Незнам каде да прашам па ќе пишам тука.. Добро овие од One со Џабестов,значи го активирам пакетот што е 1000мегабајти интернет,1000смс и 1000 бесплатни разговори кон цела One мрежа.Е сега во нив има и 60 бесплатни минути кон сите мрежи.Али кај мене оваа последнава опција не се активира,што треба да направам? Или лаги со опашки се овие?
Па тоа не зависи од операторот туку од функциите, можностите на мобилниот телефон. На поновите телефони, скоро на сите има можност определен број од контактите да блокираш. Значи провери во именикот, поточно лицето кое сакаш да го блокираш.
Одамна немам користено број од Т-мобајл па сакав да ве прашам. Колку време трае кредитот од 100 денари? Фала однапред
^^ На веб страната на ВИП ги имаш сите овие работи, друг пат кога ти треба итно, таму побрзо ќе најдеш, одошто да чекаш тука некој да ти одговори. За да активираш еден од пакетите Vip Click, потребно е да пратиш SMS порака на бројот 144 203 со соодветна содржина: - „START DEN", за дневен пакет Vip Click од 100MB само за 19 ден., - „START", за неделен пакет Vip Click од 100MB само за 39 ден., или пак - „START 1GB", за неделен пакет Vip Click од 1GB само за 99 ден. По надминување на вклучениот сообраќај, ти продолжуваш да сурфаш сè до истекот на валидноста на пакетот, при што брзината автоматски се намалува на 32 Kbps, а остварениот сообраќај не се наплаќа дополнително. Активираниот интернет-пакет автоматски се обновува по истекот на неговата валидност, сè до негово деактивирање со испраќање SMS со текст „STOP" на 144 203.
Прво прашање има ли некој број на Оне за дополнување сметка преку порака? Второ прашање за да земеш телефон на претплата од т-мобајл што е потребно?
за второво....треба да имаш договор. со. компанијата. На една или две години. Мислам дека има и такви и такви. Знам за овие двегодишниве, па ќе ти објаснам.Со поените кои ги собирате две години, одиш во продавницата на т-мобајл и можеш да купиш трлефон по намалена цена затоа што си имал договорот. Ако телефонот е поскап можеш да ги искористиш поените (и онака од јануари пак отпочнуваат од нула) наместо пари или пак со тие поени можеш да одбереш нешто друго од каталогот. изгледа два телефона се земаат на двегодишниот договор. барем ние така земаме. . Инаку, цената на телефонот зависи во која тарифа си. има фемили ес, фемили ем, плеј ес, плеј ем и другите не ги знам.
Пак јас Да не знае некој на Т-мобиле на кој број можам да проверам уште колку ми останало интернет. Инаку на предплата сум. Фала однапред.
Здраво до сите, ми треба итно од вас предлог. Така, ми стигна од ВИП сметка 5.200 денари што е премногу, и се јавив таму им викам мора да е некоја грешка, и ми кажаа да си проверам на онлајн сметката на вип страницата и пресметав имам околу 730 минути изговорено, од 1000 можни со што имат ми лапнано минути и + не ме известија дека немам веќе бесплатни и наплаќаа за секој разговор 7 дена и ми стигна толкава сметка. Сега ќе одам во ВИП ќе им кажам да си пресметаат убаво, и доколку нешто излезе и остане толку сметката 5.200, да не им плаќам , да си исклучам бројот, што ќе можат да направат? Ќе се исклучи сметката? Дали сте имале вакво искуство до сега? Ве МОЛАМ ЗА ПОМОШ. Ви благодарам
Роаминг оне Здраво дали знае некој колку се разговорите во роаминг за Италија, мислам исто од оне на оне во при-пејд, ми треба итно
На еден колега од мајка ми минатата година му дојде сметка од 36.600 денари, затоа што во Албанија бил неколку дена на одмор. Се јавил само дома 2-3 пати и толку. Тоа кутриот му се плачеше дури, требаше 2 месеци да работи за Вип. Поднесе приговор, но ништо, без успех. Сметката му била само затоа што интернетот му бил уклучен на телефонот. Ама не можеш на оператор никогаш да докажееш дека си во право. Потоа братучед ми исто пред некое време исто со некоја наградна игра-квиз не знам што било, требало деактивирање да се направи или во спротивно секој ден по одреден сума се одземало од сметката. И тој настрада, но и ногу други беа исто така зезнати. Ај во овој случај виновен е самиот тој зошто не прочитал убаво кои се условите и правилата за играта. Од друга страна пораките се така формулирани да секој се залета и потоа да не знае што го снашло. Некогаш има пораки кои се формулирани на следниов начин: Денес играте за автомобил или телефон, правилата на играта прочитајте ги на нивниот сајт. Така се залажуваат луѓево. Иста приказна Оне-Татко ми е со години претплатник нивен и минатиот месец купи смартфон исто од таму. Ок се, си ја смени картицата во новиот телефон и не знеше дека интернетот се вклучувал со самото активирање на телефонот. Фабрички значи еден телефон нема фб, гугал и разни апликации нели. Тие се инсталираат накнадно од операториве за да можат да се крадат корисниците на тој начин. Татко ми не користи интернет, но си плати 400 денари за 3 ден што му бил активен интернетот без да знае. Ке си платеше тој кој знае колку доколку не видеше баратучед ми дека интернетот е активен. Беше во Оне и таму кратко и јасно му кажаа-Ке платиш, користел ти или не користел сметката е таа. Со такви заврзлами ке си ги губат корисниците, пак на нивна штета ке биде. Внимавајте како и да е.
На T-mobile сум предплатник и користам пакет каде што имам месечно 500МБ интернет,е сега јас тој интернет го потрошв но ми стигна порака дека:ќе сум имала бесплатен интернет но со намалена брзина. И сега прашањево ми беше дали на некој истото му се случило и да го користи дополнителниов бесплатен интернт со намалена брзин и дали стварно не му зеле плус пари за интернет,или пак лажат? Да знам што да правам? Молам за одговор.Благодарам.
Да мене ми се има случено, и да лажат значи нема врска каква намалена брзина, цел кредит ми го исцицаа ццц
Спојлер Година ипол сум претплатник на T-Mobile, во месечната претплата имам 2 GB бесплатен интернет. Често го надминувам вклучениот сообраќај, дополнителниот интернет сообраќај никогаш не ми бил наплатен. Единствено ми се намалува брзината на интернет. И секако, секогаш ,,редовно сум известена по СМС кога достигнувам 100 % искористеност на пакетот.