Јас лично не можам да си го замислам животот без телефон. Цела меморија ми е во него Кои марки ги сакате и ги сметате за најдобри? Јас најмногу си го сакав сони ериксон, ама сменив сега на тач некој од т- мобиле.
Можам без мобилен телефон,иако имам,баш така како што кажа се е меморирано во него и нема потреба од памтење,но од една страна и толку отупуваме,не ги користиме мозоците,затоа се тука мобилни,компјутери.Имам моторола.
Мноооогу сакам ај фоун. Ама не толку многу да дадам толку пари за телефон... па и ај фоун нека е. Во последно време многу ко користам, претежно за службенни цели. За викенд го баталувам. Кој сака да ме најде - знае каде и како
Може може или блекбери, ама многу пари и ја не би дала толку за телефон. Доста е да може да се јавам да ме бараат и пораки да пратам. Е сеа се друго е луксуз И дали некоја членка има блекбери? Да каже импресии?
Имав мерак за Ај фон, но откако брат ми се врати од Америка со еден, некако не ми беше по ќеиф...сфатив дека се уште повеќе ги преферирам роковниот и компјутерот а телефонот сепак го користам само за зборување...Сега си имам Самсунг и ЛГ...И да...мразам два телефони да носам одеднаш...дефинитивно морам да најдам некој што ќе прима две картички
Има сопруг ми блекбери, и шо знам, не ме воодушевува нешто, а ни него. Има доста функции, ама не знам, не ми се допаѓа.
Си имам Самсунг,и задоволна сум,има се што ми терба,ама не сум баш некој фанатик по мобилни,дечко ми ми е многу блиску,така да не зависам од него.МАкар што ми се има случено и да спијам на него,ама поретко!
Видете вака телефонот е потреба, а не да се натпреварувам кој ке има поскап и полуксузен телефон, барем така јас сметам, исто така сметам дека каков и да е телефонот кој го имам ми е важно само да ми ја врши работата да можам да се јавам и да се разберам и чат пат некое пораче да пратам, и што знам па мислам дека можам да издржам без телефон поззз
Користам Нокиа и што знам некако најмногу сум задоволна. Иначе не сум зависна ама ич од мобилниот, дури и кога сум по дома го исклучувам понекогаш за да си одморам на раат. . .
Имам LG KG 280 и покрш мобилен амин :? Само блокира 8 мб меморија има без можност за мемориска и мноооогу лоша камера :evil: си знам понекогаш кога ќе си блокира да си го треснам до земја па луѓето околу мене се чудат со ми е Планирам да го сменам и ќе си земам некој барем со добра камера и меморија за да си слушам нон стоп музика и да си сликам наоколу
Стварно и јас не можам да се замислам без мобилен телефон,а цело време користам сони ериксон некако најдобри ми се и нај издржливи,и нокиа се добри али овие највеќе ги сакам,има и многу добри мобилни али не сум многу мерак по мобилен на изглед го менувам кога ќе го издемолирам а тоа е на 1-2 години затоа што почесто ми паѓа :mrgreen:
Од мобилен зависна не сум. Го користам само по потреба, ако не ми е интернетов при рака. Во однос на марките претпочитам исклучиво Нокиа. Си имам едно Нокивче, веќе 4 години и не смее да ми зуцне. Супер е, и батеријата трае и многу е издржлив (милион пати ми има паднато). И само да се надоврзам на муабетот за Ај-фоун и Блекбери. Има една реклама „Ех... кога ли беа Епл и Блекбери само овошја"
Imam samsung i iskreno me cudi kako e uste ziv, bidejki ne gi smetav za nekoja mnogu kvalitetna kompanija, a i mnogu cesto mi pagal, plus e na lizganje.Da ne go urocam
Па не сум некој голем зависник од телефон, бидејќи сите што ми требаат ги имам на нет Иначе и јас ги сакам сону ериксон и таков си имам ама решив да го сменам и да си земам сону ериксон на тач ( и повторно сону) позззз
Од мобилен не сум и некој голем зависник,меѓутоа факт е дека врши голема работа.Кога ми треба некој можам да му се јавам кога сакам и од каде сакам.Иако највеќе го користам за слушање музика.
Jas imam nokia n97 na touch i prilicno sum zadovolna Ima Qwerty tastatura i vrsi rabota definitivno .. Priznavam samo sony ericsson i nokia .
Јас сум зависник од мобилен, или пишувам пораки, или зборам... А омилени ми се сони ериксон и таков и си имам...
Без мобилен не можам дефинитивно, можеби затоа што постојано сум во движење и ретко кој може да ме лоцира кај сум, освен ако не ми се јави Зависник сум од телефон и постојано имам 2. Едниот ми е сименс тоа е првиот тел кој го купив пред 8год со моите собрани пари од роденден и до ден денес сменив многу мобилни, а тој верувале или не, сеуште е коска здрав а има паѓано милион пати и на плочки и на асвалт. Другиот го купив пред нова година Sony Ericsson G705 и задоволна сум од него.