Млеко речиси никогаш не пијам, а без сирење и кашкавал не можам да живеам....исто понекогаш но не многу често пијам јогурт, сакам и зденки, кремсирење итн.
Млеко многу сакам, а исто така и млечни производи. Најмногу јадам кашкавал, зденка, кисело млеко итн итн..
Без сирење, јогурт, к.млеко кашкавал неможам ама ете млеко не пијам уште од бебе сум пиела едно 6 месеци и сум престанала и толку повеќе млеко во уста немам ставено бљак....
Млеко пијам скоро секој ден, во комбинација со Несвик, а некогаш додавам и мед. Обожавам овчо сирење, кашкавал, зденка, павлака, јогурт, кремсир, кисело млеко и многу ми е тешко кога за време на пост не смеам ништо од тоа да јадам. А растителен кашкавал, јогурт и соја и такви некои експериментации за замена на млечните производи - не можам да поднесам!
луѓе овој јогуртов на Активија, вистина е дека е за прочистување на стомакот и после 2 недели те тера на обилна голема нужда, или само е дезинформација ??
Мајка ми го зимаше киселото млеко на Активиа исто така со пробиотичка култура Бифидус но многу и се закомплицира дури на дежурна ја носевме во Неуромедика и со инекција ја спасија, јака опстипација и надутост во стомак, дури како бремена беше. Тоа кисело млеко нели викаа треба 2 недели секојдневно и ги решава дигестивните проблеми, така она активно секој ден го јадеше, од тогаш активиа не сме земале и проблемот не се појави. Најдобар пробиотички јогурт е Биоактив ЛГГ од него се добива редовна и обилна столица, а не создава некакви проблеми.
Го сакам млекото исто така и млечните производи..Без сиренце не седнувам да јадам,ги обожавам зденките..Благо млеко најмногу сакам а јогуртот и кашкавалот помалку
Сите такви јогурти со Бифидус се супер за реклама ама дека ќе осетиш некоја разлика од обичен јогурт ТЕШКО . Сум ги пробал сите видови јогурти и кај нас и во странство и освен разлика во вкус и што некој ќе ти направи тегоби со стомак или ќе те натера во ВЦ (ама не од убаво) некоја разлика НЕМА. И плус многу јогурт и млеко го дујат стомакот па ќе си бидеш ко трудничка . Пофино земи си од аптека лактобацилус ацидофилус со другите корисни бактерии и земи си капсулче на ден многу пофин ефект ќе имаш него јогуртиве . А млечни производи и онака треба да се јадат на минимум ако сакаш да си здрава (проверено у пракса) .
Не знам конкретно за активија ама што имаме испитувано такви јогурти се покажа дека повеќето се фалсификат т.е. не го содржат тоа што треба. А оригинално такво јогуртче сигурно дека е поубаво од од обичниот а тоа за по голема нужда дали тера зависи од тоа што му е додадено. Најубаво е да пробаш самата оти мислам дека кај секој не е исто.
ЈАс пред неколку години имав проблеми со стомакот, ми кркореа цревата, ме болеше желудникот, едноставно осеќав дека нешто не е во ред со мојот систем за варење, па почнав да ги јадам овошните јогуртчиња на активија секој ден (башка и многу вкусни ми беа). И незнам дали од тоа или само од себе, ама стварно ми помагаа. Сега веќе мислам ги нема, или пак им смениле име. А тоа за големата нужда не сум приметила.
Млеко не пијам ич. Сирење... не сакам... имам ниско ниво на толеранција на солено. Кашкавал... да... може... Јогурт... обавезно.... Во главно, млекото порано само во кафе го пиев. Но, кога посетив нутриционист, што убави работи ми се изнакажа за млекото... па го баталив скрос.
Јас најмногу го сакам јогуртот баланс на Бимилк зелениот супер прочистува и создава ситост и ми помага со мојов проблематичен желудник Исто така сакам путрече намачкано на лепче со сол и кисела краставичка епа многу вкусно ми
Имам една руска книга за здравје и во делот за млекото почнува со зборовите. Млеко, млеко ти што ги правиш луѓето болни . Прво се смеев и не верував иако имам читано и на други места од западна литература дека млеко треба што помалку да се консумира ако сакаш да си здрав и едино здраво млеко е неварено а такво нема во продажба. Најштетни се стерилизиранатите млека како и високо пастеризираните како кај нас што се продаваат, вкусот со неварено свежо млеко нема врска а и биолошки се 10% од тоа што треба. Пред некоја недела се занесов и почнав да пијам по 3 нес кафиња на ден (со цела чаша млеко ) и за недела дена се разболев а јас никад не се разболувам . Сеа млеко само ако морам у кафич како нескафе инаку го избегавам максимум што можам. Тоа казеинот партали го прави организмот и цел со слуз ќе ви го направи, после синуси и нос течат, грло боли, стомак се дуе итн . Знам нема никој да ме послуша (пошо која девојка слуша ) ама јас сепак да си кажам .
Истото и јас го имам слушнато наводно возрасните треба што помалку млечни производи да конзумираат додека децата треба повеќе, јас еве на возрасни години се повеќе ги конзумирам, еден ден (а тоа само за пост) да не сум внела нешто млечно се чувствувам без волја и енергија, зависи до организам, јас цел живот ги конзумирам во обилни количини, никогаш ништо не ми било, дури имам одличен имунитет.
Твојот организам го толерира казеинот и општо млекото, дека ти го подобрува здравјето нема шанси, не е ко зеленчук или други производи но не осеќаш конкретна штета . Детето треба да си пие мајчино млеко што подолго може а после да си прејде на друга храна но нема да влезам во дискусија и убедување со тебе, кажав само што пишува во руската книга. Сите што имаат слуз и често се разболуваат треба да намалат или укинат млечни производи и да видат дали ќе им се подобри состојбата. Другите што не осеќаат штета, не се разболуваат и се осеќаат одлично можат да јадат млечни се додека се ЗДРАВИ .
Конкретно за масни ткива не знам... но знам дека игра улога во врзувањето на некои хормони за масните ткива, или нешто така - не ме земај здраво за готово, не сум стручна. Знам само дека јас имав проблеми со добивањето и една од можностите беше заради конзумација на млеко ... демек имало можност некои хормони да ми ги врзува, ова - она... па бев на нутриционист за да го сменам режимот на исхрана... и морам да кажам дека се средив (со проблемот, нели)... Муабетот и беше и со компарација - демек, види како животните функционираат... пијат млеко само додека се мали, додека им требаат калории за да напреднат... после тоа, тие тотално го исклучуваат млекото (инстинктивно, се разбира).... Не знам колку има вистина сето тоа, ама мене лично млекото ич не ми фали откако се навикнав и на кафе без млеко...
Кај мене млекото нема никаков негативен ефект, напротив многу добро ми влијае. Го конзумирам секојдневно. 1-2л дневно.