Вчера ми стигна порака од Т-mobile дека ако до крајот на јуни истрошам 300 денари од мојата сметка ќе имам 1000 бесплатни минути секој викенд до Нова Година, само кон нивната мрежата се разбира. Што мислите веродостојно е? ...да не си лупам парите за џабе
Некој што има искуство со блекбери. Спојлер - Мобилниов ни го понудија од т-мобајл, дека помина 1 и пол година од договорот, и треба да земеме нови. Е сега, дали навистина мора да се наплаќа секој месец 700/1.160 ден, за некоја меил услуга? http://www.t-mobile.com.mk/public/d...=002;102&et=168;199;221;173;171;177;175&ust=1
Јас мислам дека мора да се плаќа оваа BB-mail услуга. Всушност они поефтино ти го даваат само уредот (бидејќи истиот чини 22.000 ден. на ново). Ако не ти треба интернет 24/7, не ти се исплати ова воопшто. Но, најубаво ти е да се јавиш во контакт центарот и да си прашаш се што те интересира
Треба да има,јас така си зедов,само што имаше само 2 бројчиња,немаше многу избор,макар што можи немале во моментот.
Досадна сум, знам. На кој временски период изледуваат нови каталози во t-mobile? Најновиот е од 05.06.
Moze li onie 2000 besplatni minuti sto gi imaat korisnicite na postpejd vo vip da se koristat i nadvor od mk? Momentalno sum vo germanija, decko mi vika deka ne mu ja pokacuvale smetkata tuku mu odzimale od onie 2000 min sto spored mene ne e mozno. I uste nesto do moderatorkite kim ili wild-child koja i da e. Ne mi go brisajte sto pati prasanjevo ok? Site clenovi na forumot imaat isti prava. (se izvinuvam za latinicata)
Како да активирам интернет на мобилен? На вип сум. Незнам како оди тоа... Прво трошиш па плаќаш, или ?
Знае некој за припејд корисниците на Т-мобиле, кога ќе истече ваучерот со доставање на одредена сума на кредит за колкав период ќе се продолжи бројот. Бидејќи на овој број ми истекол ваучерот и сега мене може да ме бараат, но јас немам таква можност. Ме интересира на пример ако ставам 100 или 200 денари за колку време ќе ми фунционира нормално бројот? А имам и преостанат неискористен кредит, за него знам дека ќе ми се врати со доставање на новиот. Не го користам редовно тој број, но скоро сите ми го знаат и затоа и постои уште Па барам поефтино да поминам за летово барем. Барав и на Т-мобиле официјалната страна ама не најдов вакви информации, ако не знае никој ќе си одам во продажниот салон.
Општи прашања Наскоро треба да се одлучам за нов оператор.Ми треба неограничен интернет,тв, тел.линија фиксна а сметката месечна да не преминува 1100 ден,со минимално користење на фиксниот(речиси ич).Значи да биде пакет со колку што е можна пониска цена. Многу барам нели ама ете ако имате искуство поделете го.Моментално сум на ONE.
Општи прашања А јас кога прочитав што бараш, баш сакав да ти го препорачам One Ние дома сме на Т-Mobile и воопшто не сме задоволни.Имам еден од нивните пакети, мислам 3-Max, не е ни битно кој пакет, битно е дека сметките се превисоки.Интернетот не ми е неограничен, не знам точно колку е, имаме Max TV само на еден телевизор дома (ако сакаш на повеќе, се доплаќа ), фиксниот исто како тебе, скоро ич да не го користиме.Во договорот беше предвидено сметката да биде 1400 ден., а сепак ниеднаш до сега сметката не била под 2000, најчесто е околу 2300 Е сега, факт е дека интернетот е брз и барем кај мене, ретко паѓа мрежата.Мах TV-то си има свои предности-можеш да стопираш, враќаш или снимаш некоја програма, да гледаш нешто што си пропуштила од минатите три дена, а тука е видеотеката(која според мене, не вреди ништо зошто филмовите не се ништо посебно, а и многу ретко додаваат нови).Јас најмногу се надевав на HBO-то заради филмовите секако, ама и тоа треба да се доплаќа секој месец, ако сакаш да го гледаш.За телефонот не знам нешто посебно да ти кажам, зошто најмалку го користам. Ете ти едно рефератче, колку-толку ќе ти помогне.Ова е само мое мислење, не мора да значи дека треба да го прифатиш или да се совпаѓа со туѓите мислења.Јас само си кажувам од гледна точка на некој што со години е изигран од Т-Mobile
Значи, на вип сум веќе 2 години, и за 1 месец ми истекува договорот. Нешто не сум задоволна од нив, мрежата ни на работа не ми фаќа, паѓа многу често итн. Па се мислев да се ставам на One, бидејки t-mobile е некако прилично скапо. Ве молам споделете искуства, важно ми е. by the way, би зела тарифа со претплата од 500-700 ден...
Јас сум на Оне веќе неколку години и сум задоволна но веќе ако не го обновуваш договорот би ти препорачала да си земиш на при-пејд на Оне , но сега зборуваме за пост-пеј па така да Оне ти е одличен избор ако веќе си се раешила да земаш на пост-пејд за мрежета ич да немаш гајле мене никогаш не ми правела проблеми али кај мене е лошо тоа што не ми кашува кога ми истекле бесплатните разговори па така си се имам занесе неколку пати и сметката (Пази на тоа )
Кој мобилен оператор е најдобар за пост-пејд? Јас имам на Оне пост-пејд и стварно се исплаќа понудата што ја користам. Имаш 400 минути бесплатни кон еден број и 400 минути бесплатни кон сите броеви. Месечната претплата ја одбрав ХЅ ( најмалата,239 денари) и првите 6 месеци не плаќаш ништо. Дури после 6тиот месец започнува плаќањето на претплатата. А јас и онака не зборувам по многу на телефон овие бесплатните минути секој месец ми се доволни, никогаш не сум ја надминала сумата. А да, и мрежата е добра
Кој мобилен оператор е најдобар за пост-пејд? Конечно се одлучив и потпишав договор со ONE, тарифа Total M. Мислам дека направив добар избор. =) Башка си го зедов alcatel ot-995. Case closed =)
Јас сум на вип и тоа на претплата од 250 ден со ддв ми излегува околу 300.Инаку бев ја фатила промоцијата пред 2 години кога можеш да се ставиш на пола претплата а да ги добиваш истите услуги за цела претплата од 500(2000 бесплатни минути кон мрежата на вип секој месец и плус да си го трошиш кредитот од 250 ден кон останатите мрежи е сега мислам дека повикот се воспоставува со 3.5 ден/мин а после е 2.5ден/мин) е овоа е џабест. Сега ми истекува претплатата и пак ке ја продолжам истата премногу сум задоволна.Мрежата не ми пага бидејки не одам сврзана како семеен пакет.Сестрами е на иста претплата ама на посебна сметка исто така и вереникот.Мама не е на претплата она ни титка, а ние и се јавуваме и и ставаме по потреба по 100 денари само за сигнал.Сите другарки имат вип броеви, сите мои колеги од работата што ми биле и оние од факултет со кои контактирам.Зборувам без ограничувања и до сега најголема сметка ми е била 390 оти цело време се уклучував на интернет што се плаќа, немам тел со вајарлес.Е сега во ноември кога ке ја продолжам претплатата ќе си земам таков телефон.