1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млеко и млечни производи

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Lady-PinkHeart, 10 март 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Млеко нее никогаш од својата 5 годишна воздраст сум скарана со млекото, не можам никако да го понесам ниту неговиот мирис ниту неговиот вкус, од млечните производи конзумирам сирење, кашкавал, јогурт(секое утро по една чашка-само битолско) и зденки
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Го сакам млекото и млечните производи и најтешко ми е да ги оставам на страна кога постам.
    Млеко пијам скоро секое сабајле пред доручекот со мед или несквик. Од млечните производи многу го сакам овчото сирење (стриктно беровско :lol: ), пијам јогурт особено навечер ако ми се пријаде, јадам и павлака како освежителен додаток во храната, поретко кисело млеко. Кашкавалот ми е незаменлив за правење сендвичи и имам навика да го јадам топен во комбинација со виршла, а маргаринот некогаш го заменувам со кремсир бидејќи ми е освежителен повеќе, ама ништо не може да го замени домашниот кремсир кој го прави татко ми од кајмакот на млекото :)
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ама ми се погоди темава,кај ја најдов или пак таа ме пронајде мене :^) !
    Мене ми е незамислив денот без млечни производи во исхрана.Да треба да бирам јас побргу би се
    отказала од месо,отколку од млечни производи.
    Млеко конзумирам буквално секојдневно,навечер пред спиење без никакви додатоци во него и ладно.
    Наутро,скоро секојдневно јогурт(„Дукат„ ми е д‘бест ама не го наоѓам секогаш) или кисела павлака за појадок,повеќе ги респектирам помрсничките :lol: .
    Кисело млеко-посебно овчото-меѓу омилените ми е.
    Овошни јогурти-просто сум луда по нив-посебно ги сакам од „Јогобела„ навистина имаат најголеми парчиња овошје во себе.Мислам дека од нив имам капацитет да изедам невидена количина,иако не сакам да се ставам на тест,срам ќе ме фати, :$ .И новите „Еуфорија„ од Виндија се одлични-има интересни вкусови-стратачела,па јафа со криспи топченца...мх,мх,мх...
    Па и со чоколадно млеко често знам да си се почестам-исто Виндија „З‘брегов„ го има приматот тука!
    Зденкиии-мх,со ѓеврече посебно како ми одат-„Пресидент„ или „Хепи кау„-класични-без глупави вкусови.
    Па Вајкрем-павлака+путерче комбинација за мерак...Па и крем-намази „АБЦ„ ми е тука незаменлив сеуште...
    Кашкавали-леле,леле-мрсничок,златен Ајдамер со дупчиња како на цртан од Том и Џери-со очи да го јадеш...Е,Гаудамерот не го сакам,ту мач е за мој вкус.Ама па затоа си ги сакам мешаните и овчи кашкавали,цврсти дури не се ни сечат,а во уста така се топат,лиги да ти потечат од замисла само...А похован-да се расплачам сум во состојба по него :$ ...
    Па,сирења од млади,преку фета,до биени и ама баш секакви-и без леб би ги јадела од што ми се превкусни,па рендани над салати,тестенини,полустопени,па растопени,леле,леле...
    Па и кајмак-убавина што мора да се вкуси...
    Мислам дека забегав малку отповеќе,ама јас сум зависник од млечни производи,ми нема спас,виновна сум по сите точки и прифаќам секаква казна само не апстиненција од нив-никако!
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  4. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    68
    Ако не е млекото и млечните производи...Што би правела????

    Најмногу јадам сирење, ниту ЕДЕН оброк не поминува без нешто млечно..Дали јогурт, сирење, кисело млеко, кашкавал....СЕЕДНО. :)
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Млеко и мелчни производи јадам,но можам и без нив! Не сум некој огромен љубител на сирење, кашкавал, урда, павлака, јогурт... а пак млеко пијам најчесто пред спиење со несквик!
     
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Од мојата 5-та година пијам козјо млеко.Живееме во помал град и веке со години ни носам едно семејство од блиско село,така да пијам многу.Нема да верувате јас никако не можам да пијам од овие копените млека,ми имаат чуден мирис. Исто јадам и многу млечни производи...од сирење,павлака и се друго.
     
  7. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Од млечниве производи, одвај кашкавал и јогурт, а понекогаш и млеко, ама со несвик ако е, или какао, чоколадо било што. Не можам да го поднесам неговиот мирис. Сирење, само кога е во сендвич, или нешто затворено- да не го гледам, само тогаш јадам. А не знам зошто. Знам дека се ежам и ми е гадно кога ќе видам сирење..така големо парче, растопено. А да, и млечен намаз/сирење, како се вика, тоа го јадам, а сирење не. :D
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Порано млечните производи ми беа потпросечно застапени во исхраната.
    Ама последниве 2 години ми се едни од примарните.
    Од човек што јогурт пиеше 1 чаша од 100 мл месечно, сеа пијам сееееекој ден и неможам без јогурт.
    Што ми бидна ни јас не знам :D
    Сакам јогурт, само во последно време се нервирам ми ги расипаа јогуртите пред се Балансот, отвори го и за 1 ден е кисело млеко |( Сакам да не се згуснува!
    Затоа сега нова моја љубов е Дукатот.
    Сакам и кашкавал. Сакам и сиренце мх мх мх :wasntme:
    Благо млеко исто си пијам, посебно со житарки.
    Кисело млеко поретко, ама и тоа си сакам.
    Павлака сакам.
    Се сакам :$
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.080
    Пол:
    Женски
    Сирење сакам секакво освен биено, млекото го сакам ладно и без шеќер, павлака и кашкавал сакам. Затоа пак јогурт и кисело млеко не. Не дека не ги јадам , но не ги сакам многу.
     
  10. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    јаооо мајко мојааа.....мојата нај омилена храна ...млечни производи :drunk: :drunk:
    мене не ми е десерт чоколадо, туку сирење, кашкавал, зденка ...ма било што ..
    а јогуртчињата мммммммммм во сите можни комбинации

    можам да одолеам на се ама на млечен производ нееее....
    пред 1 год имам дадено 20е во франција само за 10 г козјо сирење (некое посебно демек) ама морав да го пробам

    ааа а најомилено...плаво сирење (мувлосано, по нашки)
     
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Без млечни производи буквално не живеам. Млеко пијам секој ден, порано пред да одам на школо пиев по една чаша топло млеко со несквик, а сега обично пијам ладно млеко кога ќе ми се припие. Сирење порано не поднесував, а сега не можам без него, секој ден во било кој оброк морам да изедам барем едно парче сирење. Јадам и кашкавал и павлака и зденка ама поретко за разлика од сирењето и млекото. Обожавам и кисело млеко и јогурт и пробувам што почесто да ги конзумирам.
     
  12. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Обожавам млечни производи, нема ден а да не конзумирам нешто од нив.
    Најчесто пијам млеко, го сакам незасладено а некогаш може една лажичка мед да ставам во него, убав вкус има. Обожавам многу мусли со пресно млеко, тоа најчесто ми е доручек. Ок понекогаш си дозволувам и бисквити и млекце како малечко детенце.
    Јогурт пијам поретко за разлика од пресното млеко. но застапен е колку толку.
    Е сирење просто обожавам, скоро со секое јадење ми оди, а најмногу па летниот период со патлиџанче мх,мх мераци.
    Инаку јадам и зденки, урда, кашкавал буквално се од млечни производи. Но млекото и сирењето ми се најмногу застапени.
     
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    да бе да,калциум ни треба како не.коските викаат по млеко :D :D :D :D
     
  14. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    млеко обожавам и јогурт исто сирење и урда исто мноу јадам
     
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Млеко сакам многу(кравјо), сирење (исклучиво кравјо), кашкавал (исто така кравји), кисела павлака, јогурт, овошен јогурт, маслац (понекогаш јадам).. :) :D
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Млечните производи често ми се замена за леб и месо :D Јадам се што е поврзано со млеко, благо, кисело, јогурт, павлака, сирење, намази модерни :D , баш се.
    Не ги комбинирам со се и сешто, ама ете сирењето некогаш ми послужува како главно јадење, и иксрено не можам да замислам како некој не јаде сирење :wasntme:
    Ај што е здраво млекото, па и тоа што влијае врз тенот, врз забите, врз хидратацијата на кожата, и секако смирувачкиот ефект што го има врз организмот :) Делува благотворно на желудникот :)
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Млеко - со кафе, несквик, ладно директ од фрижидер.
    Сирење - со манџи, на лепче со путер во комбинација со чај, врз шпагети, со паштета, во шопска.
    Кашкавал - во тост, во сендвичи, на пица, во сос за шпагети, похован, во пирошки, врз мусака, така клот.
    Јогурт - со бурек, пита! Ааауу, ми иде да вијам како волк :)
    Павлака - во салати, со домашни мекици, мачкана на лепче и одозгора црна сол.
    Кајмак - строго кај тета во Крагујевац! :rock:
    Кисело млеко - од немајкаде кога нема павлака или јогурт.
    Крем сирење - за со чипс!
    Зденки - поховани, со палента, стопени во сос за макарони.

    Ги љубам!
     
  18. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    Обожавам млечни производи:се давам во јогурт,не можам да замислам во фрижидер да немам сирење,кашкавал,павлака,урда и сл.
     
  19. Idiotka90

    Idiotka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    Млеко пијам али само со несквик, онака чисто одувек мразев да го пијам. А од млечни производи сакам само сирење и кашкавал
     
  20. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Зависник од млеко,неможам да живеам без него :D