Јас имам 3 телефони од различни оператори но најмногу го користам Оне(џабест) со најблиските зборуваме бесплатно за 100 денари и тоа не ти ѓи зема туку парите можеш да ѓи користиш за разговори кон сите мрежи тарифите се 2,9 минута и 3 оспостауање на поик. смс и мб исто 2,9 јас сум задоволна барем нема ДА се нервирам со мрежата. Но како што реков имам 3 тењлефонои од сите оператори и речиси сите активно ги користам. Добро тој од т-мобиле го користам поретко затоа што е огин скапо.
Ме интересира што мислите за услугата преносливост на број и дали сте ја користеле. За оние помалку упатените тоа е услуга со која можеш да го задржиш бројот со се префиксот а да го смениш операторот. Јас ја имам искористено таа опција и не само јас туку и блиски мои, постапката е ужасно едноставна се што треба да направиш е да отидеш кај операторот кај кој што сакаш да го префрлиш твојот број и да побараш да го портираш бројот. Преставникот на операторот го пополнува барањето и ти дава нова картичка со истиот број. Утредента во период помеѓу 13-16 часот ти ја исклучуваат постоечката картичка и само што треба да направиш е да ја ставиш новата. Услугата чини 236 ден но тие пари ти ги враќа операторот кај кој си се префрлил, во при пеј ти ги враќа во форма на кредит по првото надополнувње, а на пост пејд со намалување на сумата за петплата за тој износ од 236 ден.
Стварно ми е мнооогу битно!! Има ли некој информација на кој начин можам да проверам барани броеви, на припејд. За Vip оператор се работи, али стварно мноооогу ми е важно да ја видам деталната сметка на примени и барани повици. Во контакт центарот ми викаат дека не било возможно, што и самата знаев. Но сепак ако некој знае некоја "обична финта" или некоја "хакерска финта" )) Ве молам споделете..
^ Мислиш на тоа што активираш дневен или неделен пакет? Спојлер Јас кога бев при пејд го користев тој неделниот. Пракаш порака НЕДЕЛА на 140-100 (мислам беше) и ти наплаќаат 79 ден. и имаш 500 минути за користење за една недела кон сите Вип броеви.
^А кога ќе се стави кредит, колку е важноста на картицата? Нели да не ти истече рокот.Да не ти се деактивира број. Пример ако е 6месеци. И со секое ново надополнување се продолжува шест месеци.
Вака убавице треба да става 100 денари месечно за да ти биде 2,5 денари минута и 3,5 ден воспоставување на повик, доколку истечат 30 дена од последното надополнуваче тогаш тарифата ти е 9 денари минута. А, што се однесува до тие „бесплатни" минути воопшто не се бесплатни туку треба да активираш неделна опција од 79 денари и имаш 500 „бесплатни" минути кон цела вип мрежа. Па удри математика колку ќе те чини4 недели по 79 денари тоа ти се 316 денари за 28 дена плус ке треба секој фтор месец да активираш по 5 пати за да ги покриеш тие 2 дена така да во просек месечно ке те чини околу 360 денари.
Дечки имам еден проблем,си купив број на оне ама неможам да звонам.ми вика имате забрана за појдовни повици...ај ако знае некој што треба да направам нека кажи...ви благодарам однапред
извади ја батеријата и картиката почекај 5 мин стави ја пак и види ( а припејд или поспејт не ми е јасно како одма забрана ама вака функционира ако сметките ти се подмирени)
Си ставив 100 ден кредит на ВИП,и ми стаса порака дека имам и 100МБ бесплатни за интернет сурфање...јас немам ваерлес на телефонот и такви ствари,и сега важи ли овоа за мене,или како му иде,ич не се разбирам и многу ли се,малку ли се овие 100МБ,шта може да се уради со нив?
Епа вака: има еден број што на 1 мин само ми титка и веке досадно е,само ме замара со ѕвонење и тоа 3 дена по ред.Како можам да дознаам кој е? Знам дека е глупо прашањво,ама незнам
Сега имаат некоја промоција, сите на припејд и постпејд имаат по 100МБ интернет за сурфање. 100МБ ти се исто ко на компјутер кога ги трошиш, па израчунај... не е многу, веднаш се трошат. И ќе ти треба телефон со интернет, не ти треба wireless. Влегуваш на Google и сурфаш.
сакам да прашам нешто-бев во one некни и баш прашвав како да спречиш да ти звонат со скриен и вработениот ми рече да се стрпам уште малку(бев пред 1,5 недела) и дека со скриен веќе нема да можи да се звони е сега да не знајте или да не имате слушнато негде кога точно ќе почни то да функционира.......иначе ова забраната била донесена со закон од АЕК се надевам дека на сите ќе ни биди добредојдено.... позз
пак јас ама ко со имам мака то е.....пак за тој проклет скриен број....ми текна нешто.....јас сум на one,на постпејд и ме интересира дали можи ко ќе ми звонат со скриен да кренам (оти најчесто ко ќе ми звонат не кревам,оти ќутат ко пореметени и џабе ќе се нервирам ) и после то да побарам листа на повици во one,белким ќе излези бројот,барем јас така си мислам а можи и да не е така....