Мобилни оператори Кога се префрлувате од еден на друг мобилен оператор, а го задржувате истиот број, дали ви даваат нова СИМ картичка, или ви останува истата?
Мобилни оператори Мислам дека даваат нова картичка, исто ако се префрлуваш од припејд на постпејд и обратно.
Сакам да прашам...? Колку пари е испраќање порака од наш број од T-Moble кога си во странство? значи порака од странство во мк?
Сакам да прашам...? Плавуша јас кога бев на екскурзија во Турција си ставив 400 денари напишав 5 или 6 пораки и потоа немав веќе пари.И не само на мене ми се случи тоа, сите се жалеа дека ги испокрале со тие пари
Сакам да прашам...? Колку што знам зависи од која држава и на кој оператор ке се приклучиш. Побарај на страницата на T-Mobile. Еве линк за при пејд роаминг http://t-mobile.mk/public/?id=c44a9bb6-21bb-48ef-bef9-41473675ec6e
Сакам да прашам...? Женски преку кој оператор е бесплатно да постираш статуси на фб преку мобилниот (од друга држава) ?
Сакам да прашам...? https://my.t-mobile.mk/Registration/Registration.aspx Регистрирај се прво, после можеш мислам дека 3 пораки да праќаш на ден, не ме држи за збор.
Сакам да прашам...? Мислам дека немора да се регистрира за да праќа пораки,може само да го впише нејзиниот број и после од таму ќе и дадат бројче за да може да праќа пораки бесплатно и мислам дека може околу 5 пораки да прати на тој начин, барем јас така правев со бројот од Т - Мобиле
Сакам да прашам...? Колку пари е картичка за припејд од T-Mobile ? Мислам на онаа каричка со телефонски број. Ај да редактирам, најдов на страницата на T-Mobile
Сакам да прашам...? Луѓе ве молам за помош! Си го имав деактивирано ПИНот на сим картичката, и сега дури после цела година ми текна пак да го активирам. Арно ама, не бил тој што мислев, утнав 3 пати и ми бара ПУК. Немам таква опаковка од сим картичка кај што го пишува ПУКот, бројов го земав од пријателка на мајка ми што не го користела. Сега воопшто не ми реагира телефонот, и сакам да се јавам во Контакт центар, само не знам што да им кажам, не знам дали они знаат кој е ПУКот баш за мојот телефон, или има некој универзален или не знам што зборам веќе, се испобркав
Сакам да прашам...? Ако имаш среќа ќе поминеш само со матичниот на пријателката, ако не ќе мораш неа да ја носиш до некој салон. Додуше, кога ќе размислам, нели за новиве картички не бараат веќе податоци при купување?!Може и одма ќе ти дадат Како и да е, звони им во контакт центарот, убаво објасни им што е работата и види што ќе ти кажат. Кога сме веќе кај картички, имм еден број од т-мобиле, со многу кредит, ама не го знам бројот Ако ја однесам картичката ќе ми го кажат бројот за да можам кредит да ставам и да го користам?
Сакам да прашам...? Ако не ти истекло тоа, ѕврцни од тој број, на некој др. А иначе би требало да ти го кажат, ама ти прашај си.
Сакам да прашам...? Однеси го во салонот на мобилниот оператор. Сестра ми така го блокираше и таму и го одблокираа. Е сега, за најбрзо, и побараа да каже три последни броја на кои ѕвонела, па преку нив најдоа што и како. Ако се сеќаваш кај си ѕвонела пред една година... Ама мислам дека би требало да има и друг начин, само ќе треба време.
Сакам да прашам...? Се сеќавам на кои броеви сум ѕвонела последно, зошто јас си ја користев картицата ама немав ПИН. Како и да е, изгледа ќе си купам утре ново бројче, јебига, не можам сега да барам матични броеви и чуда од таа пријателката. И затоа сега сакав да прашам, има ли некаде во околината на Козле или евентуално Карпош продажен салон на Вип?! И дали може во оние новите Вип Смс Шопс да се купи број?! И дали е доволна лична карта за да ми дадат број?! И дали напнав?!
Сакам да прашам...? Сигурно има во Лептокарија или па негде околу Олимпико Инаку за при-пејд бројче мислам дека не ти треба ни лична карта, ама понеси си за секој случај. А за пост-пејд ти требаат два документа за лична идентификација и плус платена сметка од дома, за струја, вода сеедно