Јас цел живот сум алергична на млеко и млечни производи, егзема имав цело време, па морав скроз да ги исфрлам од исхраната.
Ферментирани млечни производи знаат да јават контактен дерматит на местото каде што се допрело детето со таа храна, ама ако е алергиска реакција советувај се со педијатар како, кога и дали да воведуваш. Ако е контактен, (тој обично од кога ќе го измиеш се повлекува) пробај намачкај крема која што си ја употребувате за секојдневна нега, околу устата, на лицето, да направи еден вид бариера. Мојата има алергија на кравји протеин, козјо јаде без реакција, ама ако се намачка со козјо се вцрвува.
Blagodaram majka, ke probam taka bidejki navistina e steta samo poradi toa da ne moze nisto mlecno nitu pak kombinacija na primer palenta so jogurt ne mozam da dadam radi ovoj prob
Мајки колку мл млео давате на бебе од 1 месец Веќе незнам што да правам немаме никаков ред Еднаш пие 60 еднаш 90 Еднаш 30 Незнам колку да му правам На ад сме И бара да јади на секој сат или два сати Пред 1 ден испи 120 и по 2 сати повторно бараше да јади Незнам дали млекото не го храни или не го сака Веќе незнам што да правам
За Ад млеко правилото е да поминат 3 часа за да се обработи млекото и да нема бебето грчеви. Не значи дека за јадење плаче цело време. Инаку ние дававме во тие месеци 8*60мл ама кај мене е порано родено и со мала тежина. Ако давате на секој час поверојатно е дека има мака со мешето отколку што плаче од глад. Најдобро консултација со педијатар во секој случај.
Здраво, знам дека е старо мислењето, ама искуство, ме заинтересира. Ја надрасна ли алергијата или се уште реагира на кравјо? И од кога почна да и даваш козјо да проба, дали се сеќаваш?
Ја надрасна. Технички на алерго тестови мислам дека не ни покажа реакција иако кога јадеше имаше. Нас јајцето ни беше тригер за реакцијата на кравјо. Не се сеќавам прецизно дали беше пред или после тестирањето, ама од 7-8 месеци сигурно прв пат и дадов и кравјо и козјо и цело јајце, пошто на 8 месеци правевме испитувања. Во принцип ако направи реакција на нешто правев 2 недели пауза пред да и го дадам пак. Си примаше и зиртек можда недела дена. Иначе кораб трница козјо земав кисело млеко. А кравјо и јајце се осудив пак да дадам нешто пред година, а до тогаш на месец го давав во харана која во состав го има како состојка, мафини, палачинки, тестенини. Протеинот е различен кога е печен, варен, пржен, жив и обично по тој редослед е од најслаб до најјак. Од година веќе јадеше без проблем.
Здраво. Дали некој има проверено место од каде зема домашно кравјо млеко? За Скопје прашувам за препораки. Ви благодарам.
Здраво мами,дали го имате ова млеко котистено и дали го варите? Сакам да му дадам да детето,има 2год и 4месеци сеупте пија по една чаша адаптирано млеко,кравјо му немам дадено да пија сакам да му дадам вакво
Здраво, дали може некој да сподели мислење за прв пат кога воведовте кравјо млеко и дали го разредувавте со вода. Бебе е 11 месеци и само на доење, препорака од др е после годинка па да се спремиме.
Здраво мајка, ќерка ми ја доев 15 месеци и беше само на инклузивно доење. Кравјо млеко воведов на 9м. во овесни каши и овошни. Не го разредував со вода.Давав Алпско со витамини ,ама никако не го пиеше и ден денес не пие млеко, само ако и ставам во шејк без да види Сега веќе купувам Битолско или Бела Фарм,какво има дома такво и ставам .