Вчера го купив samsung galaxy s4,уште неможам да се навикнам на него! има ли некоја девојка што има ист телефон да може нешто од нешто да ми помогне?
Помош за да се одлучам: Самсунг галакси с4 мини или Самсунг галакси 3 ? Во Амц се иста цена, на интернет споредување с4 е демек малку подобар од с3 за нијанса, ама тројка е па поголем? Имам ден-два да одлучам. Ве молам за искуства
Читајте, распрашувајте се пред да земите !!! И јас имам пишувано за Сони Икспериа, сите од таа едиција ужасно бавно кочат, забегуваат со тачот, блокираат. Јас два пати на сервис го носев и џабе. И буквално сите кои зедоа такви мобилни се жалат, еден задоволен не познавам.
Го има ли некоја овој телефон Nokia Lumia 520 Спојлер сакам да го земам па ме интересира како сте задоволни?
Јас имам Сони Икспериа Типо еве веќе една година како го користам. Да не си го урочам ама тачот засега е супер. Ниту еднаш не сум имала проблем со тоа. А ни татко ми,и тој исто така има Типо. Имам неколку апликации и нормално доколку пуштам повеќе истовремено или некоја претходно не сум ја исклучила а во меѓувреме сум укличика друга ќе подзакочи на 2-3 секунди но потоа повторно се си е во ред.
Имам Nokia asha 200, го зедов лани негде мислам беше... Со 2 сим картички е,нема уба камера 2 мегапиксели е го зедов ради то шо има 2 картички ама ништо...Абе и јас па шо очекувам за 4000 ден Сега на лето мислам да купам ајфон, си собрав пари одвај ,барем така мислам ахахха Кажете некое искуство со ајфоните,кај се нај ефтини нешто.. позз
Иако не се работи за истиот модел, дечко ми го зеде Nokia Lumia 625 и не е воопшто задоволен. Првично, му се расипа стариот и плус сакаше Windows 8 Mobile платформа да проба, ама разочаран е скроз. Кочи ненормално многу, копчињата од страна му се многу незгодни, апликациите не работат како што треба, камерата е катастрофа. И последно најнова мода му е, дури збориш со некој да му ѕвониш паралелно на втората линија. Рачунај, телефонот нема ни 20 дена. Се заебававме дека очекувањата за мобилен ни се зголемиле многу (последниве три години iPhone користиме и двајцата, овој беше исклучок), ама вика многу шанси му дадов, едвај чекам еден iPhone 5S да си земам.
Ајфонот е поскап од Самсунг галакси с4,нели? Ја да сум на твое место,би земала Самсунг,зошто е многу пати подобар од Ајфонот,а поефтин е мислам.. Исто така има многу подобра камера 13MP,а Ајфонот 8MP што е далеку подобар Самсунгот..А и не е се до камерата,сепак..ти си одлучуваш А провери си на јутуб, Iphone vs Samsung Galaxy s4, па ќе видиш
Девојки имам iPhone 5s по долго размислување се одлучив за него кратко време го имам вчера ми падна и екранот пукна на неколку места сега ако сакам да го сменам дали тачот ке стане потежок или тоа е само за некои телефони и што да направам за тачот ист да остане телефонот работи ама многу грдо изгледа со пукнат екран никогаш немам сменето екран на телефон што ке ме советувате да правам
^^ Нема да се примеќа ништо, иди смени го ако сакаш, ама ќе те кошта најмалку 3000 ден. Мене чисто ме интересира, како бе така ви паѓаат телефоните и ви пука екранот? Ви паѓа од висина на раката на земја? На плочки, на килим, на паркет, на шо? Не се бре они толку нежни, барем не iPhone-от. Мене пред година и кусур ми падна 3GS-от од тераса (тресев една прекривка, бил во неа не го видов) и тоа на цемент, па имаше минимални повреди, не се ни исклучи ниту ништо.
Верувај ајфонот има подобра камера од с4, јас го имав петката и го сменив за с4. Значи тој со 8мп вадеше милион пати подобри слики од овој со 13, башка предната кога се гледаш на неа ок се сликите, али кога ке се сликаш како со лош фотошоп да се праени, како размачкани боите а предната на ајфонот е бомбона. А споредба на 5с и с4 нема шанси да се праи ни за камера ни за ништо.. Брат ми има 5с и не можат да се споредат сликите. Башка некако андроидот мене ми изгледа како недовршен со премногу багови, багови што на ајфон никогаш ги нема Ова е мое мислење сега за сега, така да јас искрено едвај чекам да соберам уште малку пари и да си земам 5с
Се извинувам за едно по друго мислење, јас имав 4с пред некое време, во ташна ми беше и кучето ми избега од двор јас по него трчав, а ташната незатворена, и директ од ташна ми излета на бетон и сол се направи екранот. Ма да мислам дека пошто имаше маска, милион пати ми има паднато без маска и ништо, а ова дали маската го стега па мора негде да пукне не знам стварно, али ете ја мојата прича
После Iphone 4s, ми падна се испорасипа, нема спас Немав многу пари си купив Sony xperia miro...задоволна сум.