И кравјото и козјото се премногу тешки за варење кај бебе. Може да дојде до нетолерантност,претпозиции на алергии, подуеност, уништување на цревна флора и пред све до тешка анемија. За ова ќе ти потврди секој искусен педијатар дека до 12мес минимум не се дава кравјо ни козјо како замена на м.млеко. За замена на м.млеко е АД млекото. Имаш и на сам гугле кога ќе пишеш за козјо или кравјо. Поготово за козјо домашно имаш читни...дека тешко да се најде пастелизирано, проверено итн дека може да дојде да фати бебе инфекции, диеареја и бактерии. Па сметам дека за здравјето на бебе ако се нема м.млеко освен АД друго млеко не се дава. Сепак ти си знаеш мајка си твое дете, но истражи и прочитај истражувања има еден тон за кој негативности може да дојдат кај бебе. Во врска со Хип комбиотикот неколку мајки имаа ист проблем како твојот, најдобро е со Аптамил да почнеш и верувам дека Аптамилот ќе го прифати убаво.
Majki ve molam za sovet. Bebe 8+ epten saka kiselo mleko, za rucek i davam so kasata i pocnav kako rana vecera taka po nekolku lazicki ama mislam pola kance moze da izede. Ima li nekoe ogranicuvanje ili da si davam cim dete saka?
И мојава многу сака кисело млеко. Не мислам дека е лошо да се јаде секој ден , а дали има ограничување не знам Јас штипски давам оти таков користеме и ние.
Девојки урда од колку месеци може да почне да се дава? На листево по кое јас се водам ја има два пти по грешка, еднаш е напишана во 7 месеци, еднаш во 12.
Jas kaskaval davam Edamer na Ekoshar, takov koristime i za nas, a na sin mi pocnav da mu davam posle godinkata i mnogu go jade. Citav deklaracija, ne e losa.
Женски, сакам да почнам да воведувам козјо млеко. Колку размер да разредувам и со кое темпо се зголемува количината и намалува размерот? Инаку уште е на ад 3ка, 12+, кравјо млеко не сум дала воопшто. Грешам?
Јас од одма неразредено му го дадов со кашата ( недавам чисто млеко зашто цица уште и само за млечни каши го користам ). Од Збрегов козјото го давам со месеци и никогаш не сум го разредувала.
Дали е можно да нема доволно вит д ако не пие кравјо? Има некој со вакво искуство да нема дете вит д? Една мајка ми пресече на лулашки сеа мисла ми е
А, планираш место АД да даваш? Јас мислев за кашички млечни дека сакаш да правиш. Искрено незнам, нека каже некоја која има искуство со давање кравјо или козјо место АД. Моево е на доење и бидејќи неможам да се одмолзувам ( ми надоаѓа повеќе млеко ) затоа со Збрегов или Алпско му ги правам млечните каши. Едно време со АД на Хип му ги правев ама многу пролив имаше и почнав по препорака на @LiliBoz со Збрегов да ги правам млечните каши. Јас искрено не би дала домашно зашто не е сепак проверено ни може да е убаво пастелизирано ( незнам може грешам ама од она што го имам прочитано на гугле, совети од специјалисти викаат ризик е домашно кравјо па и козјо да се дава ако не е проверен добитокот ). Ама ете поискусните кој давале или даваат нека те посоветуваат. Не сум компетентна незнам ќе те излажам шо и да ти кажам. Мада да сум јас ти....со АД би терала сепак до 2г, а млечни каши би правела со домашно/тетрапак. Сепак АД си ги има сите потребни додатоци и витамини соодветни за возраста. Прв пат слушам кравјо да е поврзано со витамин Д. Моево не пие кравјо па нема проблем. Башка е лето и сончевите зраци се доволни за витамин Д да се надополни во организмот. Башка соодветни намирници богати со витамин Д ќе даваш и све ќе е супер. Немала шо да каже жената па да се најде у муабет треснала нешто. Има деца кој никакво млеко не пијат па немаат никаков проблем. Повеќе шеткање пред 11ч и после 17ч и дете ќе си прима витамин Д од сончевите зраци и богата храна со витамин Д. Терај како ќе ти каже педијатар и не слушај муабети од лулашки. Ако имало мака твоето дете со витамин Д верувам песијатарката ќе го воочила.
Mozno e. Kalciumot go svrzuva vitaminot d ili obratno ne mi teknuva sega. Ama mozno e. Ispitajte sepak ako ti e misla. Vo Avicena nie ispituvame od prst, rezultati istiot den Koja hrana e bogata so vit d? Mislev samo od sonceto se dobiva prirodno od hrana ne. Inaku kravjoto mleko kako mleko nema vrska so vit d tuku kalciumot pa zatoa se povrzuva so mlekoto zosto najceke sodrzi kalcium, ama i da ne pie mleko ako vnesuva drugi mlecni proizvodi nema gajle.
Нема раѕлика исти е, исто ко со водата јана што прават, потполно исто само лупнале бејби. Кашкавал давам осоговски најчесто, но понекогаш и на пониква или на здравје.
Па затоа ми падна чудно на членката што и искоментирале дека мора да пиело детето кравјо млеко. Зашто знам деца кој никогаш не пиеле млеко после престанок со доење или АД. Па никому ништо си надокнадуваат преку друга исхрана. Еве која храна е богата со витамин Д ( има уште некој страни, но во глобала се овие намирници +некоја ) https://www.organicnet.co/en/magazine/kojih-10-namirnica-ima-najvise-vitamina-d Namirnice bogate vitaminom D Goveđa ili teleća džigerica (42 IU u 85 grama), žumance (41 IU po komadu), riba iz konzerve (154 IU u 85 grama tunjevine, 270 IU u 100 grama sardine), šitaki pečurke (40 IU u jednoj šolji), mleko - punomasno, obrano ili delimično obrano (100 IU u 240 mililitara), jogurt (80-100 IU u 180 mililitara), bademovo mleko (100 IU u 240 mililitara), sok od pomorandže (137 IU po čaši), tvrdi sirevi (40 IU po kriški).