1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млеко и млечни производи

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 ноември 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Смеат - АД млеката содржат пробиотици исто како јогуртот, а и здрави се тие за цревната флора и за имунитетот генерално.

    Сесилија, фала на препораката, ќе го побарам, јас сум малку терсене кога се работи за млечни производи, ако не ми мириса убаво, не го јадам. Kри Кри не сум пробала, ама ќе пробам.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Бев споделила со вас, дека имам мака со давањето на млеко од шишенце. Проблемот се среди и ќе дадам совет на другите мамички, кои исто имаат таков проблем (одбивање на млеко од шише).
    Бевме многу упорни јас и свекрва ми. 2 недели, најмалку еднаш во денот се обидувавме со држене на раце и ноџиња да го заучиме да пие млеко. Цело време се дрпаше, плачеше, ме туркаше. Во моментот, во кој си отвараше устата за да плаче му ја пикав цуцлата во уста. 2 пати ќе голтне млеко и пак почнуваше со туркање и плачење со солзи. Жал ми беше, но мораше да го заучиме. Кај се видело бебе без млеко...?!? Се разбира не бевме груби, но бевме многу упорни. Накрај, после 2-3 недели се заучи и сега си ја отвара устата кога виде шишенцето. Пие без проблем по 500 мл - до 750 мл на ден. Задоволна сум многу, не виде дека нема да се откажиме и дека нема да биде по негово и попушти :D .
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Во врска со благото кравјо млеко сега да прашам :)
    Малата има веќе годинка ( и некој ден) ама сеуште не пробало кравјо млеко, т.е. пие Аптамил 3 и последно време пие и тоа многу ..Сакам да почнам со кравјо млеко ( а и подоцна поради мојата склоност кон алергии додека сум била мала). Како и да е, ме интересира од ваше искуство, со какво млеко почнавте, свежо или трајно, прочитав дека треба убаво да се преврие прво. Сега ме интересира најмногу , колку количински прво да и дадам во сооднос 2:1, 2 едини млеко една вода? И колку време да чекам дали ќе појави алергија, па за да можам пак да и дадам. Количината претпоставувам се зголемува постепено, па соодносот се намалува или ?ЈАс од алергииве веќе имам фобија и уште жолчка и немам кутрата дадено, па сега да пробам прво жолчка па по една недела млеко или не знам.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Од јајцето може само од белката да пројави алергија, од жолчката поретко. Инаку, кравјо млеко - најдобро е свежо, убаво превриено, разредено во однос 2:1 - два дела млеко, еден дел вода. Инаку, не е толку често алергијата на млеко - башка што Аптамилот е адаптирано кравјо млеко - значи ќе ти пројавела алергија досега, почеста кај млекото е интолеранцијата на лактоза. Една работа ќе ти кажам - колку повеќе ја штедиш, толку поголеми се шансите да има алергија, може и грешам, ама подобро почни со жолчка, малку од малку да проба, убаво термички обработена. А дали си дала кисело млеко, јогурт, павлака, сирење? Досега веќе требало се од ова да проба :)
     
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Да, кисело мелко , битолско и тоа мнооогу го сака, најчесто во секоја зеленчукова кашичка ставаме, јогурт баланс, а од сирење, крем сирење абц ( и тоа по твоја препорака :) ), само што многу не го сакаше, ама таа за се во почетокот така прави, после со сласт с јаде. единствено за киселото млеко и јогуртот се тепа и нервира за побрзо да и давам, не може да ме дочека до следното лажиче или ако пие јоурт од чашка мислам лиги и течат :) :) :)дури и ми е страв да не претерувам со млечни произвои, пие и ад ама најмногу 130 мл на оброк.
    А и тоа си во право, колку повеќе ја штедам, толку побрзо алергија ќе појави. сега брзо прв пат и дадов животинско, пред тоа една роднина моја и дала шлаг и и се вцрви нафрла газето, ако беше од тоа, на пример од какаото или претера со благото , не знам.
    ок, сега прво жолчка ако не да и дадам, да видам како ќе реагира, млеково може да почека. мислам имам спомнато, јас како мала сум била алергична на јајца (а и многу често сум јавувала алергии) и затоа страв ми е за се.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Штом јаде кисело млеко и јогурт, немаш гајле, слободно можеш и кравјо млеко да дадеш, само на почеток разредено. Сега ви е доволно до кај 500мл дневно (вкупно и кисело млеко и јогурт и млеко што пие), повеќе нема потреба, треба и друго да јаде - поточно, веќе треба да јаде се, ама баш се (освен свинско, јагнешко и останати помрсни работи).
    Газето може од шлагот да и се нафрлило - зависи и каков бил. Ако бил готов шлаг или слатка павлака - тие се чиста хемија, што не е препорачлива за дете. Ако е домашен шлаг, се прави од белки, можно е од тоа исто. Не го исклучувам и чоколадото како алерген, ама тоа си има и добра страна - нема рано да создаде навика за слатки ;)
     
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Annath, за возраст одприлика колку што сме ние, дали е доволно околу 500мл внес на млеко и млечни производи? Имаш некакви информации??
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Грл 500 мл е сосема доволно бидејќи поголема количина ги оптеретува бубрезите.Секако ова не важи за мајчиното млеко.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Одприлика и толку внесуваме. Значи таман. Супер :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас имам читано дека со 8 полни се даваат млечни бидејќи дотогаш немошат да се сварат и преработат и нема да се задршат хранливите состојќи. јас планирам до 8 и нешто со ад млеко и после да почнам постепено да му воведувам млеко кравјо.
     
  11. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.645
    Допаѓања:
    251.482
    Пол:
    Женски
    Сакам да пробам да и дадам на ќерка ми чоколино, и останатите такви храни ама се прават со млеко. За некој ден полни една год па се мислам да пробам. До сега сфатив дека треба да земам свежо, не тетрапак млеко, да го сварам и да го разредам 2:1 со вода.
    Сте давале? Се надевам не е рано а морам да пробам бидејќи многу ми пребира храна па менито ни се сведува на бисквити и леб и јогурт/кисело млеко :(
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    34.385
    Пол:
    Женски
    Ова мое дете денес испи највеке 200 мл млеко :( знам дека е малку ама не сака да пие ....
    сабајле и дадов овошна каша со сливи , ручек морков,компир ,пастинаки и мевце и малце сокче
    ужима јогурт, и вечера кашиче
    сеа ја легнав да спие млеко нејке ,најадена е многу :(
    утре ке гледам повеке да и дадам млеко , вода и сок само со лажиче пие
    малце течности прима во текот на денот :sweat:
     
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    малку е мојот сега ги пие по 200 и покрај 2 не млечни оброци.
    ај не се секирај не му се јади стално исто и син ми некогаш е по гладен а некогаш во текот на цел ден не ми го допива млекото утре или други ден ќе си пие пак како што треба ;) ;)
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Колку јогурт испи и последната кашичка млечна беше? Ако и таа била млечна тогаш не е малку,доволно е. Не треба да се преминува границата од 500мл.дневно (без мајчино млеко,тоа нема мерка )
     
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    34.385
    Пол:
    Женски
    моево мало црвче испи 300 мл млеко во текот на ноќта , еднаш во 00ч и после во 05ч ми врати за цел ден ;)
    вечерната кашичка и е млечна . значи да не ја мислам ...
    Не сака да пие ни вода , ни сок од шишенце , со лажиче само .... ама ако само нека пие
    :)
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Маче, и мојата не сака многу многу да пие. Ама затоа го внесува со храна. Во утринските и вечерните каши вкупно има околу 300мл. Плус малку пудингче, малку овошно јогуртче и ете ти. Доволно е мислам. Кога пие нека пие, кога не сака не ја терам со сила.
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    феминки како ги научивте бебушите да ви пијам кравско??
    јас вчера пробав да му дам прв пат не сакаше ни цуцлата да ја лапни, му направив ад уште не доближано шишето ми зина го осети по миризбата. денес уште двапати пробав да му дам по 100 грама испи.
    се думам да му ставам пола мало лажиче од житаричите со какао на нескле ама незнам како ќе биди?
    ај совет некој?
    знам дека ќе му треба врема сепак нов вкус е ама ми е страв да не не го сака ни сега ни потака, бивало бебе без млеко???
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Пробај со некои од житариците или со какао - нешто што знаеш дека сака, може ќе ти пропие. Јас пробав со се што можев да пробам, не сакаше. Ако не сака млеко, здравје, може сака јогурт или кисело млеко. Еве, син ми без млеко порасна, па што? Јогурт и кисело млеко си пие, и не гледам дека му фали нешто. Ако не сака млеко, не сака, тоа е. Со сила убавина не бива.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Бивало, и не само што бивало, туку и далеку поздрави се тие што не го конзумираат.
    Кравјото млеко има протеини кои не ни се потребни на нас луѓето, а и се многу јаки за бебињата и малите деца. Настрана фактот што во денешно време многу ретко има ПРИРОДНО кравјо млеко, целата потреба од истото е РЕКЛАМА тешка милијарди - што долари, што евра.
    Млекото во рекламите е претставено како „Совршена храна за човекот/децата“, „На секого му треба млеко“, и наместо да рекламираат „производ“ - тие создаваат лажна илузија дека е „Известување“ за полезноста на истото и потсетување дека треба да се користи.

    Кравјото млеко е причинител на многу болести, и уште толку „поддржува“ во нивниот тек. Го намалува и железото во организмот така што практично го „исцицува“ од цревата и го исфрла надвор.
    Калциумот кој се наоѓа во млекото е тешко сврзлив за нас луѓето, па истиот најчесто и се исфрла надвор неискористен.

    Генерално докторите нели забрануваат користење кравјо млеко до 1 година. На мое прашање, доктор ми одговори: „Затоа што доведува до анемија, нели го врзува железото и го исфрла, а железото е најбитно за развој на малиот организам. Исто, не обезбедува доволно калциум, па ни од тоа нема корист“
    - Добро....тогаш КОЈА е користа од млекото?
    Паааа, нема реално, ама после 1 година може да се конзумира, демек тогаш не прави толку голема штета како до 1.

    Јас решив дека на моето дете нема да му давам ништо што има најмал сомнеж дека е штетно, на било која возраст. Таа во моментов пие козјо млеко, мада и тоа планирам за брзо да го отфрлам, и ќе остане со јогурт, кисело млеко, урда и сирење. И не, не се исти овие производи со кравјото млеко, зошто се ферментирани и во нив се развиваат „култури“ кои се всушност добри за цревата и организмот (под услов нормално и тие да се природни, т.е. не од прашак правени).

    Размислете зошто млекото се забранува на болно дете од температура, на дете кое кашла, на дете кое има астма, синуси, атопичен дерматит, алергии, итн итн.
     
    На bittersweet, MacenceEna, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Се сложувам во потполност со Moira камо да знаев порано некои факти за млекото на малата немаше да и давам воопшто :^) Ние исклучиво купуваме млеко за варење дома иако и се помалку се трудиме да го конзумираме. Еве ви едно видео од перофесорот Walter Veith (кој има веродостојни толкувања ;) ) кое од кога ќе го погледнете можеби малку ќе ви го смени мислењето
    http://www.youtube.com/watch?v=1Dl7ipNzYsM
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.