истите тие доктори што сега го забрануваат кравјото до пред 6-7 год го дозволуваа. да сега одат повеќе на семинари и повеќе се читани блабла јас имам прочитано статија која кажува дека кравјото е штетно и организмот неможи да го преработи до 8 месеци зато и со полни 8 му дадов,а ако гледаме така што е штетно а што не многу малку работи не се штетни и мнеито без разлика на бебе или на голем треба да се ограничи на малку производи. денес воздухот е штетен полн со бактерии и секакви работи па го дишиме. ќе ја побарам сега статијата ако ја најдам ќе ја објавам. ако гледаш на то дека не го задржува железото во организмот тогаш не треба ни ад да му се дава. и ад млекото има кравска основа па му се додадени витамини итн. во таа статијата имаше убо објаснато дека протеините и останатите работи што ги има во кравското бебешкиот огранизам не можи да ги свари и ги исфрлува и дека исто како да нема пиено млеко е после 8 месеци организмот е доразвиен и сите добри работи ги задржува. и неможи да ме убеди никој дека за кравското стои реклама и е реклама да му се дава (а не треба) а со ад што е? има 1 има 2 има 3 за после една година има нескле јуниор ехееее што е тоа на тоа, не се заработува ич ахаа зато се форсира толку.
моево бебе пие ад млеко Беба про 2 , сега после 10 месец ке преминеме на Беба про 3 треба да се консултирам со педијатарот што понатаму да и давам ... Кравјо млеко не планирам да и давам сега , а незнам ни за понатаму како ке е ... Јогурт си пие , кисело млеко исто си јаде На оваа тема доволно расправав со свекрвами зошто уште сега не и давам кравјо млеко , И викам моето дете не е теле да пие млеко од крава , си има млеко предвидено за бебиња ама иди докажи де
А си прашала доктор како може нешто што е „штетно до 8 месеци“ да е после тоа ОК ?? Кое објаснување би ти го дал, и дали тоа објаснување ќе ти е доволно за да почнеш со давање кравјо млеко? И кој е тој што одредил 8 месеци? Пошто светски се водат по препораките од > 12 месеци, тие што решиле да даваат ваков продукт барем ова нека го следат. Те читам и на други теми, детето ти вади алергии, не можеш да го оправиш, а упорно му нудиш работи кои ДОКАЖАНО се високи алергени. Можеш ли да замислиш дека малиот на другарка моја на 2.5 години доби таква алергија на млечни производи, да стигнаа до стадиум на астма. И тоа тој почна со конзумирање на млеко од 16 месеци, не 8. Зошто брзање, пак ќе прашам? Зошто мора да се дава нешто оти „без него не бивало“, „бебе без „тоа“ не го личи“??? Кој одредува дека секое бебе треба да наликува на претходните и другите?? Твоето е уникатно, и како такво ќе го третираш. Ако гледаш дека има проблеми од Х причини - тогаш ќе ги одбегнуваш нив и сличните на нив се` додека не порасне и не стекни имунитет, зошто тебе ти треба здраво бебе, не униформирано. На крај не знам ни зошто пишувам уствари јас, јасно е дека си имаш зацртано во главата што мора, а што не, да прави/пие/јади едно бебе, па продолжи си по твојата замисла. Овој пост третирај го како уште едно „солење памет“ и сите среќни и задоволни
а да прашам јас нешто ај сите се против ајможи и има нешто син ми година прави април нема да биди тогаш проблем да му сменам кравско? заради проливи ова она оти се затоплива? п.с алергијата уствари наводно алергија не беше од храна туку од вакцината бсг . нашите паметни сестри му ја ставиле подлабоко а не под кожно и сега пие апчиња против туберколоза и му ставам на раната ( цела дупка на рачето имаше) прашак антибиотски. а истите тие доктори на советувалиште што ми забранија кравско млеко за раната велеа дека е во рад. ко отидов скопја козле одделеије за туберколоза драган дацевски буквално не нараче неодговорни родители ние бевме виновни не докторите што велеја дека е во ред. и тој доктор реце дека нафрлувањето е реакција на вакцината сега со апцињата се цисти.а треба 3 месеци да ги пие. ај пак п.с. тука сме за да прашаме за тие што се во двоумица и поискусните да дадат огдовор и искрено се подзадума сега ама пак ќе прашам дали ќе можам во мај да почнам да му давам кравско?? ај попаметните и поискусните нека кажат а за солење на памет нема шанси само совети си даваме
Лично не знам, ама не гледам причина зошто да не почнеш да му даваш во било кој месец од годината. Ти секако ќе земиш од пресното млеко што се вари, па ќе го чуваш максимум 2 дена во фрижидер, и нема да има никаков проблем.
Јас на син ми почнав да му давам кравјо млеко од годината, пролет беше и немаше никаква реакција. Пробав прво со ад млеко ама не сакаше ни да го помириса а не му ни настојував многу за млеко затоа што јаде се, пие јогурт, кисело млеко така да пресното млеко некако како вишок ми доаѓа. Не пие којзнае колку 200мл на ден дали ќе испие а почнав да му давам затоа што сакав да го одбијам од доење бидејќи и тоа му е повеќе навика од потреба ама доби сипаница па не сакав многу да му дојде оддеднаш. Инаку му давам само органско млеко, има во цела држава 5 сертифицирани органски фарми па од таму ги земам сите млечни производи иако се доста поскапи од другите барем знам дека не се кравите пумпани со хормони и антибиотици кои после ги има и во млекото и млечните производи.
^ Кај вас тоа, кај нас ова: Oсум млекари казнети за продажба на лажни производи Да не има некој инфо кои се овие 8 млекари?
ја најдов таа статијата и морам да си ја признам грешката. незнам зошто си мислев дека можи посе 8ми месец и кравско млеко можи само јогурт кисело млеко и сл. ај еве ја за тие што се заинтересирани да ја прочитат. http://www.dnevnikbebe.com/bebe-0-1/uvodjenje-cvrste-hrane/zanimljivosti/10-01-19/Kravlje_mleko.aspx и да информирам дека сепак ќе продолжам со нан2 па ќе видиме како ќе биди. и јас смотана колку добро си напредува ќе му го менвам млекото
На ќерка ми и дадов кравјо млеко со навршени 8 месеци, таков беше ставот на лекарите тогаш, а многу ме правеа будала што и до тогаш чекав... Може да прифатеше ад тоа ќе и дадев, ама не сакаше ни една марка, па ете ја, уште дооолги години да си го пие кравјото! Инаку,, го пие и чисто, ама повеќе го сака со Несквик кому дете нему сака млеко, со тоа нека проба Секој нека прави како мисли, ама познавам луѓе кои од раѓање се со кравјо млеко, па ете пораснале, израснеле деца, дочекале внуци.... И нашите баби и дедовци сигурно пиеле ад нели?!? а поздрави се од нас, по 80-90 години дочекаа, а израснале со кравјо или мешано млеко! Кој како си сака... Поздрав
Сите што го аргументирате со тоа дека е во ред да се пие кравјо млеко пред годината со тоа дека ете и нашите баби и дедовци пиеле па ништо не им било поздрави од нас се, сте се запрашале ли некогаш каква е разликата од тогаш до сега? Дали воздухот бил загаден како сега? Не. Дали се прскало со пестициди? Не. Дали се давало хормони за растење на кравите? Не. Дали се пумпале кравите со антибиотици? Не. Ете ви ја разликата од нашите баби и дедовци до нашите деца.
ништо не е поздраво од порано па не сме и ние,па за нашите деца да не прајме муабет какви ќе бидат, јас мислам не од тоа што е се пумпано со хормони има и тоа голема врска ама најмногу што ние амјките се притресваме за секоја ситница и ништо не има даваме ништо на бебињата заради тоа ,,што е штетно,, а само лоша услуга му правиме. ама таков е денешниот живот, ад до година така ќе тераме. па за второ или трето можи ќе напрат и до година и пол
На друга тема мислам имав напишано, баба ми ми кажуваше како ги растеле децата - ако мајката немала млеко, го носеле кај друга доилка, до 2-3 месеци (ако имала, нормално доење до 2-3 години). После продолжувале со пченкарни каши (потпечено ДОМАШНО пченкарно брашно со вода), за после неколку месеци да почнат со кравјо, и тоа исклучиво од ИСТА домашна крава цело време. Зошто - не знам, веројатно затоа што знаеле дека стомачето на бебето не трпи 300 промени Што од ова погоре го имаме ние денес? Кој воздух го дишеме со индустријализацијата? Водата од извор да не ни е, директно од селската чешма, или ни ја сервираат во пластични канцерогени шишиња, со 100 хемии во нив? Колку производи имаше по продавниците кога НИЕ бевме мали, не па тие? Колку имаме сега? Што мислите, колку од нив се „природни“? И ај што не се природни, што мислите, колку од нив се предизвикувачи на сите денешни болести, вклучувајќи ја и „чумата“ на 21от век - алергиите? Денес има се` „во прав“. Како е тоа можно? Демек многу сме зафатени, па ни треба побрз начин за готвење и јадење.... Како и да е, секој за себе и своето си одлучува, ама верувајте - денес е мноооогу тешко, во ова нездраво општество - здраво да се храниш Едит: Зошто денес има 10584 лекови за исто толку болести? Прашањето е - создаваат лек за болеста, или болестите ги создаваат преку лековите и нездравата исхрана? Типично маркетиншки - Креирај потреба, за да понудиш решение - само што ова се одразува на квалитетот на нашиот живот и здравјето, не на времето потрошено во гледање реклами, за жал...
Сакам да прашам дали некој е информиран за ознаките на тетрапак битолско млеко што се од зади со црвено бројѓче од 1-12 ,во неврзан разговор со една пријателка ,разбрав дека тоа било колку пати било преработено млекото и дека најдобро било да е со една преработка ,но некако не ми држеше вода бидејќи одам во продавница да истражувам и од еден ист пакет имаше различни бројки некое 1 некое 4 некое10 е сега како е тоа возможно да се пакува во пакет а да биде различно преработено нели е линиски тоа процес . Ако има некој нека појасни може и нема врска ова ама јас првпат и го зљабележувам. И сега друг муабет на педијатар мојата др ме прашува што како му давам на малиот за јадење имаме 8.5 месеци ,јас набројувам месо ,јајца глутен,кисело млеко , и вика ок е се тоа а кравјо млеко викам не давам и ме искара требало да почнам да давам од 7 месеци првин во кашички па веке било време и чисто да го пие. Јас и викам е добро а какво да дадам страв ми е сега ова со алфатоксин и вика не се секирај нашиве се безбедни ,стварно не знае човек што да прави немам доверба во педијатри .
@leo-n-tina Еве што вели прирачникот за правилна исхрана на бебиња во врска со кравјо млеко: Значи не заради афлатоксинот, туку затоа што може да направи алергија ако многу рано се воведе во исхраната. Не значи дека ако се даде пред тие 12 месеци ќе направи алергија, туку има поголеми шанси. Целиот прирачник може да се преземе оттука и содржи навистина добри информации за новите родители: http://iph.mk/index.php?option=com_cont ... 00&lang=mk
Млекото на кое му е изминат рокот на траење од трговијата му се враќа на произведувачот кој има законско право да го повтори процесот на пастерилизација на 190 степени и повторно млекото да го врати на пазарот. Според законот, тој процес може да се повтори пет пати. Меѓутоа, произведувачот е должен да објави колку пати го повторил процесот. Тој тоа ќе го направи, но на свој начин, знаејќи дека никој не прашува дали купеното млеко е преработено повеќе пати" . Тајната е напишана на дното на картонската кутија со ситни бројки. На пример, напишан е бројот 123 56, а бројот кој недостасува во низот е 4, што значи дека тоа млеко четири пати имало изминат рок на траење и дека толку пати било преварено - рециклирано.
Напишав порано за глупавите непроверени работи кои ги пишуваат mkd-news и еве пак истото. Имено, ова со рециклираното млеко и бројките на тетрапакот не е точно. Информацијата потекнува одамна, ама сега кај нас ја актуелизира mkd-news и тие моментално се преплавени со текстови кои всушност се преведени урбани легенди, митови, дезинформации со цел да си го промовираат сајтот. Еве ја веста http://mkd-news.com/znaete-li-shto-znac ... leko-foto/ Еве и демант дека тоа не е точно http://manjgura.hr/mediji/reciklirano-m ... o-mlijeko/
Ние сеуште не консумираме млечни производи но мојот став е ваков до 1 година ќе пие АД со тоа што после 8 месеци ќе поченеме полека кисело млеко така да до 1 година полека сите оброци со Ад ќе бидат заменети со јогурт. Пресно млеко би пиела дури после 1 година сирење од 9месеци кашкавал не и давам моем исење е дека има помалку млеко во него ( може грешам). Би почнала со козјо млеко ( кисело и пресно ) отпвин меѓутоа ако најдам пред се чист домашен прозиводител имам еден ама луѓето се толку прљави што мене ми е гад д а пијам јас не па моето дете ( не мијат шишиња и сл). ако не најдам козјо ќе дадам кравјо . Јас јадами пијам млеко сеуште многу , и сирење мн јадам па верувам идекаона би го сакала . И официјално педијатриве толку ми ја трубеа главава дека е алергична на млеко па излезе дека не е. Би се надоврзала и на Моира порано почетната исхрана не морала да биде со пресно кравјо млеко баш напротив кај мајка ми во село практикувале ако немало доилка да даваат поткиселено кравјо (нивна крава) млеко и тоа уште од првиот ден во контекст на ова пред неколку години ми дојдоа едни историски книги објавени 69 -70 од црвен крст и таму се напоменува па дури има ишема како да се припреми разреди кравјо кисело млеко и да се користи како почетна исхрана уште од првиот ден ( во ова време постоел лактовит формула и уште неколку слични на него ги има во книгичето ) инаку книгата се вика 100 совети за младата мајка
феминки на син ми му давам кравско од битолската со 3.2 масленост. се двоумам дали да земам од новото со витамините, се двоумам бидејќи е со помала масленост 2.8, негде имам прочитано дека ако млекото е со поголема масленост е похранливо, совет?????
Не за похранливост, туку затоа што полномасното млеко содржи масти кои му се потребни на мозокот во развој, а обезмастеното млеко не ги содржи. Додуша, во тетрапакот има се, освен полномасно млеко, па јас не би давала. Не дека има десет витамини како што пишува, тоа ти е чист маркетинг. Изборот на крајот е твој, секако во консултација со педијатар.