Најубави опции има Сони Ериксон, и лично, јас тој најмногу го сакам. Стилот на менито, распоредот на алатките а воедно и неговата брзина и едноставност за ракување. За најиздржлив сметам дека се Нокија, кои физички трпат секакви тортури, но сепак остануваат читави. Ми се допаѓа и ЛГ, но многу ми е сложен, т.е. нема шорткатови и брзи опции, за да отвориш една слика треба да испостискаш милион копчиња. Моментално користам Самсунг (Samsung D900), од кој прилично сум задоволна, само ме нервира што префрлањето на сликите и песните од мобилниот на мемориската картица трае мнооогу долго, но сепак океј си е.
Барав на форумов соодветна категорија за моето прашање па не најдов....бев во ВИП ми кажаа дека има ZTE Racer т.е. ме прашаа каква програма сакам да ми инсталираат дали Android или Symbian...ако може некој да ми каже каква е разликата меѓу овие две,која програма е подобра и дали ќе можам апликацијата за дискотеки што е за Android да ја инсталирам на Symbian...плис хелп
Јас мислам дека моментално од сите телефони најдобар е Ајфонот4 ... бидејки има све што е потребно..Но јас го имав Ајфонот3G и тој полека полека се расипуваше.. Не сум сигурна за Ајфонот4..Сеа у шема ми е Блекбери-то. Има све што е потребно за еден телефон. Но и за Блекбери-то исто така сум слушнала дека се расипува хахахахаха.. Најдобра батерија имаат нокиите тоа мора да се каже !!! Позз..
Моментално имам Nokia n95 8GB , i LG GD510. Искрено ни едниот ни другиот не ми се по ќејф но добро , вршат работа
моментално имам сони ериксон и не се замарам толку многу со мобилниот дека мора да ми е најнова мода, овој ми е веќе 4 години
Абе си го купив шо си го купив теми видов дека нема, ај позадини зедов од зедге си спуштив и ко ке ја клајш на сите три се развлеква, мислам дека ќе ме сватиш за шо ти велам е сега како да напрам да ми седи позадината само напред
Епа не може на друг начин, само така може да стои. На три страни да биде наместена. И мене тоа ми сметаше, ама сега веќе се навикнав.
Јас цел ден со то се замарам, ама ко неможи, ќе пробам ми рекоја мене на фотошоп дека си праеле некој, пример 3 слики ќе си одбериш и ќе ги спојш,па така ќе пробам, фала
Moжеш да си направиш таква слика, убаво ќе изгледа. Веќе и во телефонот имаш такви слики, но мене лично не ми се допаѓаат.
Ако се биде како треба, набрзо ќе имам ваков: HTC Desire Стискајте ми палци што побрзо да ми падне во раце.
те го мојот и сум презадоволна, има се што ми треба, т.е. си користам скоро се, освен бебо,ИМ и мај спејс
Јас имам Нокиа 6300,неколку години го користам и ептен сум задоволна од него,не сакам да го менувам,а и да сакам,незнам за каков. Сега скоро сите телефони што се нудат со добри опции се на тач,а ја слабо ракувам со нив,ич не се сакаме Некако нема избор за мој вкус,порано повише ми се свиѓаа телефоните, секакви се нудеа на отварање,на лизгање,вакви,такви,во разни бои......сега технологијава отиде напред