Општи прашања Стигнува ли порака како известување на претплатниците на Оне доколку имаат пропуштени повици додека им бил исклучен мобилниот.?
Општи прашања Колку денари е отприлика минута на фиксен? Знам дека е различно за сите оператори, ама само отприлика ми треба.
Какви се цените на Вип за повици и пораки? Се исплаќа ли да имаш број од вип без тие неделните понуди 500 бесплатни мин и пораки или пак за 19 ден 60 мин и сл....?
Вака сега, цел живот сум на т-мобиле и незнам баш како одат работите и цените во космофон.САкам да земам два броја и како оди тоа за една недела имаш 500 или 600 минути за 70 денара со сите што се на ксомофон ако не сум разбрала грешка.Ако знае некој нека пише за некое време ќе одам во космофон и таму пак ќе си прашамм,фалааа
Може ли некој да ми каже како да се регистрирам на страницата на ONE, ако е можно тоа? Не можам да се снајдам...
Пред некој месец зедов бројче од Т- мобиле, дотогаш бев на ВИП, е сега имам едно прашање. По колку време траат кредитиве од 200 денари? Порано, пред 2-3 години траеа месец, а сега немам ставено кредит повеќе од месец, и не сум недостапна?
Ах, сум читала, не сум дочитала, не видов дека си напишала дека си достапна Мислам дека најпрво штом го земеш бројот ти трае за цела година, тоа ќе да е мистеријава
Се исплаќа! Особено ако имаш другарчиња што се на сметка на вип, и ти ѕвонат цело време Мојата тарифа е 2.5денари минута и порака кон сите мрежи! Само за воспоставување повик наплаќаат 3.5 па така првата ќе ти дојде 6 денари а другите понатака по 2.5 Ако многу збориш повеќе се исплати на сметка да си или пак редовно да си ставаш од 500 минути за 79 денари или дневаната од 60 минути за 19 денари. Јас од мое лично искуство сум задоволна, бидејќи не ставам повеќе од 300 месечно а зборам ко луда, посебно со вип заради понудите. Каде, каде сум позадоволна него т-крадците, каде морам на секои 3 месеци да ставам 600 денари(од кој 500 ми беа кредит, а другите 100 ддв ) и ни зборев асално ни имав пари на сметка Овде и да ставаш по 100че месечно си на коњ, особено ако сакаш да ја користиш понудата 2.5 кон сите мрежи. Ако не имаш фора дури цела година, ако можеш да поминеш со 100че, достапен ќе бидеш и ќе можеш да вртиш ако имаш кредит. Значи алал да ми е, колку само сум инфомирана за вип и сама си се чудам, мора да ме вработат, страшна реклама им правам
Јас сум во семеен круг со моите на т-мобиле 4 бројчиња. Не сум задоволна зашто е премногу скапо, не можам на раат да се јавам некаде одма сметката се покачува бааги. Сега најдов еден стар цигла телефон дома и сакам да си земам бројче на вип и да ставам од тоа 500 минути и пораки. Како оди тоа, колку трае и колку се плаќа? И еден број на вип колку е?
Ја активирав опцијата за Интернет од Т мобиле, 69 денари за 30 дена САМО Фејсбук( Јутуб и др страници не вклучени во опцијата додатно се троши кредит). 1. Сакам да знам дали за овие 30 дена јас можам да седам на фб колку сакам или пак има ограничено колку можам да потрошам? 2. Второ, ме интересира, зошто дома си имам вајарлес, дали кога ке бидам дома ке ми се троши од тмобиле интернетот или ке сурфам на мојот вајарлес. Автоматски ми се конектира дома вајарлесот инаку. Има начин дома кога ке си бидам да трошам од домашниот интернет? Начин да се исклучи нешто или сл????
Еден број Вип низ трафикиве е 150 денари, додека пак ако го купуваш од продажбен салон на Вип со лична картичка се на твое име еден е 300 ден и два имаш за 300 ден. Мислам дека вака беше. Инаку за бесплатни пораки не сум имала и не верувам дека има туку некогаш ми стигале како бонус, а за повици ке ти земат само 79 ден. и ке имаш цела недела кон Вип 500 бесплатни минути
Општи прашања Да прашам дали некој имал слично искуство или знае како да го решам проблемот.Претплатник сум на ВИП пост-пејд,сметката ми е 390 ден секој месец,доколку задоцнам со плаќање и ме исклучат ми стигнува плус 280 казнени поени.Два месеца ми се случи да ме исклучат и платив казна,за Јануари и Фебруари.И сега ми стигнува 680 ден а минатиот месец на време платив и тоа двете сметки одеднаш.Бев во 2 ВИП филијали,едни ми викаат не знаеме одете во главниот ВИП,таму ми викаат,мора да платиш казна уште овој месец. Ми посочија и да се логирам на ВИП сајтот да проверам детална сметка.Проверив и тоа,ама само дава листа каде си вртел и колкава е сметката а нема датум кога е платена секоја сметка,а јас старите сметки кои сум ги платила не ги чувам. Помош ?
Јас веќе 6-7 години сум на Т-Мобиле (пртходно Мобимак) Но сега,другарките ми се ВИП, и многу ми е скапо(дека така зборлести сме си си), па да прашам, има ли некаква интересна понуда од страна на вип, за при пејд.