1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млеко и млечни производи

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Lady-PinkHeart, 10 март 2011.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    хехеех јас сирење јадам со макарони и туна :rofl:
    мажето секогаш ми вика неодело таа комбинација, ама јас не се замарам си јадам и фала богу не мие ништо :D
     
  2. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Најмногу обожавам овошен јогурт, па после млеко и тоа ладно (обавезно со Nesquik), кашкавал, сирење, јогурт, павлака итн. :)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Па не одат со риба затоа што во допир со рибата (која патем кога е расипана предизвикува тешки труења) се создаваат токсини во организмот кои се задржуваат подолго време во него и не биле баш пријатни за оние со осетливи стомаци,а и оние со посилен желудник,иако не чувствуваат се случуваат ете така,нефини работи.А и воопшто месни продукти не се препорачуваат да бидат во допир со млечни производи.
    Ова така имам чуено и прочитано,а дали е така навистина,не знам и никогаш не сум конзумирала ваква комбинација.
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    абе и јас нешто за тоа знам, ама ајде де, пак си терам по старо :lol:
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Не ја пробувајте оваа комбинација ( риба и млеко ), ќе ги збудалите желудочните киселини .
    Зависи до организмот кај некој може да предизвика само мачнина во желудникот ,кај некој повраќање ,алергија , кај некој задушување ...
    Ако ненамерно згрешите тогаш разредете ги киселините со база - пијте сода .
     
  6. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Тоа што не се препорачува комбинирање на сирење со риба е точно, бидејќи, татко ми заврши на болница пред неколку години поради тоа. Затоа, најдобро е да не јадете риба со сирење, а за друга комбинација која би била штетна не знам.
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Јас па млеко со се можам да јадам , буквално. И сум јадела со благо, солено, кисело... :tmi:
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    верувам дека е многу штетно, јас на пример од оваа комбинација не чувствувам ништо лошо, ама пак затоа од други јадења и комбинации ми е мн лошо, ама ако кажувам за тоа ке биде надвор од темата ;)
     
  9. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Млеко и млечни производи, а посебно сирење е најлоша можна комбинација со риба... Може да предизвика такви стравотни симптоми слични на оние на пеницилински шок... :|
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски
    Уште еден зависник од млеко и млечни производи. Обожавам се', ама буквално се' што носи назив млеко или млечно. Дневно пијам сигурно литар млеко, јогурт или кисело млеко (никогаш не внесувам со помала масленост, иако едно време се занесував дека ќе слабеам со такво млеко - гола вода е тоа!). Најчесто кравјо млеко или јогурт, другите видови баш и не ги сакам поради мирисот.
    Сирење, и тоа овчо или козјо е must have на мојата секојдневна трпеза, кашкавали не љубам многу, многу, можеби од оној горчливиот да каснам, овчи, што многу тешко се сече, ама е превкусен. Млечни намази со зачини сакам, често и си правам дома, го блендирам сирењето (или пак мешам изварка) и му ставам малку павлака, па го зачинувам со тоа што ми сака душата во моментот (буковец, оригано, ким...).
    Урда не сакам многу, ама затоа изварка обожавам - и така можам да ја јадам, но и во кифли, пити, зелници (омилен фил за комат ми е изварка со праз и јајца).
    Правете разлика меѓу урда и изварка :!: - многумина мислат дека е едно исто, но не е така. Урдата е сув остаток од солило од сирење (нема ништо корисно во неа), за разлика од изварката која се добива со варење на кисело млеко.
    А кајмак... калоричен, мрсен, ама предобар, можам да го јадам секогаш (ама не го јадам до толку де :wasntme: ).

    И после се чудам што сум имала проблем со железото :P :wasntme:
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Млеко многу ретко пијам, се случува еднаш во месецот да се напијам. Не знам зошто но не можам да го пијам и кога го пијам некако со сила, мајка ми ме тера :lol:
    Јогурт секој ден има во фрижидерот многу го пијам посебно со тестенини. Исто така и сирењето го сакам, кисело млеко, павлаки, зденки мммм :)
     
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Мојот "јеловник" ќе беше мноогу оскуден ако не постоеа млечни производи, Обожавам се што се прави од млеко, а самото млеко, не толку. :)

    Офтопик, е ама морам да си прашам. Да ја позамарам малку милата Anath :)
    Калциумот го врзува железото?
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ова слично ко јас да сум го кажала :D единствена причина поради која не можам да постам е мојата зависност од млечни производи, млеко (мада јогурт и кисело млеко пијам многу повеќе), сирење, кашкавал (ама само млечен, растителниот е :puke: боље ќе грицнам нешо пластично по дома)

    Ко шо избегавам месо, овие ствари ме држат у живот :D
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.998
    Пол:
    Женски

    Не го врзува, туку ја спречува неговата апсорпција во тенкото црево. Ама само ако е во поголеми количини, инаку не. Исто и кофеинот. Затоа кога се пие железо, се препорачува да не се пие млеко/јогурт и слично во исто време, исто така и кафе или чај. Не дека јас стварно поради млекото и млечните производи имам проблем со железото, ама избегнувам да ги земам во исто време, да не се трујам за џабе со суплементи на железо.
     
    На Nina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Не е добро истовремено да се конзумираат млечни производи, заедно со марула и спанаќ, бидејќи иститте содржат доста оксална киселина, која врзувајќи се со калциумот од млечните производи, создава калциум оксалат...Калциумот од ова соединение не е биолошки активен во организмот(бескорисен е...) Калциумот оксалатот и другите соли на оксалната киселина се исфрлаат преку урината. Иначе самиот организам има многу моќен механизам за да ги зачува резервите на калциум и железо.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Млеко како млеко, чисто и бело, шанса нема да го пијам :puke:
    Само ако е засладено со какao или нешто слично. Како на пр. ова [​IMG] :inlove: :inlove: :inlove:
    Секое друго млечно производче си го конзумирам. :)
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не можам да замислам живот без млечни производи.

    Млекото го сакам ладно, без шеќер.
    Кисело млеко и јогурт консумирам послабо.
    Повеќе сакам чоколадно млеко и овошен јогурт.

    Луда сум по сирење.
    Ми оди буквално со се' - со компирчиња, сарма, оривче, тестенини, а шопска без сирење е како жена без
    цицка

    Почитувам убави сирења и квалитетен кашкавал.

    Сакам многу павлака (и слатка и кисела), млечен намаз, фета сирење, зденки, а душа давам за кајмак.

    Не ги разбирам луѓето кои не пијат млеко и не јадат сирење.
    Знам дека за вкусови не се дискутира, ама лично мене, ваквите ми се нетокму.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lady-PinkHeart и ludoto19 им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    освен кајмак, се јадам(не сакам да го порбам зашто многу дебелее, па така да си се убедувам дека е грозен и правам :puke: коа ќе го видам)
    :D се давам во сирење, кашкавал,зденки, јогурт,итн...
    јас сирење дури и со грав,со манџа, со супа, со се јадам :lol: :lol:
    кој пробал знае :lol:
     
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Јас обожавам млечни прозиводи. Јогурт, сирење, павлака ма се.. И со се ми одат, било што да јадам обавезно и сиренце или јогурт освен кога сум на диета. Особено кашкавал сакам, па тепам за кашкавал :wasntme: ама добар кашкавал не растителен . Главно млечен производ што и да е не одбивам, како што не сум ич по местото и само на нив живеам.
     
  20. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Еве нешто за љубителите на јогурт :)

    Јогуртот помага за намалување на телесната тежина
    Намалениот внес на калциум во исхраната предизвикува зголемување на бројот и обемот на масните клетки. Додавајќи го јогуртот во Вашата диета, можете да го спречите зголемнувањето на телесната тежина.
    Последните научни истражувања покажале дека возрасните луѓе со зголемена телесна тежина кои безмасниот јогурт го вклучиле во три дневни оброци, во просек намалуваат 22% од тежината и околу 60% повеќе масни наслаги отколку оние луѓе кои немаат доволно калциум во исхраната.
    Интересно е тоа што тие кои конзумирале јогурт намалиле околу 80% повеќе маснотии од стомакот, отколку оние кои воопшто не пиеле јогурт.
    Професорот Мајкл Зимел од Универзитетот Тенеси вели дека ваквата диета е многу поефикасна за луѓето кои сакаат да го одржат мускулното ткиво и да ги намалат масните налсаги.
    Во неговото истражување биле вклучени 34 испитаници со добра општа здравствена состојба, но зголемена телесна тежина. Истражувањето траело 3 месеци, а испитаниците биле поделени во две групи.
    Првата група дневно добивала по 600 грама обезмастен јогурт (на три пати), поточно 1100 милиграми калциум. Другата група добивала само една порција јогурт дневно, поточно помеѓу 400 и 500 милиграми калциум. Двете групи го намалиле дневниот внес на калории за околу 500, за да се стимулира намалување на телесната тежина.
    Според очекувањата, двете групи ја намалиле телесната тежина, но онаа група која добивала повеќе јогурт намалила поголем процент масни наслаги. Првата група, во трите месеци намалиа во просек по 5 килограми, додека втората група, во истиот временски период намалила просечно по 6 килограми.
    Придобивките од една чаша обезмастен јогурт се големи, зашто во неа се содржат: белковини, витамин Б12, калциум, цинк и многу други хранливи материи. Од друга страна, овој јогурт има само 140 калории по чаша, а и позитивно влијае на одржувањето на цревната флора.