Дефинитивно Samsung Galaxy S4 Mini помеѓу овие два. Многу е појак s4 од desire 300. Во секоја смисла на зборот е подобар, затоа не се ни мисли кој да го одбереш. Побарај си на интернет споредба, пишува се.
Се мислам дали Самсунг Галакси Фејм или Сони Икспериа М? Сакав фејмот да го земам,ама неколку луѓе ми кажаа батеријата му се трошела многу брзо. Сони Икспериа М има предна камера? Како и е батеријата? Ве молам луѓе помагајте не знам што да земам.
Ајде и јас да се пофалам мајка ми ми купи самсунг галакси тренд, требаше мм да ми го купи но испадна мајка ми
А,вака да си видиш? Се ти пишува таму,се надевам знаеш како? http://www.gsmarena.com/compare.php3?id ... hone2=5279 Инаку,според мене иксперијата да го земеш
Нема потреба од толку полнење. Ова се смартфони, 1-2 саати се полнат и вади го. Никако на полнач цела ноќ. Ова се нов тип на батерии, не е како тие старите телефони.
Зошто три пат по 12-14 часа? Јас ниеден телефон не сум го оставила толку на полнење и ништо не му било Ни овој не го полнев толку ни претходниот ни тој пред негооо да чукнам во дрво сите си работат нормално.. Евентуално остај го до крај да се науни батеријата што кај поновиве телефони трае саат два, ма да јас мислам дека ни тоа не сум го почитувала...
Да Sony Xperia M ти е подобaр. А за батеријата мислам дека не му се троши многу брзо на Самсунг. Инаку Sony Xperia M мислам дека има предна камера еве имаш тука - http://www.gsmarena.com/sony_xperia_m-5497.php Па пиши ни што си земала
https://www.facebook.com/pages/MobiBox/462031833901018 Ако телефонот ви е расипан, сакате да го продадете, му треба декодирање (за било каква марка) обратете им се на дечкиве. Имаат многу добри цени, нема да ве прелажат и телефоните ви ги средуваат одма! Ако имате некои прашања пишете ми во ЛП
Дали некој го има користено Samsung Galaxy Pocket Neo ? http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0
Сакам да прашам кој има ваков телефон ќе го замолам да ми каже дали и него му кочи толку многу како и мене. Немам слики, 2 песни дали имам значи празен ми е ништо немам да ми е полн пак да ми кочи. Му направив еднаш мастер рисит (како и да се вика тоа чудо што го чисти цел мобилен од ново) ама пак ништо кочи многу ептен. Ми иде да го фрлам некогаш од тераса или од ѕид да го треснам. Alcatel OT-991 (Vip Droid XL)
Денес и јас го добив истиот,и мене ми титкаше и ме нервираше,епа сега вака,влечеш горе-долу ти се појавуваат оние вај фај блутут и такви глупости,епа влечеш се додека не дојдеш до крај и кликаш на нормално или незнам како беше,и на првото има едни такви незнам како да ти ги опишам и кликаш на нив,се појавува едно друго и кликаш на тоа 4 ли незнам кое беше,ке се снајдеш Mене сега ми се полни па затоа неможам по детално да ти објаснам
Леле.. си купив пред некој ден Alcatel S'POP и седнав дасе уклучам на твитер.. се уклучв што се уклучив ама незнам како да се исклучам ај помош некој ако знаее
Абе зошто сите купувате ефтини чкарт Алкател телефони, кога имате за + 2.000/3.000 денари топ телефони од Самсунг, Сони, ХТЦ. И после ќе го акнам од земја и слични работи. Алкател е бош фирма. Не се летајте по ефтините цени.
Еве јас ќе ти одговорам на прашањево ЗОШТО. Јас не го купив ми го подарија и си реков дека ок е телефонот ќе функционира, но ете не е како што треба. И јас знам што е убаво боже мој. Кога ќе си дојдам при некоја паричка ќе си земам друг телефон.
Јас си терам со мојот Samsung GT-S5230 веќе три години и ќе терам уште 1-2 годинки после ќе му ја мислиме...
Oд Дроидов сите премногу се жалат дека кочи и не функционира како што треба. Баш и понапред имаше пишувано искуство со него дека не е баш најдобар. Јас сакав да го земам ама ме предомислија искуствата на останите во врска со него. Инаку моментално имам Алкател М поп. Го зедов пред 2-3 месеци и сум презадоволна од него. Функционира одлично,не кочи , батеријата кога не ја силувам трае и до 2-3 дена. Ми има паднато 2 и тоа асално паднато и тркалано по улица ама срека нема ни гребнатинка на него од падовите. Да не го подречам во тој поглед е преиздржлив. Едино нешто што му е мана е што нема блиц камерата и фронталната ВГА камера. Ама па затоа и без блиц на нормална светлина и преку ден вади супер фотки. Инаку не се сложувам дека Алкател е чкарт фирма бидејки во подледно време извадија доста солидни телефони и во поглед на перформанси и во поглед на цена. Сестрата на дечко ми го има Алкател Идолот,телефонот е сон. Подобар од многу модели на Сони кои се актуелни периодов (експериа М,Е,Ј и сличните) .Ниту кочи ниту има проблеми при повиците. Дечко ми има СОни експерија Е или Ј не сум сигурна и тоа околу 6 месеци го има па му кочи екранот и кога му се јавуваш гласот не му го слушаш. Така да Алкателиве особено х-поп,Скрајб,идол и сличните на нив се доста солидни модели на телефони иако не носат звучно име.
Јас имам алкател М поп, ова ми е прв алкател телефон и презадоволна сум. Батеријата одлично му трае, не ми правел никакви проблеми. Имав Сони и тоа јак Сони кој го добив на подарок и за година дена ми се расипа сам од себе. Другарка ми во рок од една година два телефони Сони и се расипаа, а девојчето е навистина внимателно. И за ХТЦ сум слушнала милион поплаки така да не треба да се генерализира. Да беше толку бош фирма немаше толку да опстане.