1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млеко и млечни производи

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 ноември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.881
    Допаѓања:
    102.912
    Пол:
    Женски
    Од кој месец на вашето бебе му давате м.производи?

    Педијатарот од 8-ми месец ни кажа да почнеме со кисело млеко и несолено сирење, пред 2 дена јас и дадов и многу и се допадна к.млеко скоро цело канче изеде :clap: , а за јогурт не ми кажа кога да и дадам не ја прашав. |(
     
    На Mjayyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Се даваат по навршени 8 месеци, ама јас им давав адаптирано млеко до година (ни сама не знам зошто), а кисело млеко им мешав со манџички од 8 месеци.
    Веќе кога имаа една година почнаа да пијат млеко, а и јогурт и кисело млеко, бидејќи тогаш веќе почнаа да јадат се, па некако повеќе им одеше и јогурт и кисело млеко во комбинација.
    Сирење, кашкавал, тоа се осле една година.

    Јас не брзав да почнам со млечни производи - веројатно затоа што не очекував да не јадат, тргнувајќи од себе. Многу поважно ми беше да јадат манџи, овошје, салата...
     
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме со млечни производи од животински произход. Педиаторот подробно и внимателно ни објасни зашто не треба да се дава непревриено млеко и неразредено млеко. Ќе споделам и со вас. Млекото не се дава непревриено, затоа што 1 крава од Битола (пример) да има туберколоза, ќе се пренесе на човекот. Човекот се вакцинира од бебе против туберколоза, али за туберколоза, која оди по луѓето, а не по животните. Таа по животните е многу по опасна и тешко лечима. Имало дете кај нејзе цело во како кесички по телото. Подуени жлезди од незавриено заразно со туберколоза млеко.
    Млекото требало и да се разредува со малце вода. на 200 мл млеко, да се стави (јас ставам на око) 20-30 мл вода. Тоа се правело, затоа што било тешко за преработка во почетокот на животот на човекот и може да увреди трајно бубрезите. Кажувам може, затоа што си зависи колку е зајакнал организмот на бебето.
    Ни кажа исто така, дека храни со многу фосфор се убијци на калциумот.
    Мартин многу сака да јаде млечни кашички-јогурт со овошје или бисквити или благо млеко со бисквити. Овие се ни фаворит за на ручек :D Штета што некит да пие млеко од шишенце. Не можам да си објаснам зошто. А залагалка цуцла има, ја сака, али шише не! Се мачиме со лажиче...200 мл со лажиче :D можете да замислите како ми е...За тоа повеке наблјагаме на млечните каши...
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Јас од 6 месеци му давам кисело млеко на син ми, а кравјо почнав нешто подоцна, разредено 2:1 и задолжително варено да биде, убаво извриено. Арно ама, не сака кравјо да пие, т.е го имаме истиот проблем како Ј.Иваноска (а тука ни се некаде децата по возраст), не сака да пие од шише со цуцла, ниту од шише со клунче. Пие од чаша. Сега не сака ни млеко да примириса, освен тоа што го добива со цицањето (зборам за чисто млеко). А инаку, му ставам кравјо во кашите што ги јаде, со бисквити и слично и на тој начин гледам да му дадам што повеќе млеко. Ама претежно сака кисело млеко и јогурт, да може да јаде само тоа, нема да се буни. Пред некој ден почнав и со несолено крем сирење, и тоа му се допаѓа, ќе видиме за понатаму :)
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Annath, дали имаш пробано со различни видови цуцли (големина, латекс, гума...) Те прашувам, затоа што золва ми ме посаветува да ја сменам цуцлата со латексна, зашто залагалката е латексна, а цуцлата на шишето не е и му била многу мека. Дали ти го имаш пробано тоа? Исто имам слушнато, дека ако ич ама ич неќа млеко, може да е од тоа што предходно се има изгорено, му е било премногу топло млекото и сега го е страв да пие пак...
    Врска немам зошто така се случува. Стварно ако знае некој, нека ни помогне, затоа што дете да расте без млеко си е :x Мартин пие млеко, али само со лајче, а тоа е голема мака, ако го заучам со шише уште од сега, ќе си дојде ред само да си го држи шишето и да си цица млекце од него...
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Пробав со секакви цуцли, и латекс и силиконски, пробав и со шише со силиконско клунче, не сака да пие, само ги гризе. А претходно си пиеше адаптирано млеко со шише и цуцла најнормално, се откажа самиот кога вадеше заби. Изгледа му пречеше цуцлата на непцето, не знам, само ја гризеше и плачеше. Па така, го научив со чашка да пие, прво пробувавме со вода, а сега се пие од чашка и тоа од малечки стаклени чашки. Порано ми се засркнуваше, му течеше и вода од страна, ама веќе не. Пробај и ти така, ако нема друго чаре.
    Инаку цуцлите од латекс повеќе мирисаат отколку силиконските, па може да ја плука и да се гади. Јас ги киснев во вода со лимон и сода бикарбона, ама џабе, мирисот стои.
     
  7. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас сеуште и давам адаптирано млеко, а ме интересира дали и покрај тоа што немам почнато со кравјо (благо) млеко, можам да почнам со кисело млеко? И како се почнува со киселото? Колку количински на почеток, и тоа се разредува или како? Треба да се внимава на масленост? За благото знам дека е почнува со најнемасно млеко...
    А во врска со цуцилите, мојата лажалка си сакаше и наеднаш, преку вечер почна да и се гади. Нема запче сеуште. Имам едно шиште со цицла од латекс и ништо живо ен ја става во уста Со силиконские досега немаме проблем.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Зависи колкава е малата. Со кисело млеко може од 6 месеци да се почне, можеш да го разредиш ако сакаш, но не мораш. Кравјо млеко не се препорачува до година, но повеќето почнуваат порано - ние почнавме од 6 и пол месеци, тука некаде и со кисело млеко. Слаткото млеко му го давав разредено 2:1, а сега веќе не го разредувам (син ми има 9 месеци). И онака не го пие, го јаде само во каши.

    А за најмала масленост - тоа важи за оние тетрапак млека. Јас лично никогаш на син ми досега не сум му дала тетрапак млеко, само свежо варено, подолго да врие. Тетрапак млеката ги преработуваат секој пат кога ќе им помине рокот, и пак го пакуваат тоа млеко - така можело до пет пати. Можеби е дезинформација, ама јас немам оттогаш во уста ставено тетрапак млеко. Не ми е тешко секој ден да варам најмалку по литар млеко, и онака многу пијам, а и кашите на син ми му ги правам со млеко (оние каши како кексолино, ванилино). И брокула и карфиол му варам во млеко, како и палентата.
     
  9. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    А со какво кисело млеко почнавте? Со кравјо купечко или го подготвувате дома?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Го купувам битолското кисело млеко, најубаво ми е некако, не е многу кисело, и син ми го обожава :)
     
  11. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Еве да се пофалам и дадов пред една недела битолско кисело млеко и го обожава :) Вчера и го измешав и со компир, морков и брокула, инаку компир никако не сака. Кај да е и и со лепче ќе и го давам.
     
  12. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Ке ве молам можете ли да ми кажете еве на јатрва ми детето не сака да пие млеко подолг период не може ни еден грам да стави на него да се поправи. Инаку пиеше Алпско па сега не знаеме што да правиме. Чекам одговор.
     
    На mjay.yyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Им давате на децата варено кравјо млеко и се чудите што некои се бунат и не го јадат. Силете ги па после не се чудите зашто ќе ви бидат болни.

    Дете не се сили нешто да јаде ако не му прија а варено млеко во никој случај не треба да ги силите да јадат.

    Најубаво е мајчино млеко што подолго а потоа неварено (свежо) млеко а ако нема подобро никакво.

    Пред да скокнете зашто вака пишувам информирајте се што се случува со ензимите на млекото кога ќе се свари и како делува казеинот во организмот без тие ензими. Ќе им направите слуз и почесто ќе ви се разболуваат па уште и слатки работи ако почнете да им давате (со сахароза) имате прекрасна комбинација за инфекции и слични појави.

    Мои деца или ќе пијат неварено млеко или никакво а вие како сакате :).
     
  14. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Значи вака и син ми пие тетрапак млеко битолско и мака немаме веке 4 месеца е на такво млеко но сепак внук ми почнува да го одбива млекото а супер си напреднувашњ од него.Он не цица од 40 дена и беше на хип до 6 месеца и налекар препорачаа да биде на тетрапак.Јас побарав совет значи што да превземеме во врска со млекото а не коментар ;)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    Јас лично тетрапак не би му дала на детето во никој случај, му давам исклучиво свежо кравјо млеко покрај доењето. И син ми не пие млеко, го јаде само со млечни каши. Другото го внесува преку јогурт, кисело млеко и овошен јогурт. Колкаво е детето на јатрвата? Да не претерувате многу со млекото? Како расте, количината на млеко треба да се намалува.
     
  16. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Ако нема ни годинка, нека продолжи со адаптирано, нека го смени Хиппот. Закравјо има секогаш време...Скапо е адаптираното, ама како расте и помалку млеко ќе пие, така да....
    Моево бебенце (направивме 9 месеци и една недела) најмногу 300 мл млеко и се собира да испие во 24 часа.
     
  17. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Едно прашање. Досега еве и по ваша препорака и по мој избор, употребувам битолско кисело млеко. Вчера една пријателка ми рече да не и земам такво, многу прашаци имало во него?!? Што мислите вие? Ако ен битолско какво да и давам?...
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    И јас давам битолско од сам почеток, друго не сум купила, што знам... можеби затоа што ми е најубаво битолското кисело млеко. А јогурт не му давам битолски тетрапак, туку оној од Идеал Шипка со помала масленост. Макар што почнав да се мислам во последно време да го сменам... битолскиот јогурт оној во розе тетрапак што е, ми мириса на антибиотици некако :?:
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Anath , пробај со Фемили- најдобар вкус ми има мене ( а сум јогуртоман па можам да кажам :lol: )
    И Идеал Шипка не е лош, не е ни редок, а Битолскиот го расипаа (тој со розево капаче).

    За киселото млеко имаш право, тоа на Идеал Шипка не е убаво.
    А си го пробала тоа од Kpi Kpi? :wasntme:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  20. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    А дали смеат маливе да пијат Баланс јогурт?