Како може во ледиком да е најевтин ајфон 5 16 гб неверлок? 30.800 е во ледиком, а сегде кај што продаваат на друго место е 38.000 - 40.000
Што беше финтава со апдејтот за Галакси мини 2,од памет ме извади,си се инсталираше ,нормално го апдејтирав и сеа во опциите има режим за блокирање,и ми се испоснимија 5765475783465783465 апликации некои глупи,ск паркинг блабла Се каам што го апдејтирав уопште.
Хахахахахха Да си земеш,подобар е ајфонот,оу ноу,ова е лошо станувам опседната со ејпл а до вчера “мразев’’ ајфони
Епа најефтин е. И затоа кога ќе го купуш ќе ти го дадат со се кутија за кондури наместо оригиналната. Ги шверцаат од Косово.
^Мене ваквите мобилари никогаш не ми биле сигурни, пазете од каде купувате. Има многу случаи кога дополнителната опрема што спаѓа во пакетот да не ја дадат, на пример да ти фалат слушалки, полњач и слично. За оргиналните кутии да не правам муабет - ги ставаат во некакви црни кутии
Моментално имам самсунг с4, пред некои две недели го земав, ајфон 5 имав пред тоа ама некакао ми здосади епл у задњи три години само нив ги користам, ај викам малце промена не е лошо Иначе интересен ми е ептен самсунгов, некако многу опции има и интересен ми е на ајфон ми е се тоа па тоа.
http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 Овој го има една пријателка и е презадоволна а и не ти е скап 3 000 ден на припејд.
А немој даа мислиш дека операториве подобри се. T-Mobile ги вадат футролите од Р6-ката и си ги зимаат за нив. А телефонот во пакет доаѓа со футрола. На почетокот ги вадеа фолиите од Сони телефоните што доаѓаа во кутијата. Некои телефони и кријат на страна за свои луѓе и лажат дека немаат на залиха. Така да јас ви советувам, купувајте од мобилара но пазете од која. Овие Ледиком со црна кутија ги даваат новите телефони, ко од Бит Пазар да купувам телефон.
Дајте предлог за некој убав телефон, со убава камера, а по можност и со предна камера Да има андроид, вифи... Овој месец ми завршува претплатата па ќе си земам нов со доплата Да не биде многу скап.
HTC one Има ептен добра камера, и предна камера, андроид, вифи и све што е можно Брат ми го има, и ептен е задоволен
Ај ве молам препорачајте ми некој убав мобилен телефон да не е многу скап да има вифи,блутутх,андроид,камера Сега знам ќе има нешто предновогодипни попусти па чекам препораки. Секој предлог е добредојден
Имам LG телефон на допир и во последно време зафркава нешто. Бидејќи често слушав музика на слушалки на него последно кога ги извадов слушалките знакчето горе на екранот што кажува дека има слушалки не се тргна. Исто така почна и да не се слуша кога сакам да се јавам за да зборувам со некој, не се слуша глас. А инаку некогаш тоа знакчето на моменти почнува да трепка и сам си се уклучува си светнува тоа екранот. А денес кога го вклучив и сакав да го внесам PIN кодот не работеше тачот, а потоа се врати во нормала и пак почна да работи. Ама ова со слушалкиве не го разбирам. Што му стана вака, на што можи да се должи ова?
И откако го исклучи пак истото беше? И на телефонот од мајка ми се случи истото,но го ислучи па пак го вклучи и се тргна. Ако немаш некои важни апликации и сл,можеш да го форматираш.