1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мобилен телефон

Дискусија во 'Дете' започната од jagotka123, 14 април 2012.

  1. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Повекето од родителите на своите деца уште од 7 или 8 години им подаруваат мобилен телефон. Дали е добро на дете од 7 или 8 години да се подари мобилен телефон? Јас никогаш не би подарила мобилен телефон на дете од 7 или 8 години.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    неее :tmi: нормално дека не е добро на дете да се даде телефон..мозеби покасно но никако на тие години..не е тоа играчка..се знае,децата треба со играчки да си играат а не со некои посериозни работи..
     
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Се сложувам и јас со гирл мири. Има време кога ќе добијат они мобилни.
     
  4. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Јас мислам дека е потребно, сепак не да им се купи Iphone али потребно е, на пример во школо е детето па ако се случи нешто да ти се јави. Јас имав тогаш и ми беше да не речам исто потребен како и денес.
     
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    За тоа се одговорни наставничките,да ги известат родителите ако има нешто,како што беше во мое време :)
     
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    според мое мислење дете од 7-8 години не треба да има мобилен телефон,а и јас кога ке имам дете нема да му купам кога ке има 7 или 8 години...

    а и ако се случи нешто во школо наставничките треба да ги известат родителите... :)
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Повеќето би се согласиле дека не треба телефон.
    Ама, такво време иде што мислам дека сепак е неопходен.

    Децата кои се 3то, 4то одделение (8, 9 год.) веќе почнуваат сами или со другарчиња да се враќаат. Не осудувам зошто не ги пречекуваат зашто има родители кои се на работа до покасно од вообичаеното или пак работат втора смена. Да, доколку на училиште се случи нешто - учителката треба да информира. Детето не ни треба да го извади телефонот на час. Исклучен и во ранец.
    Ама, после школо ако бидне нешто? И доколку детето само не е способно да се јави, телефонот нека му виде во џеб, па некои добри луѓе на патот можеби ќе го најдат телефонот и ќе се обидат да стапат во контакт со некој од телефонските броеви од именикот.

    Ова не е странство- децата да ги земаат од дома и да ги носат до школо и обратно, па родителите да се мирни.

    Ама, како што реков - не треба да биде iphone за да слуша музика или да биде телефон со вајрлес. Во тие случаи телефонот е само за фалење. Побогу, јас немам таков.
     
  8. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па до некаде сметам дека потребен му е, но во школо да биде исклучен и да биде најобичен, во именик само мама, тато и некои другарчиња, да го користи кога ќе му биде стварно потребен. Затоа што сепак не му треба на дете од 7-8 год. кој знае каков телефон, кај ќе врти, кај сунѓерот боб? :^)
     
  9. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Ако има било каква неоходна потреба од мобилен-да.И тоа некој од најпростите а не со камера со блутут.А да му дадеш мобилен онака само “за да има“ за да се фали на другарчињата во школо,не :?:
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    Мислам дека нема потреба, барем не до моментот кога ќе почнат да излегуваат сами навечер, или можеби кога сами ќе почнат да одат на воннаставни активности. Не мислам на активностите кои се одржуваат во училиштето, туку некаде подалеку, па да бидеме во контакт.
    Ќерка ми веќе има 7 и пол, не мислам дека скоро ќе има телефон. Не ни побарала, а и никој во одделението нема.

    Веројатно вака размислувам затоа што јас пораснав без мобилен. Кога го купив првиот мобилен, веќе работев. Тоа беше 2001, кога прв пат пуштија припејд. Искрено, мобилен ми требал само во средно, кога некогаш навечер се комбинирав со брат ми и моите за одење / враќање од град. Откако почнав да возам, веќе не ми требаше :)
     
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    абе ајде ние кога имавме 7-8 години имавме ли мобилни телефони па пак се враќавме дома живи и здрави.. :)
     
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Eх,нови моди нови глупости.Стварно некои работи и бесмислици сами си ги создаваме,а потоа викаме дека времето било такво.Па кое време бе?Е ај ако не и лап топ да му дајме за на школо,па и тој е потреба нели ќе се гледаат со мама и тато на камера,додека е голеимот одмор..Свашта. :x
     
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Значи ова е слично на она што го пишував во врска со Фејсбук.

    Не ми е сватливо.Јас сум многу ретро и можда сум заостаната мајка,но не поддржувам вакви работи.
    Син ми има 8 и пол години,и до сега многу пати има барано мобилен.Зошто? Бидејки имаат другарите.
    За да го носи на училиште или на улица кога игра,не може.

    Но,бидејки во последно време,почна да оди сам кај другарче кое живее подалеку,и притоа треба да помине главна улица која е доста фрекфентна,јас му го давам мојот тел.за да ми се јави кога ќе стигне.И кога се враќа назад да го пречекам.Толку.

    Сега почна малку од малку да се опушта и сам да оди,станува полека самостален,инаку јас бев цело време надвор со нив.
     
  14. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Нема потреба и малите деца да имаат телефон, јас барем на моето не би му купувала. Кај и со старине луѓе се расправаме за мобилните што како се, па уште и со маливе деца ќе треба :D
     
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Хаха, не е ништо ова, деца од 5 години, ЕЈ 5 години знаат да пцујат, а не пак што е телефон.
    А, што ќе се случи со нив на 7 год. ? ќе почнат да имаат фејсбук, да прават разни глупости итн итн.
    Најприкладна возраст за мобилен телефон е 12-13(не, тоа не е старомодно, иако некои мајки не го практкуваат тоа, ама срамота е да сакаш детето да израсне покултурно, попаметно и да има безгрижно детство? Ама, технологијава не го дозволува тоа)год, иако ја го добив на 10, не го користев за глупости, само колку да се слушнам за моите, можеби се каам за тоа, ама знаете сите имаат телефони другарките, сестрата, возрасните и ти се јавува голема желба.
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас сум тотално против тоа дете да има телефон. Утре кога би била родител неможам да зборам вака или так аби правела, незнам во тој момент како би гледала на работите.Но едно сигурно знам, дека сего во овој момент да имам дете од 7/8 години и да ми бара мобилен, би го прашала дали воопшто знае он што зборува и би му купила: чипичан,тетрис,нинтендо сето оноа со што ние сме си играле и не сме помислувале на мобилни.
    Мое дете биможело да добие мобилен некаде 5то оделение, само од причини да ми биде при рака-контакт.И тоа не којзнае каков телефон, обичен, за ако го изгуби да го прекорам, а мене да неми е криво што го изгубил или скршил.
     
  17. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Ма ајде, те молам. На 8 години јас незнаев што е телефон, компјутер, уште со кукли си играв и со кал и песок. А денешниве деца, и иднешните никогаш нема да имаат нормално и убаво детство како нашето. Што ќе памтат, која игра ја играле, колку песни имале во телефонот, која им стоела за рингтон..
    Страшно, сега им викаш ајде надвор, тие на компјутер ќе седеле, а порано нас одвај дома не прибираа.
    За телефоните, нема шанси да му дадам. Но за 15 години што ќе се случи, не се знае. Нема шанси, ни телефон ни ништо. Што е премногу, премногу е.
    Што ќе му е телефон ? Да се фали нашколо ? Е нема !
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Првиот мобилен го добив во четврто одделение.
    Сметам дека тоа е таман возраст да се има телефон. Не беше некоја марка, ама беше доста добар во тоа време. Можеби било рано, ама ете сакав, скоро сите мои врсници имаа и модерно беше да се има мобилен телефон па да бидам во чекор со модата.
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Јас просто се чудам со денешниве деца.
    Здравје кога ќе бидам родител, не би дозволила такво нешто...Дете од 5 години има мобилен и тоа модерен. Еден жив пример подарок за роденден од тетка му мобилен телефон, а детето има само 4 год. :fubar:
     
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас работам со мобилни телефони:
    -продажба на половни и нови
    -сервис
    -декодирање
    -галантерија
    Многу пати реагирав на моите муштерии кога се решаа на деца од 7 до10год.да им купат тел.од по софистицираните
    Тие велеа ако зошто да не му купам,да плаче ли?
    Сите деца и имаат па и моето!
    Но,по некое време кажаа:
    Некое го изгубило
    На некое му го украле и.т.н
    Значи малечко детенце од таа возраст не е за тел.,не оспорувам секој родител сака детенцето да има се но тоа не е виновно за последиците туку родителот кој од желба сакај ки да му удоволи создава тага кај малечкото,а револт кај себе што почесто го употребува зборот Не внимаваше ли што те учевме дома,а тоа е само малечко детенце има време за него некаде од 11год.веќе може да има телефон но пак ќе речам не софистициран,значи и да го изгуби да нема кавги нервози и расправии во семејството