Јас кажав што знам, да навлегувам повеќе и да кажувам како знам и од кај не планирам. А на крај за свое дете секој одлучува сам нели
Бучен Козјак има најприроден вкус на млеко и јогурт и кисело млеко, ама баш мириса на тоа што го пиевме порано, затоа можеби не те бендисал, мм истото го вели, ама мене лично ми е најблиску, да не речам исто, до она кисело млеко што го правеше баба ми од домашното кравјо што го купувавме. Битолското е отров од прашок, кога и да го отворам, ме мава во нос таа хемијата што ја ставаат внатре. Битолското млеко, јогурт, кисело млеко, а особено Балансот премногу, ама премногу мирисаат на прашок, ги прават од млеко во прав. Не ги можам воопшто. Затоа и се најстандардни во квалитет, оти нема промашај со хемијата што ја ставаат. Здравје Радово пред да бидат преземени од сегашниот газда беа поубави, веќе не се тоа што беа, ги избегнувам, ептен ако немам избор земам од нив. Сирење земам домашно овчо од Галичник, од Николови ми беше најблиску до вистинскиот вкус, и тоа одамна не чини. А кашкавал земам мешан Осоговски или Кумановски Овчи. Другите не ми се допаѓаат. Павлака, путер и јогурт (некогаш) земам од словенечките Зелена Долина. Осоговскиот путер е најубав, ама не ми го јадат моиве, им мириса, а мене ми е баш мммм... ме потсеќа на детството. Инаку да немам избор, да морам тетрапак млеко да давам, алпско е број еден, и тоа не она во Босна што го пакуваат, туку словенечкото.
Бучен Козјак за киселото млеко имаат бројни награди добиено. Најблиску е до домашно, има разлика огромна со другите. @Annath точно и за Алпско словенечко, моментално најдобро тетрапак млеко кај нас.
Мене ич не ми ист вкусот со природниот. Дома млеко ни носи и млекар и сами правиме кисело млеко. Вкусот на домашното ич не е ист со ова на Бучен Козјак. Дома е благуњаво киселото млеко ова некако ме штипеше за јазик. МОжеби е личен вкус не знам, ама мене лично не ми се ништо поубави тие на Бучен Козјак.
ние збориме за квалитет, не за вкус. кој најмалку прашок има. тоа што те пецка на јазик значи прашок нема за да ублажи. сети се на вкусот на јогуртот на фридер во кеса и спореди.
Прашање на вкус. Самата знаеш дека колку повеќе го чуваш на топло, толку покисело станува. Јас не ни сакам да биде благо, мора да пецка малце. За домашно млеко сега не би зборела, оти моето искуство покажало дека и тие што чуваат дома крави знаат да прават глупости (читај да даваат антибиотици и хормони, па и да го разредуваат млекото со вода) само за да продадат повеќе. Моето искуство е такво, а искрено се надевам дека вие немате такви проблеми да најдете чисто и квалитетно домашно млеко.
@Annath и @LiliBoz од каде се информациите дека се најквалитетни? Ако имате проверени да си знаеме. Мене на вкус ми делуваше вештачки баш како со конзерванси некои кисело. Може така ми се погодило. Сомнитетелно ми е што одредени луѓе по форуми, facebook и слично ги фалат како најприродно а никој не кажува како е тоа проверено и кој гарантира за истото. Ако е стварно подобро да знам и јас да земам такво. Јас Битолско давам заради сертификати за стандарди што ги има. Давам и јогурт од Тетовска млекара зашто го знам од детство и тој е останат потполно ист. Баш е течен како што си беше на времето. Инаку сите јогурт и имаат млеко во прав таков е процесот на производство видете по интернет има емисии од Discovery. Кисело млеко нема млеко во прав по правило. Мајката односно габата е друга и затоа кисело млеко може и дома да се прави а јогурт не. @Lady*Bug јас сама дома си правев урда. Врие кисело млеко и потоа го цедев. Таа на Здравје Радово има сол. Несолена рикота има во делот со италијански производи во Тинекс.
Да, проверени ми се информациите. Исто како што за битолското ми е кажано дека е полно прашок. Кој што сака нека дава.
За битолско и јас имам слушнато. Наводно се сменил директорот и сега не е тоа тоа млеко што беше. Чист прашок и престанав да го користам. Моментално алпско к.млеко земам
Мајки не знам може сум прашала не се сеќавам може има пишувано и во темава ама не можев да најдам. Какво сирење и урда давате на вашите бебушки и од каде купувате. Фала и поздрав
Младо кравјо несолено сирење. Може и обично кравјо сирење, само да го отсолиш во вода. А урда најчесто се купува на Здравје Радово, друга не знам дали има на пазарот. Јас лично користам домашна, ја купувам од жена од каде што земаат моите со години. Ако имаш време и знаеш и можеш, може сама дома да си направиш. @eheFrau ова и за тебе важи. Мало е твоето за павлака, таа оди после две години, па и повеќе. Еве рецепт за да си правите дома урда
Младо кравјо сирење има на Виндија во зелено пластично пакување. Го има во Веро од време на време. Урда несолена нема кај нас на пазар освен некогаш во Фејзи Буњаковец. Урда дома лесно се прави. Едниот метод е со вриење на обично млеко и додавање кисело пред крај за да се заурди. Вториот полесен е само да се зоврие кисело млеко. И со двата метода се лади млекото и потоа се цеди низ газа.