Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Млеко и млечни производи

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 ноември 2011.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    пробав со ова за варење не ми го пие ни чисто ни со какао, па зато пробав тетрапак и одма почна да го пие не ми направи проблем, затоа такво му давам.....
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.798
    Допаѓања:
    39.423
    Пол:
    Женски
    Моево не пие никакво млеко веке некое време :)
    до 11 месеци и давав Беба 3 , ама не го пиеше пред спиење одбиваше
    Пробам и со кравјо ни тоа не го сакаше
    И така ... сега си пие јогурт преку ден , јаде кисело млеко , сирење , кашкавал и такаа
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Малиов никако не сакаше АД млеко да пие. :(
    Пред една недела отприлика го одбив од доење и мака мачев да му дадам АД.
    И се` откажав, му давам јогурт и кисело млеко.

    Сосема случајно се сретнавме со една братучетка на мм која има бебе иста возраст колку нашето и таа ми кажа дека педијатар и кажал дека веќе со полни 11 месеци може да му дава и кравјо млеко и тоа како најдобро го препорачала Алпско млеко. Најпрво преку млечни каши, а потоа и чисто во шишенце.
    Се консултирав и јас со нашата д-рка и таа ми одобри.
    Пробав и му дадов Алпско млеко 0,50 со најмала масленост (така ми кажаа) и го прифати, еве веќе трет ден си пие дневно околу 200 мл.
    Знам дека е малку, ама јас сум пресреќна што конечно почна да пие млеко.

    Е сега знам дека треба да пие млеко со поголема масленост, па затоа постепено ќе му давам и од 1,5, па 2,8 за да стигнеме до 3,2 масленост. Ова вака ќе терам цел месец, па со полна една годинка ќе му дадам и млеко со 3,2.
    Следам и реакции, сега за сега се` е ок. :)
     
  4. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Сакам да ги прашам сите поискусни мајки од колку месеци се почнува со давање на тетрапак млеко(кравјо,козјо...)Кога може ад млекото да се замени со природно и како се разредува ...благодарам
     
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    ПРИРОДНО МЛЕКО

    Јас на година и месец го одбив од доење и тогаш директно се префрливме на битолско,тетрапак 3,2 масленост
    Од истото млеко од 8 месеци му давав со бисквити
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    ПРИРОДНО МЛЕКО

    jas od 5 meseci i super se
     
    На Smiley11 и macence4 им се допаѓа ова.
  7. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ПРИРОДНО МЛЕКО

    и јас сум во план да почнам да му давам кравјо млеко, па ајде мамички кажете како да му го давам, која масленост, разредно , кое млеко , од кога?
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    ПРИРОДНО МЛЕКО

    Советите обично се да му даваш свежо млеко, не она што е т.н. трајно, туку нели, оние кај кои пишува „свежо млеко“. На почеток се дава разредено и зависно од тоа како ќе го прифати бебенцето (значи, не само дали го сака, туку дали стомачето му го прифаќа, дали има промени во столицата итн.) се зголемува процентот на млеко наспроти процентот на вода. НИКАКО засладено или со слични додатоци. Секако, сварено претходно. Од кога- зависи од многу работи... Јас никако не би дала пред 6 месеци, а најдобро ни набрзо после тоа, ама тоа веќе е дискутабилно... Сѐ додека се дои, нема потреба од вакво млеко, до 1 година најдобро е адаптирано, а после 1 година постепено да се воведува кравјо свежо млеко.
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ПРИРОДНО МЛЕКО

    ние сме на ад млеко, и сеуште пиеме хумана2 ама можно е да треба да го пуштам во градинка , сеушште не е сигурно, па затоа се мислев да почнеме полека со кравјо млеко, уште малку ке имаме 8м. а кој е соодносот на вода и млеко за почеток?
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    ПРИРОДНО МЛЕКО

    Ако бебето нема алергии, ако нема генерално проблеми со воведување друга храна, тогаш може да се почне со однос 30%млеко со 70% вода. И тоа не многу, за мало бебе доволни се неколку лажички. Млекото има лактоза која може да му прави проблем на мешето кое е неспремно за нови работи. Може да се јават грчеви, гасови, пролив или повраќање. Затоа мора да се оди постепено, малку по малку, за да се види реакцијата на организмот, посебно кај мали бебиња. Ако се премине само на кравјо млеко кај мали бебиња може да дојде до анемија затоа што кравјото млеко има 7-8 % искористливост на железо, мајчиното млеко 53%.
    преземено од интернет: Зошто кравјото млеко не е адекватно за доенчиња до навршени 12 месеци?
    Кравјото млеко содржи поголема концентрација на протеини и минерали, а тоа ги оптоварува бубрезите на доенчето;
    Составот на мастите не е адекватен, има премногу заситени масни киселини, а премалку есенцијални масни киселини. Кравјото млеко не содржи незаситени масни киселини;
    Содржи помалку витамини и јод;
    Содржи помалку железо кое многу послабо се ресорбира во цревата. Недостатокот на железо може да предизвика слабокрвност или анемија кај бебето.
    Ако нема проблем, постепено се зголемува процентот на млеко наспроти процентот на вода, додека не се стигне до 100% млеко. Со кој ритам ќе се зголемува зависи од бебето и како тоа го прифаќа млекото.
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Природно млеко

    И НИЕ СМЕ НА АД МЛЕКО И СО ТЕТРАПАК БИТОЛСКО ПОЧНАВМЕ ОД 3 МЕСЕЦИ.НАЈЦЕСТО МУ ДАВАМ ОД ДЕТСКОТО СО 10 ВИТАМИНИ НО КОГА НЕМОЖАМ ДА НАЈДАМ ЗЕМАМ СО 3.2МАСЛЕНОСТ.СЕГА ХУМАНА МУ ДАВАМ САМО НОЌЕ КОГА СЕ БУДИ ЗА ЈАДЕЊЕ.ОТКОГА ПОЧНАВ ДА МУ ДАВАМ ТЕТРАПАК МЛЕКО И КАШИЧКИ МИ СЕ ПОДОБРИ СТОЛИЦАТА И РЕДОВНО СИ КАКА.СЕ ДОТОГАШ ОДВАЈ ЕДНАШ КЕ КАКАШЕ НА 2-3 ДЕНА.ЗАРЕМ КОГА СМЕ БИЛЕ НИЕ БЕБИЊА ПОСТОЕЛО ХУМАНА,НИПП И СЛ.МЛЕКА.СПОРЕД МЕНЕ ТЕТРАПАКОТ ИЛИ СВЕЖОТО МЛЕКО СЕ 100 ПАТИ ПОДОБРИ ОД ВЕШТАЧКИТЕ.СЕКАКО НАЈДОБРО Е МАЈЦИНОТО ПА ПОТОА СЕ ДРУГО. :D ИНАКУ СЕ РАЗРЕДУВА 50;50
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    Природно млеко

    Озбилно?! Тетрапакот подобар од адаптирано млеко?! :x За мене и двете се нужно зло, ама пак, би одбрала адаптирано пред тетрапак. Јас не пијам такво, а не па на дете да му давам :)
     
    На Marija_Magdalena, MacenceEna и bittersweet им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Природно млеко

    ^Колку сте безобразни да му се одмили на човек да ги отвара овие теми :!:
    Прво насловот ти е смешки :rofl:
    Кое црно природно млеко ти е тетрапакот :x
    Природно млеко е само мајчиното млеко се друго е само замена за тоа што му е потребно на бебето.
    И стварно дај престанете со тоа ние,вие кога сме биле деца......тогаш немало, сега има, зошто место да му дадам на бебето соодветна замена во форма на ад млеко би му дала тетрапак кое нема ништо хранливо само колку да заштедам.
    А ако не прифаќа ад млеко тогаш би барала од некаде домашно млеко а не млеко 1000 пати преработено :x
     
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Природно млеко

    Природно млеко е само мајчиното и се друго е само замена за него. Работата е да се избере од две зла помалото,што во случајов сметам дека е Ад млекото,затоа што има се што му е потребно на бебето.

    А,тетрапак млекото нема ништо во него. Тоа е како да му даваш сок тетрапак и да очекуваш тоа да го нахрани и да му ги задоволи потребите на организмот од потребни состојки. Тетрапак млекото не само што не е корисно,туку не е ни здраво за пиење.

    И мислам дека е излишно да се споменува тоа како се живеело порано ,а како сега. Зошто тогаш не живееме без струја и не се бањаме во река ако ништо не им фалело на нашите предци? (а,уствари им фалело,спореди го животниот век тогаш и сега)
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Природно млеко

    Хм, ги разбирам некои родители кои рано им го заменуваат АД млекото со кравјо свежо или тетрапак. Најчесто тоа го прават од финансиска гледна точка- да не се лажеме знаеме дека најефтиното АД од 300 грама е 300 денари, а како раснат -потребите им се се поголеми. Има многу семејстват кои кубурат со мочани 8000.

    Но ајде да не го развлекувам, јас кога би била во таква ситуација би одбрала козјо млеко. Е сега незнам која е цената на козјото млеко, но сигурно би било поефтино.
    Ама ги обвинувам оние родители кои имаат средства, но рано им воведуваат тетра млеко... Ако било лошо АДто немало да биде прва замена за мајчино.

    Планирам да пијат АД дур да тргнеме градинка. Ниту една градинка не прима АДмлеко ...

    Јас сум 27г и сум хранета со АД мислам дека исто како Хајди Хумана па Лактовит.
     
  16. saseiefi

    saseiefi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    79
    Природно млеко

    Nuzno zlo za adaptiranoto mleko e najlosiot komentar sto sum go cula zar ima majka sto ne saka da ima mleko i sea sto nie sto ima davame adaptirano im davame nuzno zlo :^) alo be zeni raduvajte se sto imate mleko pa neznaete kolku e tesko da nemozete da si go naranite bebeto so svoe mleko i fala mu na gospod so adaptiranoto bar znam deka se prima sto i treba minusot e vo antitelata daj nemojte takvi komentari loso deluvaat na onie koj davaat adaptirano i zoto se vregate tuka treba da sme da si spodelime iskustva i da si pomogneme :o
    E sea da prasam ja mozam da najdam mleko domasno no kako da znam deka toa nema nekoja bakterija zato razmisluvam dali tetrapak ama zdravje toa od 10 meseci taka ni rece pedijatarot poznavate li nekoj koj moze da garantira za domasno mleko deka nema bruceloza i neznam sto :?:
     
  17. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Природно млеко

    saseiefi јас знам дека секоја бактерија од млекото- бруцелоза или сл., се уништува на најмалку 200 степени. Значи ти во секој случај млекото ќе го свариш и извриеш на 300 степени, односно на 3-ка.
    Да не се покренуваат сега пак расправии, и јас не сум за воведување на вакво млеко бар до година. Ете и јас сум растена со кравјо млеко од раѓање, ама малава моја еднаш кога бев во невиден шкрипац со АД и дадов тетрапак и тоа две голтки,другото беше оризова вода ама детето ми се истури од повраќање и проливи.7 пати ми се искака. Незнам од тоа ли беше или коинциденција ама страв ме фати.

    Инаку педијатриве кажуваат различно, некои дури од 6 месеци викаат дека може да се почне со свежо млеко, некои од 10, други па после годинка. Пак родителот е тој кој ќе одлучи од кога.
     
  18. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    Природно млеко

    А дали има голема штета ако давам кравјо 1-2 патинеделно за во ноќна каша или пудинг? За годиначе се рАботи?
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.102
    Допаѓања:
    258.515
    Пол:
    Женски
    Природно млеко

    ^ Јас мислам дека нема штета ама нема ни некоја корист. Тоа се обидуваа мајките да го кажат. Кога веќе давате, убаво си пиша Анатх бар нека е свежо.
    Ќерка ми не пие млеко воопшто, можеби дека сеуште цица, понекогаш и давам млеко со бисквити па така јаде. Тоа и го дадов на некои 15-16 месеци прв пат.
    Инаку јас имам скоро 33години и замислете и тогаш имало АД млека, со такво сум пораснала овде во Скопје без да имам чичко во Германија и вујко во Америка.
     
  20. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    20.842
    Природно млеко

    Јас сум мајка која имаше млеко, но не го доеше своето дете. Тоа не беше мој избор, туку избор на синко. Јас бев премногу слаба ( не по кила, ами физички, на снага) по породувањето, а синко беше мрзлив да отвори уста, а не па да цица. Со педијатарските сестри бевме многу упорни (и покрај мојата малаксаност) но малиот господин не се замараше. Едвај од шишето сакаше да пие.
    За мене АД беше спасот. Не беше зло, ама беше нешто нужно и неопходно. Најбитно- убаво ми напреднуваше. Уште побитно - имаше супер имунитет и не беше болежлив (ова не се однесува на тоа дека АД има состојки кои го јачат имунитетот, ами дека може и дете да е на АД а да е здраво, јако и цврсто, на сметка на многу мои пријателки кои го негираа тоа).
    Тертапак му убацив после 6 месеци, околу 7 месец, прво разредено, и тоа само еден ден, пошто беше жив гладен, а потоа неразредено, Битолско со 3.2 масленост.Така беше до 1 година, кога престана да пие млеко воопшто.Сега само со бисквити.
    Можеби требаше да продолжам со АД до 1 година, баш заради алергиите и сл., но ваков избор направив и во мојот случај не погрешив.