Од она што го имам тука прочитано од искуства на мајќи и по фб....кога прекинале со доење не давале никакво млеко. Многу дечиња не ни пијат никакво млеко после цицање и нема ништо лошо во тоа, твоето е 15+ и по 1-2 пати на ден да цица е сосема доволно. Остај го не го форсирај ни со АД ни со тетрапак. Колку сака нека цица па и да несака нема ништо страшно. Еве знам @joy1 ( ако грешам нека извини што ја тагнав ) па и некој други дечиња на феминките буквално никакво млеко не пиеле/пијат после престанок на доење или АД. Блазе тебе чим твоево намалило со подои сериозно. Јас никако да му намалам подои бетер од новороденче цица во последно време дури и напорно ми стана веќе поготово навечер е хорор. Све пробав и зајдува до помодрување и од земја се ака без воздух останува и незнам како ќе се одбиеме. Затоа ти викам чим нејќе да цица не форсирај не е мало 15+ е. Биди среќна што процесот на одбивање ќе ви е без драми и стресови и искрено ти завидувам ама најискрена сум. Ја вчера пробав во шишето ( со цевка ) од кое пие вода му стаив козјо Збрегов и го осети и испљука. Пробав после некој саат кравјо Збрегов и пак исто. Ни сок ( домашни сокови и компоти ) нит чај абре ништо нејќе освен вода еве го 15+ .
@sofi2107 Ама баш исто како новороденче цица затоа си помислив дека немам млеко штом цело време на цицка виси па давам и тетрапак еднаш го сака еднаш не па утре АД ќе дадам да пробам. Може таков им е периодот. И ја се чудам како ќе го одбијам само цица ама некако не од глад туку онака како занимација да му е не знам како да опишам ама еднаш или два пати во денот цица од глад. Од течности само вода пие. Фала богу сега почна во 15 месец вода да сака да пие. И ептен малку јаде па си викам барем млеко да пие. Не сака блендирано, пасирано или да му давам со лажица туку нешто што се држи во раце овошје, зеленчук, корка леб, кифла, кроасан ама цело парче и од забранети работи чипс, смоки, соленки. И по ново макарони сака.
@gjoker4e takov im e periodot, na taa vozrast pocnuvaat ama bas intenzivno da cicaat, bukvalno kako novorodencinja. Ama definitivno ne e od glad, mojot si gi ruca site 3 obroci i uzinki i pak bara da cica. Jas mislam isto ko Sofi, bidejki e veke nad godinka podobro nikakvo mleko otkolku tetrapak. Poveke steta ima od nego otkolku korist. I da resis da go odbies nema potreba od zamena, neka jade mlecni proizvodi i ke mu stavas vo kasi, ama da go ucis da pie presno mleko ili AD na ovaa vozrast navistina nema potreba.
Еве и @Lolipop23 убаво ти пиша дека период е. Еве читни во темите за деца ќе видиш дека многу на таа возраст па и поголемки цицаат како новороденчиња. Па и на фб на страната Поддршка на Доењето исти се искуствата на многу мајќи. Загришувачки ќе е ако дете не напредува ама твоето знам си напредува. Не значи дека немаш млеко или дека е гладно ако бара често да цица. Биди упорна барем да има оброци, немора да е стриктно дека 200-250гр да изеде. Колку сака толку со сила не. Нуди почесто. Јас не би дала тетрапак кога дојам зашто сметам дека нема потреба. Пробав вчера за да видам дали ќе сака и како ќе реагира. Ама непосредно покрај доење ( ете и ти 15+ доиш ) и покрај добар напредок на дете негледам потреба од плус АД ниту пак тетрапак. Сепак се веќе поголеми и кога ќе се одбијат немаат потреба од никакво млеко. Се надополнува како што ти кажа и Лолипоп со млечни производи. Советувајсе и со педијатарот. Период им е ти кажувам и моево па и на останати мајќи така им цицале како новороденчиња ( не дека цицаат ама ете така висат на града грубо кажано ). Мој совет кој кај мојот упали....периоди има кога ни 100гр во денот нејаде ( не се паничам зашто машала е скоро 12кг ) и земав почнав мафини со овошје и мафини со зеленчук и со месо да му правам и ги обожува поинтересно му е и јаде. Пробај направи и дади верувам ќе јаде барем ќе внесува на тој начин намирници.
@gjoker4e не дека имам искуство ама мое мислење е дека стварно нема потреба од тетрапак или ад. Ако веќе решиш да го одбиеш од цицање тогаш ок ама вака мислам дека немаш потреба. Не е гладен се мази си се гушка затоа бара цице нонстоп. Ако веќе сакаш да даваш нешто тогаш земи пример пробај со хумана џуниор на другарка детенцето го сака многу и е иста возраст колку твоето (баш денес бев кај неа).
Ние сме 16+ и пие 500 мл АД во текот на 24ч. Ме интересира уште колкаво количество млечни производи може да внесе + од овие 500 мл ад (во форма на кис.млеко, јогурт, кефир...) Да знам дали претеруваме
Педијатарот ми рече до 18 мес дневната потреба му е од 500-600 мл млеко вклучувајќи ги и млечните производи
Сакам да му купам некое ад само за припрема на млечни кашички. Земав аптамил до сега се разбира пола и повеќе од кутијата се фрла. После годинка кое го земавте? Има тројка од сите млека? Има некое со помало пакување?
Ние сме на ад аптамил, не правам често млечни кашички ама кога правам некогаш ги правам и со алпско. Чисто за да го имам воведено. Мало пакување не ми текнало да побарам. Добро ама ако пие 500 мл ад, му доаѓа ич да не треба да внесе друг млечен производ
А јас пак прашав како што, а они не знаеле што е тоа Остаток од правење на сирење... http://mylife.organic/index.php/2016/07/29/kozjata-surutka-kako-lek/
@emkaemka Се пие. Или да го додаваш во каши . Со палента , овес да потопиш и други житарки . Јас мислев за во прав сакаш затоа се зачудив