девојки има ли некоја самсунг галакси тренд многу го сакам телефонот кажете ми како сте задоволни бидејки планирам да го купам.
^ Другарка ми го има и задоволна е, добар е телефонот единствено понекогаш кочи, но не се мисли, за тие пари е одличен нема да се разочараш доколку го земиш
Ај да прашам јас тука. Дали некој знае како можам да ја гледам сметката од претплатата на one? Да појаснам,имам сметка на претплата на договор,и сакам да пеовеерувам колку имам потрошено,е незнам како да влезам во мојата сметка.Ако знае некој би му била благодарна.
https://moj.one.mk/pls/apex/f?p=151:208:479761869554501 Еве ова е процедурата, не е како во ВИП, мораш да се обратиш до нив за да ти активираат онлајн сметка.
Го земала на договор. Другше неможеш да го земеш. (во кеш само телефон) За 9.000 ден имате многу подобри телефони на Sony незнам што сте се запнале за тој Миро. И башка стар модел е.
Дали може да се смени батерија на htc Sensation? Многу бавно се полни, дури по 14 саата а брзо се троши. Каде можам да најдам батерии и колку чинат?
Имав Самсунг Галакси с4 ама ми се расипа. И сега сакам нов телефон да си купам ама поефтин. На пример еве Самсунг Галакси Фејм.Дали е добар,дали некој го има и дали да го купам?
Галакси 4 е чуствителен телефон кој бара доста грижа и внимавање,ама мене ми падна во вода и ми го поправија за 600 ден,најлошата варијанта ти е нов дисплеј,кој телефонот сосема би го оправил и дисплејот 5 инчен е 2000 ден. Освен ако не си го распукал со чекан,и има една година гаранција,така да тешко дека ќе се расипе туку така. За фабричка мана или пропуст,ти даваат друг телефон кој е исправен. Сигурно е на договор со висока претплата.Доплаќа само 9000 и склучува договор за постпеј корисник.Инаку неможе телефон за 38000 да и го дадат за 9000.
Што му е на С4-ката?[/quote Прво му го пукнав екранот,го поправив за 3000 денари. Па брат ми ми го фрли во тоалет школката и не ми кажал(се скаравме нешто и тој е голем лутко ама ај мал е)и после барајќи го ми кажа,тој стоел во вода саат можеби. И го однесов на поправка и ми рекоа не се поправа долго време стоел во вода. И тоа е сега што да му правам бељаџија голем е. Сега некој да ми каже за овој Самсунг Галакси Фејм? Има некој таков?
Искрено јас користам 2 мобини и двата ми се iPhone едниот е бел и е 5 а другиот е затен и е 5s и сум презадовона од нив а имам и ZTE blade g и тој е добар али е андроид а јас сепак сум навикната на iPhone na APPLE , iPhone користам со години го користев iPhone 2, iPhone 3, iPhone 3gs, iPhone 4, iPhone s,и сега ги користам iPhone 5 и iPhone 5s.А исто го имам користено и blackberry bold 9780 и од него сум многу задоволна.
Абе ја прашував стопати ја прашав на која претплата е таа ми вика абе само телефонот го зедов и така не се разбравем како го зела волку евтино битно сакав да кажам за 9000 може да најде и подобра камера од 5мп Alcatel Idol би ти го препорачала (јас го имам м поп и сум презадоволна, верувам дека и идол е одличен)
Добар телефон е ама за 9900 искрено не ми е. Пример сони експериа L,ти е за нијанса подобар еве конкретно во камерата,но ти е и поскап3 000. Нокиа лумиа 520 ти е иста цена,само незнам што преферираш,овој има виндоус оперативен систем,а кај галакси андроид. LG optimus L7 ти е најдобар од понудениве искрено,имаш андроид и супер камера 8МП,ама е 13900.
Имам Sony Xperia E, и тоа го земав еден ден пред Нова Година од ВИП, плус со бројче на пост пејд. Прво, телефонот ненормално многу кочи. Кога ќе го стиснам копчето за уклучување, треба да си почекам 5-10 секунди за да се уклучи екранот, но некогаш и воопшто не се уклучува. Да напоменам дека ова не ми се случува секој пат, туку најчесто. Знае да си биде и нормално. Потоа, неможам да зборам како што треба. Само што ќе се јавам некаде, тие од другата страна не ме слушаат. Т.е. ми го слушаат гласот прво, потоа почнува да се губи и не ме слушаат. А јас се слушам убаво. До мрежата не верувам дека е, бидејќи брат ми е исто така на ВИП, постпејд, и му се нема случено ова ни еднаш, другарите исто така сите се на ВИП. Така да најверојатно е до телефонот нешто. Ве молам за ваше мислење, и дали да одам до ВИП да кажам што се случува, како тие би ми помогнале? Ви благодарам.
Брат ми го има и не му прави вакви проблеми, знае некогаш да закочи ама не е до толку. Ние дома сме сите со Xperia и немаме вакви проблеми. Направи му Repair, поврзи го со компјутерот , ќе ти излезе да ја слегнеш програмата од Sony и имаш да го апдејтираш, да му правиш Репеир и некои други опции. После тоа треба да е добро, а ако не тогаш носи го на сервис.