Фалаа,прочитав и наназад не видов дека има и од други пофални зборови за телефонот Ќе си го земам утре,другиден па ќе ви кажам импресии!
Одвај си го чекам... Уште утре ќе го земам!Љубов на прв поглед ми беше но реков да не избрзам да не згрешам... Фала голд!
Импресии за овој телефон? Планирам да си го земам деновиве. http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-2
Има TFT екран, што е добар според мене. Е да знаеш дека осветлувањето на екранот не му е баш најдобро. 1Гб Рам Меморија има значи не сака преоптеретување со апликации и игри. Но ако ти нудат Sony Xperia L за истата цена јас тој би ти го препорачал.
Вчера си купив Sony Xperia E колку време треба да го полнам првиот пат? Дали сте задоволни од телефонот? Недостатоци?
Другарка ми го има овој телефон, си го купи пред половина месец и сега за сега и е ок, не кочи.. Инаку велат дека секој нов телефон треба првите два до три пати да се полни 12 часа
Со здравје да си го работиш. Јас го имам истиот телефон,првите три пати го полнев по 12 часа,недостаток според мене е што некогаш кочи,па треба да го рестартирам. Камерата на дневно светло е убава,но бидејќи нема блиц и автофокус навечер не вади убави слики. Батеријата зависи како и колку ќе го користиш,некогаш трае и 2-3 дена,ако не сум на интернет и ти препорачувам да не симнуваш многу апликации.
Моја препорака ти е да не земаш LG телефон,подобро земи се некој Samsung,мајка ми има LG од поновите и телефонот ништо не чини,брзо се расипа. А за тоа дека работи само на вип,значи прима и чита само картички од вип од другите оператори не,барем јас така мислам.
Одличен е има фини перформанси само понекогаш и те како знае да закочи , др замерки немам.Ако го земеш од вип само со вип картици работи , т.е. кодиран е ќе треба да го декодираш за да можеш со оне картичка да го користиш
Оставам на твоја глава, сакаш земај го, сакаш не. Имам врсници што имаа/т секакви модели на ЛГ телефоните, но не се задоволни. Мерак си е мерак, ќе ти помине меракот, нема да сакаш да го имаш. Карактеристиките му се ОК, но од самиот квалитет на телефонот и јас не сум задоволна. За да работи со ОНЕ картичка треба самиот телефон да се декодира што мислам дека и за тоа се плаќа.
Денес добив огромно изненадуванје јас го меркав Nokia Asha 310 и ко го разгледав тел видов дека не е тоа што јас го сакам а башка и воопшто не е како на сликата има многу глупава тастатура катастрофа е.Ми се јавува мм и ми вика за ручек одиме надвор од дома викам ок штом така сакаш пред неколку дена му се скрши тел му паднал на раб и машината го сломила инаку имаше Sony Xperia Tipo година ипол го користеше тел беше како да е нов ништо не му фалеше,јас пред неколку дена едвај да му се изнарадувам земав LG Optimus L4 II неможев ни да му се израдувам мм ми го зема бидејки остана без тел и јас си гледам некој ефтин ама да има се.Идеме на ручек си апнавме како прасиња и ми вади од кеса црвена кутија па и со панделка јас ке паднев од стол бидејки толку не ме изненади ко ме запроси како сеа и ја отворам кутијата и има што да видам тел Samsung Galaxy Young мн се изрдував убав е тел само ме нервира што долу тие како копчиња не светат навечер али ке нели е поклон супер е
2-3 саати, кога ќе се наполни го вадиш од полнач. Не е како старите телефони, тие имаа друг тип на батерија. И НИКАКО да го оставаш да се полни навечер.
Вака, се двоумам помеѓу повеќе мобилни телефони: Sony Xperia L, Sony Xperia E, HTC Desire, HТC Desire 300 и Huawei Ascend Y300. Можеби се премногу ама овие ми се допаѓаат најмногу од понудените, најмногу ме интересира Вашето искуство, со еден мобилен или било што во врска со овие телефони (трајност на батерија, интернет). Благодарам однапред.
Готово, се откажав од LG Optimus L5 Кој и да прашам никој не рече пофални зборови за него А баш го сакав... штета Сега се мислам за Alcatel M'pop http://one.com.mk/mobilni_biznis/produc ... .html#null , има ли некој искуство со него? И сакав да прашам предната камера дали е за сликање, или само за видео повик? Не ми се смејте на прашањево, мајка ми има предна камера, ама само за видео повик
Аlcatel One Touch Scribe-иако сум гоолем хејтер на алкателиве,овој ми е многу интересен зошто е цигла :geek: Го купи другарка ми,и стварно е добар