Па нема нешто шо не јадам/не пијам Си сакам млеко,сирење, кашкавал ,јогурт,павлака, кајмак, кисело млеко, крем сирење ,зденки итн итн ммммммммммммммммммммммм
обожавам јогурт мммммм секој ден пијам барем по една чаша многу го сакам посебно во лето, ладен ммммм мераци
Кога бев помала денот не смееше да заврши ако јас не сум пиела млеко и јадел кремсирење. Сега помалку се случува да пијам млеко, впрочем многу ретко. Дали еднаш во 5 месеци пијам бело, а чоколадно пијам по 3-4 пати неделно. Сирење и јогурт сакам, особено кога доручкувам некое пециво, сакам да го пијам. Зденки и кашкавал ми се нешто без кое би умрела.
Млеко не пијам од многу мала, не се сеќавам од кога. Од млечни производи јадев сирење и кашкавал, но веќе еве скоро пола година како не сум јадела ни сирење ни кашкавал, и не планирам да почнам да јадам никогаш повеќе. Решена сум да исклучам од исхраната се што е поврзано со млеко. http://www.youtube.com/watch?v=DTo5TulJLU8
Јас пак си обожавам и млеко и млечни производи. Иако викаат дека не е здраво, јас неможам да го исфрлам од исхраната. Јогурт, сирење, кашкавал, зденки, павлака...мммм
Не би можела да функционирам без овој вид на храна.Конзумирам буквално се,освен урда,која почнав во многу мали количини да ја внесуваам последнава година.Но сепак,не ми е вкусна. Млеко пијам само со несквик,или со колачиња...Сирењето ми оди со све што и да има за јадење,сирењето секогаш ми е на трпеза.Павлака обожавам,најубава ми е со макарони или со пржени јајца.Во фрижидер ретко кога немам и зденки,крем сир,кашкавал.... Јогуртот освен што ми е вкусен,многу е здрав па неможам никако да го изоставам од дневниот распоред на исхрана... Всушност,оваа група на исхрана и одговара и на препорачаната исхрана за мојата крвна група.
Без сирење и кашкавал мене фрижидерот ми е „празен“. Со 99% од јадењата, јадам сирење или кашкавал. Благо млеко исто така обожавам, или само млеко, или со несквик, или попара, па шеќер одозгора. Јогуртот и киселото млеко пред некои 10 години ги обожавав, ама сега се поразочарана сум од квалитетот и од вкусот, па ептен ретко ги консумирам. За жал. Денешниов јогурт - никаков. Или е вода, или има грутки Киселото млеко исто така - повеќе вода отколку млеко
обожавам млеко, без млеко не би можела да го поминам денот. исто обожавам јогурт, кисела павлака и кашкавал. кисело млеко не сакам баш многу, но знае да биде добра замена кога ќе нема јогурт или павлака . а сирење не јадам уште од мала, грозно ми е +o(
Го обожавам млекото и сите млечни производи, отсекогаш наутро сум пиелеа чаша млеко а тоа трае и до ден денес
Млекото не го сакам многу, но затоа што е доста хранливо и корисно за организмот го пијам во комбинација со какао. Од млечните производи кашкавал, јогурт
не можам да живеам без млеко,една шолја млеко за мене е еден цел оброк, јадам и кашкавал, многу сакам и јогурт. помалку јадам и сирење. не можам без млеко па затоа и никогаш не постам.
Обожавам млеко и неможам да си го замислам денот без него. Чоколадно млеко исто така сакам, а од млечните производи најмногу јадам кашкавал, сирење и павлака.
Вака, со млекото се опростив одамна побено со кравјото, а па за козјото да не зборувам, не сакам да го видам и помирисам. Млечните производ ми се‘ дел од секојдневната исхрана како сирењето, кашкавалот и јогуртот. А најмногу обожавам крем сир , кој го јадам редовно за доручек.
Без млекото и млечни производи не поминувам ни ден а да не каснам, а обожавам се што е од млеко. Ако се случи во денот да не јадам нешто од млечни производи, па ќе се напијам нескафе со млеко, или онака чаша млеко или било што. Основни продукти на исхрана ми се млечните производи
Животот без една чаша топло млеко со Несквик насабајле неможам да си го замислам Татко ми ми вика де бре више ќе те жениме шо се вика (иако има уште дооста време ) ти уште млеко пиеш. Ама тоа е неможам да си помогнам, ако не се напијам како да не сум јас. Иначе од млечни производи све си јадам. Ааа да имам еден исклучок: СЕ мора да е кравјо!
Неможам јас да поднесам млечни производи , незнам зошто Кога бев мала се давев во млеко и многу сакав сирење да јадам , ама сега не дај боже најверојатно сум се прејала и препила што сега неможам да поднесам!