Пресно млеко само за себе не пијам затоа што е веќе пастеризирано и треба дупло да го варам (и уште повеќе да го оштетам) а стерилизираното не е воопшто за пиење секој ден. Инаку пијам нескафе така да таму и онака има млеко. Јогурт пијам повремено кога немам нешто пофино за јадење па сакам да поминам набрзина со некој геврек или бурек. Сирење јадам исклучиво во шопска што не е секој ден а кашкавал само на пица затоа што ми е пица едно од омилени јадења кога сум излезен но сите млечни гледам да ги јадам ретко а не секој ден . И ни под разно не јадам растителен кашкавал затоа што е фалсификат и си е бајаги штетен како да јадеш топен маргарин.
И јас млеко само по себе не пијам-само во нескафе и од време на време, си пијам чоколадно млекце Сирење обожавам и го јадам најмногу со тестенини или кога треба да се подобри вкусот на некоја манџетина Кашкавал сакам, ама многу ретко го јадам зашто тешко ми се погодува, или е недоволно солен, или има вкус на гума... А јогурт слабо...
Млекото едноставно не го сакам уште од раѓање. Их проблеми биле уште тогаш мајка ми да ме нахрани со млекце, пак за потоа кога требало сама да цуцкам од шишенце, веќе објаснив некаде, како одеше таа процедура. Денеска млекото единствено го конзумирам како додаток во нешто: колачи, торти, пире... кафе, макар што кафето веќе подолго време си го пијам без млеко.. али има де денови кога се частам Сирење ми е, како леб на некои. Често го јадам и е нешто што во куќава го има секој ден, баш заради мене де. Обично може да се случи не да вечерам или ручам ништо друго освен кришка сирење и домат..мљац мљац. Кашкавал поретко. Само на пица или тост, или во некои лиснати теста, што ретко јадам. Јогурт ептем често пијам од оние Баланс. Кисело млеко поретко, пошто јогуртот ми е доволно. Инаку кравјо се.. козјо не можам во никој случај. Имам пробано сирење козјо младо такво тазе направено.. се фино, го фалат, ама моиве непца не поднесуваат секакви вкусови. Овчото ми е многу мрсно, може мешавина... кравјо и овчо ама преферирам се што дава кравичка сепак .
јас обожавам млечни производи денот не можам да си го замислам без чаша ладно млеко со мед и какао инаку ми се сличува доста често днево да испијам и повеке од 1 литар млеко. од др млечни производи сакам и доста често конзумирам сирење, кисело млеко или јогурт.др млечни производи ги конзумирам но малку поретко.
Пијам млеко,најчесто кога сум а тренинг,а сирење и јогурт премногу јадам и пијам,ако не каснам сирење или јогурт во денот не е можно
Како мала сакав несакав морав да пијам млеко барем по една чаша пред спиење,но повеќе скоро воопшто не го конзумирам затоа што неможам да му го поднесам мирисот и на тоа што се вари и на тоа без варење,се ми се чини како да ми мириса на крава ,затоа сега го заменив со млеко од соја но и тоа во ретки случаеви исклучиво со житарици.Но од другите млечни продукти конзумирам скоро се сирење(најчесто кравско,затоа што тоа овчкото ми мириса на овци ,ама по некогаш се случува да се погоди и тоа да биде добро и тоа козјото не ми е баш вкусно иако се смета за најквалитетно и најздраво),кашкавал секаков вид од млечен до растителен,јогурт,павлака и тоа.....друго нешто не ми текнува
Млечните производи ми се омилена храна. Млеко пијам секој ден посабајле.. Јадам сирење, павлака, кашкавал, млеко кисело и сл.
Обожавам. Млеко пијам поретко, но сепак пијам. А јогурттт обожавам. За сирење и кашкавал ич да не зборам. Само имам еден проблем,ако пијам рано насабајле млеко или јогурт, после цел ден стомак ме кине, па така не пијам на празен желудник никогаш..
неможам да живеам без млеко(наутро) и млечни производи...сирењето најмногу го јадам ,а кашкавалот само домажен
Млечните прозиводи ми се омилени, секое сабајле си пијам млекцеее, сирење јадам со секое јадење, а похованиот кашкавал аоаооооооооооо како си го јадаммммм, павлака истооо, урда истооо абе сее
Млеко и јогурт пијам секој ден. Млекото го пијам со шеќер, со мед, со цимет, со кафе, со какао, со несквик. Не го сакам варено - пијам од тетрапак. Јогуртот ми е и еден вид на замена за киселото млеко зошто не го сакам. Кашкавал и сирење јадам. Порано многу повеќе го сакав кашкавалот, а сирење едвај пробував. Сега пак обратно - сирење ми оди со секое јадење додека пак кашкавалот ретко го конзумирам. Похован кашкавал обожавам. Јадам од сите видови само од овчото не. Многу силен вкус ми има, не ми се свиѓа. Вајкрем, кремсир - и тие многу ги јадам, најчесто сабајле. Од овие само зденка не јадам.
Млеко пијам како ненормална,додека има млеко јас вода во уста не ставам ама јадам и сирење,кашкавал,јогурт,кисело млеко,кремсирење..така да Млеко и млечни производи кај мене дома во фриждер мора да има
Дневно пијам по пола литро млеко, онака само млеко од чаша не сум се напила од 5 години ама со корнфлекс сабајле и со нескафе ми се собира бааѓи во денот. Во однос на млечните производи ако нема сирење или кашкавал во фрижидер, за мене тоа е катастрофа и исто како нема што да се јаде.
Јас без сирење не живеам. Убијте ме ако еден ден исчезне сирењето. Не,сериозно. Сирење јадам со се,многу го сакам,многу ми е вкусно. Млеко пијам можеби двапати неделно,тешко ми е млекото на желудникот и го пијам со оние житариците што се ставаат. Кашкавалот исто го обожавам. Павлаката да,но ја јадам многу ретко.