Млеко пијам ретко ама затоа јогурт секој ден. Од останати млечни производи нормално сирење, кашкавал и павлака. Без сирење не се можи.
Ставам добри 150 мл млеко во кафето, а ако испијам 2 у денот, значи пијам барем 300 мл дневно. Јогурут скоро и да не пијам, многу ретко. Не дека не ми се допаѓа, некако ме мрзи. Не ми оди со мнозинството оброци што си ги приготвувам. Но затоа, обожавам кефир. Погуст е од јогуртот, повеќе е за со лажица да го јадеш. И не е толку кисел што ми се допаѓа. Најубави ми се оние натурал на Активиа, навистина се најнеутрални, можеш и со солени работи да комбинираш, можеш и со овошје. Само, поскапички се. Сирење речиси и да не јадам, пар пати во годината ако ми се пријаде козјо. Кашкавал немам желба да го јадам онака, да си го сецкам и да го јадам. Ама го ставам во паста, да се растопи. Зденка јок. Урда да, понекогаш со кајгана, понекогаш со домат и краставица. Моцарела обожавам, баш е неутрала и топ е со домат, ама скапичка е, така да, ретко.
Едино од млечни производи не конзумирам млеко, еве веќе месец дена ни во кафе, и урда, некако ептен, ептен без вкус ми е. Кашкавалот не ми е омилен, ептен ретко да ми се допадни некој, но обожавам сирење и јогурт. Значи се случува да ми се јади нешто и да се напијам чаша јогурт, или пак да отворам фрижидерот онака инстиктивно и да земам малку сирење за јадење. Исто така многу сакам зденки, и буквално се останато што не е млеко и урда.
Млеко само во кафе или евентуално ако ми текне со какао да испијам некоја чаша така, ама тоа ретко. Сирење јадам често, а и јогурт гледам така почесто да пијам бидејќи ме заситува.
Не можам да си го замислам денот без да каснам нешто млечно. Обожавам млеко, јогурт, павлака, зденка, кајмак, крем - сирење, кисело млеко, сирење, кашкавал, путер,...
Од млечни производи најмногу конзумирам јогурт, млеко пијам. Сирење јадам само со ајвар онака сирење во уста не ставам. Кашкавал само во тостови јадам.
Не можам да замислам ден без млечен производ. Сирење и со грав јадам. Млеко, јогурт, кашкавал...се. Кога постам најмногу ми недостасуваат.
Млеко пијам скоро секој ден,го турам во капучино и какао. Обожувам да јадам сирење и кашкавал,сирење јадам 2 пати во денот. Порано не сакав јогурт,но сега често го пијам.
Не можам да си го замислам денот без нив. Особено без кашкавал или сирење не седнувам на маса, а некогаш и двете заедно Сакам и павлака, кисело млеко, јогурт, путер, топено сирење или т. н. зденка И млеко користам обавезно во кафе.
Не сум сретнала друг што сака појше од мене млечни производи. Нема нешто што не сакам, редовно ги конзумирам. Дури и кафето без млеко не можам да го пијам, до толку ги обожавам.
И јас сакам млеко и млечни производи. Познавам луѓе кои се интолерантни на лактоза, но напротив, на мене ми годат.