1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мобилен телефон

Дискусија во 'Дете' започната од jagotka123, 14 април 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    За мене е тотална лудост на дете да му се даде мобилен.
    Прво до 4то одделение наставничките имаат контакт од родителите, не дај Боже за што и да треба ќе ти се јават.
    Јас добив телефон во прва година средно, па до тогаш ништо не ми фалеше. А сега денешниве ,ми се чини главата дека ќе си ја изгубат а не пак телефон. Туку па и да ги мислиш од 5то одделение натаму штознам.
    А по братучед ми си знам, од 5-6то има мобилен, а никогаш не го слуша, незнае каде му е, и не го користи. Вујна ми кога оди на одмори кај други деца го бара за да го добие, а овој па голем дечко веќе пола мин не му се збори. Кога ќе видиш треба да се процени и по детето дали ќе е одговорно , дали ќе го чува и користи тој телефон.
     
  2. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Јас мојот прв телефон го добив во второ одделение ама не се се сеќавам дека воопшто го побарав. Не ни излегував често надвор да играм, немав потреба но ете моите сметале дека треба.

    Помалиот ми брат има 6 години и има мобилен телефон. Исто и он нема никаква потреба зошто си игра само в двор кај нас. Ни тој не побара ама ете моите сакаја да има.
    Секој си има различни размислувања :)
     
  3. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Добив телефон на 10 години и беше најобичен, што е и нормално.Како што растев и телефоните ги менував, и сеа на 17 и уште немам саламски телефон,убав.
    Не ми е мака за тоа, ама мака ми е што сестра ми има 10 а има дури поубав телефон од мојот, а јас тогаш каков имав.
    Па и сега поголема сум а немам подобар. :fubar:
     
  4. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Јас имав телефон уште на 8-9 години и памтам колку бев пресреќна. Тогаш и татко ми си купи, пред тоа не ни знаев што е тоа. Потоа откако го купи цело време му го земав, ме интересираше што е како е, од што е направен, како функционира.

    Отсекогаш сум сакала да расклопувам работи, а потоа пак да ги склопувам. Си играв игри, ги проучував опциите на телефонот. Секоја година имав нов телефон и јас бев воодушевена од тоа со која брзина се менува технологијата. Откако ќе престанев да го користам стариот телефон го расклопував и ги проучував деловите од кои е составен и бев многу воодушевена. Памтам дека сакав да направам ист таков уред и ги прашував мајка ми и татко ми како можам да го составам.
    Исто на 7-8 годишна возраст добив и компјутер па постојано си играв и го проучував компјутерот. Никогаш немав обично детство како порано што имале децата.

    Но, сметам дека е супер децата да имаат мобилни, таблети и компјутери. Не да се злоупотребува и да се користи за негативни работи, туку за добри,позитивни. Има толку позитивни работи за технологијата, не знам зошто ја гледате само негативната страна. Нормално е дека времињата се менуваат. И ќе продолжат да се менуваат. Зошто да живееме и да ги тераме децата да живеат како порано? Сите одат напред а ние се враќаме на старите времиња. Прашањето ми е зошто?

    Ако оваа година врв на технологијата е нешто, по пола година ќе измислат нешто ново кое старото ќе го засени. Па зошто да не бидеме во чекор со времето? Така се прошируваат и видиците. А со интернетот светот ни е на дланка. Зошто би му го скратила тој свет на моето дете?
     
    На crimson и ceca-1 им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Би му го скратила затоа што БУКВАЛНО цел свет му е на дланка. Да, има премногу корисни работи кои можат да се научат, ама има и милион пати повеќе глупости.
    Let's face it: кое дете ќе ти седне на компјутер и ќе гугла за здрава храна? Од овие што јас ги знам и кои сум ги видела како ги користат компјутерите - никое. Или играат игри (патем, огромен број од страниците со игри се преполни со вируси) или се логираат на фејсбук. Да, да, 9-годишната ќерка на наши пријатели има фејсбук профил. На ова додајте ги сите реклами и pop-ups кои излегуваат од нигде-никаде, трепкаат и се толку привлечни, па излегуваат одеднаш на камера полови органи и слична недолична содржина.

    Моето дете е дете, се‘ уште не знае разумно да расудува со своја глава и се‘ дури не стане доволно големо и свесно какви се‘ опасности го демнат по Интернетов, нема да има пристап до истиот.

    Па и се озрачија децаата, зркнати во мониторите, видот си го оштетија.

    Што се однесува до мобилните телефони, веќе е неизбежно и деца на 7 години да ги имаат. Мајката 20 пати ќе му се јави дури се врати од училиште. Ние кога бевме деца, никој не не‘ бараше. Ама сетне, такви времиња изгледа дојдоа, безбедноста е на се‘ пониско ниво.
    Арно ама, барем кога веќе мора да има детето телефон, тоа нека биде некој пообичен, колку да му служи да ви крене слушалка, а не да се случи да загуби детето телефон од 20 000 или да се сликаат duckface со другарчињата од клас и да ја залепат на Инстаграм.
     
    На crimson, slavica999 и joy1 им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Телефон добив на 17 години богами и тогаш тој го имав цели 3 години, го ценев и дали два пати ми имаше паднато. Тоа беше добар sagem. Од 20години навака сменив многу, ама искрено да ви кажам се гордеам што на 17 години добив телефон и што си го гледав светот кој ми го прикажуваа моите. А вие сега ако му го дадете прерано светот на дланка на вашето дете ќе го разочарате и ќе му ги уништите соништата. Оставете го да си ужива во светот кој сам си го креирал без телефон.

    Да ви кажам случка едни блиски пријатели на својата три годишна ќерка и купиле таблет, што ти разбира дете од таблет, што таа дури веднаш го изгребала и го фрлила на под таблетот.
    Колку што знам не се дава таблет ни телефон на толку мало дете бидејќи зрачи.
     
    На littlevampire му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас ама искрено превртувам очи кога ќе влезам во некоја канцеларија да завршам некоја работа и тетката со тел. ,,сине, јадеше?,, ,,мочкаше?,,какаше? (а он можеби е вол од 20год. али нема врска) ,,ааааа изми раце?,, се облече?,, чекај, чекај а што јадеше?,, убаво беше?,,, И те гледа дека и стоиш над глава а пред врата уште 100 души али нема врска, синчето/ќерката е мало.
    Моето е мало, второ одд. е ама уште немам намера да му дадам телефон. Иако знам дека 5-6 деца носат од негово одд и као тие се фраери.
    Ми текна во момент сега што ми се случи кога појде во прво одд. Прво не сакаше да оди (појма немаше што му се случува и покрај тоа што градинка го израсна ) И едно утро се натезаме пред школото, јас доцнам на раб. он нема намера да влезе. И јас зборам ене го Матеј, ене го Вељко....и ми наоѓа изговор дека не сака да оди затоа што нема мобилен тел. а сите имале. Јас пак зборам дека е мал, толку мали деца не смеат...дрн дрн и оди едно дете малечко и му велам на моето - Еве го Бојан тој нема тел. и е прваче како тебе и Бојан на мене -- АААА како немам, имам еве и вади од џеб Блекбери и јас ваква :drunk: и му кажав ако сакаш оди во школо а јас морам на работа, чао и отидов и нормално тој влезе во училница
    .
    Ќе му дадам кога сам ќе оди на школо или некоја активност чисто ради контрола (не дека и тогаш нема да може да ме излаже, но се надевам дека ќе биде позрел и ќе знае за што се користи тоа чудо а не за игри) но мислам дека тоа ќе се случи малку подоцна (четврто-петто)
     
  8. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Јас мојот прв телефон го добив во 5одд. на 10 години и тоа колку да го имам.Во школо не смеевме да носиме и никој не носеше.Беше сони ериксон со камера и блиц паметам.Не го ни користев, не ме интересираше, само ако требаше да се јавам на домашните кога беа на работа, а мене ми треба нешто.Што се однесува до безбедност јас од прво одд. одев во школо и се враќав сама дома, па ништо не ми се случило фала богу.На моето дете би му дала телефон иако не знам што технологија ќе биде тогаш :D
     
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Така налага самото време во кое живееме, децата од најмали ги занимаваме со музика од мобилен, видеа на таблет и компјутер, не гледат нас.. јас сум со нив по цел ден и мојот мобилен е нон стоп в рака кај 4 годишната ќерка, игра том и ангела, таа сама си врти кај кого има потреба, ги гледа а слика и врти, таа одговара и знае од сликата кој е, си спушта игри сама. Малиот има еден тел. кој ме го користиме и му пуштам игра со куче кои зборува, ју тјуб и сл. А на таблетов има интерактивни игри соодветно за возраста и сам си пушта, реди пузли, игра со кола, да ја допри бојата која ја изговара гласот на играта. Сметам дека тоа е во ред, корисно е, се е тоа на англиски и моите деца прво прозбореа англиски и дома така зборуваат и меѓу себе и со нас. Постарата почна македонски да учи кога се породив со малиот и повеќе беше со бсбс дедо за да нели јас со бебушот подптфне па често се јавуваа и бараа превод :)
     
  10. Negovata Mawecka

    Negovata Mawecka Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Добро бе луѓе еве и јас имам 11 и имам iPhone 5s зошто да не?Имам излез до 11 и не е баш убаво да немам мобилен со мене.Ако во ваше време на 11 сте играле со кукли сватете дека све се менува и не е веќе така.И јас мразам кога мајките ги разгалуваат многу децата ама лошо е и сватете ги и децата од 7 години,сите другари имаат а тие не..Се чувствуваат изолирани имајте разбирање..Сум снимала спотови од многу мала и сега сеуште снимам и знам некој мајки на девојчињата што се сликаат или снимаат секоја секунда мораат да бидат до нив,на сред сликање со лажички им даваат јадење...Не дека моите не се заинтересирани ама сепак кога ке искочам со другарките мораат да ми се јават 2-3 пати..Имам мобилен од 5 години и стварно незнам што вие проблемот..Многу сте старомодни..
     
  11. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Дете нема проблем тука, ова е форум....а 11 години и излез до 11 и ајфон 5, вие како да сте многу модерни....
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.582
    Пол:
    Женски
    Уште незнаат задникот сами да си го избришат ке ми збори за излез до полнок.

    Ама крива е мајката. Мн е лесно дете 'да скинеш' од врат на ваков начин.Еве ти моб,еве ти пари и излез и мавни ми се од глава е работата..

    Истите овие за две години ке ги читаме во Дали сум бремена?
     
    На Annath, Eoo, leona83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Eoo

    Eoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Женски
    Јас првиот телефон го добив во 5то одделение и тоа претходно го користеше мајка ми со еве денеска седам и се чудамм во имам две комшики и тоа малечки едната има самсунг галакси с4 а има 2 годинки а другото девојче сега треба да биде 2ро одд. и има ајфон 6...
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Мало дете нема никаква потреба од телефон. Кога ќе има потреба, тогаш би му купила. Јас не се сеќавам кога го добив првиот телефон. Можеби на 11 или 12 години.