Благодарам на советот ке го сменам не можам со пукнат екран Еве како се случи катастрофата моментално сум во Германија кај баба ми и отидовме да се прошетаме со моите јас сакав да сликам и се качив на едно височко место со прекрасен поглед ама дури ги вадев ракавиците за да сликам ми се слизна и падна во едно како дол и јас скокнав по него не ми беше ни страв скокнав како херој моите трчаа по мене ми викаа застани ама ич не ги слушав си трчам да го спасам Ајфонот и кога видов пукнат екран мислам ми се сврте мајка ми скокна во долот по мене и ми вика ај немај гајле ако треба нов ке купиме (лажеше да ме смири) после не можевме да излеземе од таму ама важно го спасив Ајфонот
Јас пред речиси три години (кога излезе) купив Sony Xperia x8. Телефонот 100 пати ми падна, на плочки, на цемент, со екранот доле и како уште не и уште е жив, си работи мака нема. Летово купив Sony Xperia ZR и сум задоволна. Може да издржи 30 мин под вода (не е за под морска вода), може со него да сликаш под вода (ама јас искрено не сум пробала, некако не ми се дава да го бутнам по вода ), 13 мп камера и што уште не.. Маж ми исто така веќе 3 години користи разни модели на Sony - Xperia и е презадоволен. Така да, ако имате можност, купете си Xperia Z, ZR, Z1 или Z Ultra, сите се одлични! Е сега ги гледав новите модели, па тие јас што ги испофалив ептен застареле.. Најново од Sony - Xperia Z1s (излезен е во Јануари 2014), со 20 мп предна камера и уште многу други интересни карактеристики, ама цената е околу 600$. Ако купувате телефон, моја препорака се дефинитивно Xperia! Јас сум презадоволна од нив!
Од едно паѓање ти се испорасипа? Мене ми има паднато 200 пати, буквално 200 пати, па работи како што треба, освен што му го пукнав екранот, ама и без тоа работи како привот ден без компликации и ништо не е зафркнато(не е за фалење моево ич, ама морав за да докажам поента) Не се расипува ни еден телефон од едно обично паѓање, освен ако не си го треснала од ѕид или да ти паднал од 5 метри височина па сол да го направиш. Ајфон па уште помалку, не го фалам зашто го имам, зашто сметам дека стварно е жилав телефон во однос и на хардвер и на софтвер. Кој прашуваше наназад некој за Нокиа телефон, пазете, има многу нокии со видоус оперативен систем, јас три пати би се размислила дали да купам нешто такво. Андроидите не се нешто нај, ама па виндоус за телефон, јас лично никогаш. Скајп апликација да не можеш да најдеш.
Јас имам нокиа лумиа 520 прекрасен е телефонот.брз,неверојатни слики не се двоумете да го купите.и да,има скајп.
Имам Alcatel Idol и воопшто не се мислете заради марката.Ми има паднато неколку пати но,на екранот гребнатинка нема освен што од страните е малку испочукан.Ја сум задоволна,вади одлични слики и го обожавам.
Колку други апликации имаш на телефон освен скајп, фејсбук и вибер? Колку апликации можни имаат андроид и ios, а колку на виндоус? Ни третина. Плус не може да се врти на вибер, има некои проблеми, скајпот исто ужасно многу кочи. Се е тоа океј, телефонот не е лош, далеку од тоа, ама општо кога си научен на андроид и на ios со милион можни бесплатни апликации, виндоус е 0 во споредба со нив. Шазам нема, ниту саундхаунд, чисто се сомневам дека има македонскине апликации што го има на андроид и на ios.
Од коа си го купив ајфонот 3,пред одприлика 3 години никогаш не ми текнало да го сменам. Може не е најнова мода ама ми врши работа. Ми има паѓано мн, ама го нема да трепне. Екранот само ми е малку изгребан. Освен за јавување, одвреме навреме камерата само ја користам. Вади многу убави слики. Е сега има ли некој инсталирано вибер, скајп и слични работи на него? Оти кога пробував преку ај тунес ми вика дека неможе да се инсталира. Фала дечки
Не преку itunes, туку преку app store. A кој ios го има инсталирано, му правиш редовно апдејт? Мора да можеш viber и сите бакрачи да ги инсталираш, само пази совтверот да ти е барем 5ка, за да може да ти ги прима апликацииве, зашто скоро сите се апдејтувани да пасуваат од 5ка па нагоре.
На iPhone 3G може најмногу да му се инсталира iOS 4, затоа ги нема сите апликации. За жал, единствена опција ти е да го смениш телефонот. Најновиот оперативен систем iOS 7.0.4 може да се инсталира само на iPhone 4, 4S, 5 и 5S. едит* Сигурна си? Да не ти е телефонот 3 GS, а не 3G ?
А да не и е 3gs? Бидејќи на 3gs колку што знам може, ако е постар модел, за 3g искрено не знаев дека не може поише од ios4ka, ама добро ете сега научивме
^^ Знаев. И сега на кој оперативен систем ти е ? На iOS 6 и кусур, така? Види кој модел ти е во Settings----> General---->About.