Да се вмешам. Месарата е во задниот дел на трговскиот, гледа према стариот дел. Порано одма карши дуќанот имаше пицерија, па слаткара, сега има спортска обложувалница од пред некој месец.
Mariz pisa pa mi tekna da spodelam, alpskoto mleko vo Slovenija mn mn ne go bendisuvaat. Vikaat deka od site tetrapak mleka, alpskoto naj ne cini. Zosto kako, nemam info iskreno, ama poveruvav koga vidov vo gradinka deka im davaat mlecni proizvodi samo od zelena dolina. Ne znam dali go ima kaj nas toa, ama ako ima toplo gi preporacuvam nivnite proizvodi. Jogurtot e prevkusen.
Секогаш битолско к.млеко купувам, ама незнам што ми текна сега Алпско, а па колку е убаво кремасто и вкусно, не ме плаши ептен го бендисав... Млеко не пиеме... јогурт и к.млеко сака само синчево, млеко не баш.
Мене не ми се веруваше, во мк цел живот алпско дома сме купувале, тука поретко, ама градинкава малку ме подзамисли. Од друга страна па низ какви контроли поминува, тешко може да "не чини".
Јас алпско неколку пати имам купено. Киселото млеко е тукашно, во Идеал Шипка се произведува и баш мириса на прашок и хемија. А увозно е тетрапакот алпско, и тоа има едно хрватско и едно босанско. А од Зелена Долина лично сум презадоволна, нивни производи често купувам, кога не можам да најдам од Бучен Козјак. Путерот и павлаката на Зелена Долина се одлични.
Фала ви, сега видов да.. тука е произведено ова. Јас мирис не осеќам баш, проблем имам со носов а на диета сум и една лажица пробав и убаво ми се виде Ке пробаме Зелена долина нареден пат
Ете кој знае зошто. Јас освен јогурт, друго од раѓање не јадам /пијам млечно, па не се разбирам многу во овие работи. (Не ми поднесува организмот, не од аздис.) Јогурт на дукат најмногу ми одговара, а откако го пробав на зелена долина, не го менувам за ништо. До душа и на збрегов е ок. Кефирот на зд го фалат, во градинка им даваат често, ќе почнам и јас да му давам дома, а вие кажете дали е вкусен
Да редактирам мислење. Го пробав козјото млеко на трница како маја и супер ми излезе. Пак е поретко во однос на кравјо кис.млеко но е многу убаво зафатено. Ги имам пробано скоро сите купечки кис.млека како маја до сега со здравје радово најубаво ми испагаше, но со трница е поубаво. Малку е поскапо, но има зошто.
Бучен козјак кисело млеко и јогурт, павлака не давам најмалце до две години, урда имам домашна инаку на Здравје Радово е ок, путер несолен било кој, што има содржина на масти над 70-80%. Президент, Мегле, Осоговски, германскиот од КАМ, на Зелена Долина...
@Annath фала ти , за проба сакам купечки да дадам , а ќе ми прават и мене домашно кисело млеко и урда , само незнам дали да биде од кравјо или козјо млеко ... А павлака не треба да се дава?
Дали ќе биде кравјо или козјо, изборот е твој. Велат дека козјото е подобро, ама немам лично искуство. А павлака не давам оти нема ништо корисно во неа. Павлака и кашкавал од педијатри ми се препорачани после две години. Подобро сирење и урда.
Мајки мојава е 13 месеци, млеко кравјо не сум дала. На цице е + каши. Какво мекце да воведам во комбинација со каши. Адаптираните формули не се затоплуваат па сум на ум за овесно, оризово....Предлог?
Мојот е 12+ и исто на доење и оброци. Кашите млечни ( оние кутиите кој со млеко се прават) , гризот и останато што праам со млеко само Ад на Хип. Ад со зовриена вода ( оладена ) ќе си го напраиш и додадеш во гризот или со она што би искомбинирала. Со кравјо дали 1мес му правев каши млечни и крвната слика беше падната. Сега само со Ад правам.