Повеќе сакам јогурт од млеко Исто си сакам и кисела павлака и сирењееее! Јогурт секогаш комбинирам со солени јадење (корнфлекс, пециво, макарони, губи, пица..), а млеко со благи (корнфлекс, чоколадни житарици, лепче со еурокрем). Морам да спомнам, тато некогаш сум го видела да јаде бурек со сирење и чаша млеко! Секогаш му се смеам на комбинацијата што ја прави Пијам битолки јогурт, од 1% масленост, во зелена паковка што е, и не го менувам. Млеко, исто битолското, дома кога сум Охрид користиме од тоа за варење, а додека бев Ск го користев трајното, зеленото со 1,6% масленост, мислам беше. Павлаката, исто битолската, зелената, или пак од Идеал шипка, во сино паковање. Сирење - мешано од Здравје.
Бело млеко не пијам, само чоколадно. Кашкавал, сирење - само кравјо, павлака, јогурт, зденка и сите тие млечни производи ги јадам, но само бело млеко не пијам и тоа ако веќе мешам со Несквик или слично и тоа мора да биде строго кравјо.
Јадам од се по малку и на крај ништо. Сирење јадам- ама бирам и тоа многу Само татко ми знае да ми го погоди и да ми купи по вкус, исто и кашкавал јадам само подравец ама мнооогу ретко, обично во тост. Јогурт.. само јогурт не пијам, не ми е сладок, го комбинирам со бурек, баничка, лиснато.. Бело млеко исто не пијам, само со несквик и тоа ретко, одвреме-невреме ко ќе ми претекне. Зденка само похована..мммммм Крем сир како мала многу јадев, сега ретко и тоа.
не козумирам секој ден ама јадам све и јогурт и мелко и кисело млеко и зденка и сирење и кашкавал ! БУКВАЛНО СВЕ !
Повеќе пијам соино мнеко, од она на Виталија , и тоа со вкус на ванила. Обично - многу ретко , а и да го пијам ,земам обезмастено . Јогурт обожавам ,најдобар ми е во комбинација со овесни снегулки Ги јадев и оние Активија ,со вкус на праска и по некоја овесна снегулка низ нив , ама одамна немам сретнато по маркетиве ... Сирење ,кашкавал ,зденки и остатокот од млечните производи не можам да ги поднесам ,ми се креваат цревиштата од гадост !
Ретко..многу ретко. Знам дека се многу здрави, но како мала премногу сум изела и од тогаш ми се гади! Јадам само ако вкусот е маскиран со нешто друго
Во последно време млеко многу ретко пијам. Освен ако не си ставам во кафето. Порано, додека се‘ уште учев во основното училиште, татко ми секое утро пред да замине на работа ми топлеше млекце, ми ставаше внатре некоја чоколадна мирудија, и таман дури да слезев в кујна млекцето беше подоладено и ме чекаше да го мавнам на екс. Но... како што ни се затвараат фабриките по државава и вработените често се на 70%, јас тоа млеко утринско од татко ми престанав да го добивам затоа што нели често се случуваше со месеци да биде во гореспоменатава ситуација или евентуално да работи со скратено работно време кое почнуваше подоцна од моите часови на училиште. И затоа јавно објавувам дека за престанокот на моето пиење млеко ја обвинувам државната економија и неспособните директори кои гледаат како да дрпнат за себе и само тие да купуваат млеко за своите деца, себични едни Затоа си пијам јогурче многу често, можеби секој ден, посебно кога ми е топло. А ниту еден оброк не ми поминал без сирење. Си јадам и павлака, зденки, кисело млеко и кајмак
Млеко не пијам ич, јогурт па пијам со доручек доста често, сиренце мн сакам исклучиво овчо и најмногу 2-3 дена да е отворено(поише од тоа ми смрди ), кашкавал јадам ама ретко затоа што не ни купуваме тоа многу, зденки почнав од пред некој месец иии тоа. Во глобала најмногу сакам сиренце од млечниве производи
Кај нас во фрижидер мора да има млеко или друг млечен производ, зашто сите ги јадеме. Сирење, зденки, јогурт, кашкавал и павлака обожавам и секој ден јадам. Киселото млеко не го сакам и многу ретко го конзумирам, млеко пијам од тетрапак,варено не, пред да заспијам понекогаш ако немам вечерано.
Се јадам, се пијам.. Освен млекото што не можам да го пијам без Несквик (или нешто слично на него), друго се јадам: сирење, кашкавал, кисело млеко, јогурт - од ова секогаш мора да имаме дома, важен детал од скоро секој оброк! Инаку ако се смета кајмакот за млечен производ.. МРАЗАМ!!
леле многу пиеме млеко по дома со брат ми хаха како мали деца сме по кило на ден ни иде! -Обожавам млекоо ...
Пијам секое утро и секоја вечер млеко со какао го обожавам. исто така ги сакам и другите млечни производи
Не можам денот да го поминам без кашкавал, јогурт, сирење или некој друг млечен производ. Единствено млекото ретко го пијам онака без ништо. Какао, корнфлејкс, тоа да, ама така само млеко многу ретко.
Млеко,сирење,кашкавал,зденка,јогурт,кисело млеко. Нон стоп јадам Во нашиот фриждер постојано има млечни производи