоја сирењево горгонзола, колку долго може да стои во фрижидер ? Го купив пред 3 недели ама сум го заборавила, па сега не знам дали е добро или не ? И онака е буѓаво, а и по мирис тешко дека можам да одредам.
Затоа што знаеме колку овие продукти се всушност „здрави“. Никој не може да ме убеди дека млеко во тетрапак и домашно кравјо/козјо млеко се исти. А и сите оние зденки, кашкавали, намази што ли уште не, имаат разноразни глупости во составот и знак прашалник е колку е сето тоа здраво за консумирање. Многу сакав да ги прекинам млечните производи баш од таа причина, ама проблемот е во тоа што не секогаш имам можност да набавувам домашно приготвено сирење, млеко, кашкавал и сл.
Гледав и јас @joy1, затоа и си ветив дека ќе ги избегнувам сите вакви глупости. До душа, само уште сирење и кашкавал јадам, млеко користам само за во кафе и тоа е тоа. Намази си приготвувам сама.
@Mishela @joy1 Дајте линк за зденките или кажете на кратко. Искрено, за зденки никогаш не сум размислувала како се прават ама ги сметав за производ со квалитет. И може да напишете по некој рецепт за намази И јас доста експериментирам во кујна
Еве еден текст, прочитај тука. Има и видеа низ Јутјуб, ама од мобилен сум и не ми оди баш лесно пребарувањето, можеби @joy1 ќе прикачи нешто. http://www.bastabalkana.com/2012/07...rgarin-pastete-parizer-topljeni-sir-i-virsle/
За истото ова и јас зборував Грознооо Башка што им додаваат згуснувач и најштетниот емулгатор Е330. И после се чудиме од каде толку рак во светов.Од ѓубрето кое го јадеме.
Не ми се верува, зденка од сирење со поминат рок. Богами не е чудо што има долку болести во денешницава. Туку не ми е јасно како тоа е одобрен производ кога се знае како се прави.