^Брат ми го има.Го зеде од Вип и искрено е презадоволен и од перфоманси,тач,камера,за разлика јас имам Xperia Е и воопшто не сум задоволна.
Ееееј да ви се пофалам, зедов нов телефон, прехепии сум *_* Иначе еве го телефонот http://blog.phoneslimited.co.uk/files/2 ... -White.jpg Прво сакам да прашам дали има некој искуство со телефонот? (знам дека отпосле глупаво е да се прашува, али ако)И воторо колку време треба да трае првото полнење?
^ Првите неколку полнења се препорачува уредот да се полни минимум 12 часа. Потоа си одиш стандард - ја полниш батеријата само кога е веќе ептен при крај, чекаш додека не се наполни до крај и тоа е тоа.
Јас сакам телефон до 10.000 само или до 12.000 еве нека е,да има вифи,андроид,блутут,предна и задна камера,со повеќе мегапиксели,не е битно дали од т-мобиле,вип,оне,или од кај сака нека е,да биде само уред број си имам. Еднаш напишав никој не ми одговори ве молам препорачајте ми таков мобилен телефон само да е марка САМСУНГ благодарам многу однапред.
http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 Овие двата се добри телефони, меѓутоа не сум сигурна дали имаат предна камера.
^ Мислам дека имаат предна камера тоа до тие двете точки е камерата. Еве БлекМистери мислам дека феминката над мене ти дала добри телефони. Јас имав самсунг галакси с4 ама будала како мене го расипа. Самсунг дефинитивно се најдобри телефони до сега 4 самсунг телефони сум имала сите добри се покажале. И сегашниот ми е самсунг само не е галакси туку обичен од првите телефони на допир.
Благодарам на помошта Самсунг Галакси Тренд ми се допадна,но пишува дека работи само со СИМ картичка на ВИП. А мене моменталниот број ми е на т-мобиле и не сакам да го сменам сите со овој број ме знаат.Гледав во каталогот на т-мобиле го немаат овој самсунг галакси тренд. Да почекам ли додека го донесат во т-мобиле?Некој совет ве молам зошто сегашниов ми е канта.Или пак ако го купам каде можам да го декодирам и колку ќе ме чини и како што знам нели се забрани тоа.Се донесе закон секој телефон да работи со секаква СИМ картичка?
Како не сум видела порано, јас го имам Алкател М Поп. Екстра е телефончето. 4 инчен екран, стакло е.. не можам да го споредувам со другите ама можам да кажам дека за тие пари добиваш солидна копија на Самсунг/ХТЦ... Не ме изневерил досега во никој поглед.. Е сега штета за камерата што нема блиц инаку е доста солидна. ТОа е тоа.. ја сум си презадоволна.. И уште нешто да не заборам, телефонов е мини Чак Норис.. ми има милион пати паднато и тоа по скали се има тркалано и нема ниту една гребнатина за чудо. Топлку е отпорен што може да ти служи како ладно оружје да убиеш некој ахахах
Женски , во мислам сум да си земам некое телефонче , па имал и некое до кај 7000 ден со блиц и предна камера? сега имам самсунг корби ама катастрофа е , нема андроид постар модел е нема ни блиц не вади добри слики камерава... телефониве на сони која цена се?
^^Еве види си тука http://one.mk/mobilni_privatni.html?isorc=9 на One , мислам дека имаат најголем избор на Сони.
Дали некој знае каде откупуваат мобилни телефони, пошто по ова мобилариве најчесто откупуваат само Ајфон, Самсунг галакси...
Мислам дека се завршени,за тие шо се на претплата од вип имаа шанса за бесплатен телефон.Сестрами баш зеде пред некој ден Sony Xperia E
Ако ти е за камерата и не користиш многу апликации тогаш јас најтопло би ти препорачала да си земеш нокиа лумиа 520 или 625 - го има во т-мобиле. Не кажа дали сакаш на претплата или без, па претпоставив дека и двете опции влегуваат во предвид. Но, ако го земаш најмногу заради камерата нема да згрешиш. Има многу подобри, понови и поскапи модели, но, заради цената ги предложив само овие два модела. Сепак пребарај си на нивните веб страни или пак по каталози за да можеш да си го одбереш оној модел којшто тебе најмногу би ти одговарал.
Sony, HTC, Apple и Samsung. Најчесто тие брендови ги гледам низ мобилариве кај нас. Другиве послабо идат. Иначе што имаш ти за продавање?
За Sony xperia Miro некој коментар? Го гледам во вип 9000 е а има и 5 мп камера и има и блиц. Добар ли е?