Девојки, дајте некој совет за телефон до 4000ден. - толку ми се даваат на припејд, не сакам на постпејд бидејќи веќе имам еден таков број, ми треба за бројот што ми е на припејд. Ми се расипа телефонот, па не ми се даваат повеќе пари за нов, со годините веќе послабо се палам на ептен јаки телефони, ама сепак сакам да има колку толку нормални карактеристики (камера, блутут и сл). Ениуан?
Сеси за тие пари сега сигурно ке најдеш некое телефонче , не се скапи сега. Барем така мислам. Инаку јас имам вакви, првот го обожавамммммм и не се двојам од него , а вториот малку ми ги вади живците зашто е на таЧ, ама тоа е што е ... му се спремам да го сменам за понормално телефонче ама здравје.
Јас користам Sony Ericsson W880i walkman и супер ми е телефончето... http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 29,r:3,s:0
Имам Nokia N73 и никогаш не би го сменила, никогаш ! http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 24&bih=677 Имам и Vodafone 547 http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 29,r:0,s:0
имам сони сриксон w705 и имам многу телефони сменувано но не сум некој човек што е врзан за телефонот. иако сепак сакам да земам самсунг s7070 некако многу ми е женствен... ама сепак ќе видам оти не го користам многу телефонот. само за разговор со дечко ми и толку.
Јас имам Nokia 7373 ист како на сликичево . Многу издржлив телефон , батерија 2 недели држи , чисти слики , блутут , мемориска прима , а и самиот телефон има многу меморија.
Ехее сеа имаш за 4000 какви сакаш ама на старо,за на ново не сум баш сигурна,само треба да прошеташ по мобилариве да си разгледаш.И јас сакам да си го сменам мојот,од кога знам за мене користам Nokia,сега сум во потрагапо некој убав со подобри опции од овој што го имам И неможам да си го замислам денот без мобилен,па во него ми се сите битни информации
Ај да си ставам сликичка да не се чудите каков сону ериксон имам Телефонов е одличен,немам замерки! Преубава камера 3.15! Блутут,инфреред,блиц! Само сакам сега нов, сакам повторно сону ериксон ама да има и Wi-Fi Има некој предлог?
еве го мојот батеријата му трае цела недела добар телефон но има еден проблем на сред разговор прекинува се исклучува и затоа ке го сменам
Според мене најдобри ми се Nokia , скоро сите телофони што сум ги користела биле Nokia. Сега имам Nokia xpress music и за 2 месеца ќе користам Nokia C3 (тогаш ќе ми го донесат).Сличен во изглед на блек бери. Има wifi што ми треба во моментот .
Го има моја другарка уште од летото. Многу убаво женствено телефонче. Добар е тачот, другарката е баш задоволна и многу долго држи батерија, недела дена дури! Нема некои напредни опции, ама ако од такви немаш потреба јас топло ти го препорачувам!
Јас можам без мобилен телефон , не го користам многу , повеќе телефонот ми служи за прибирање на разни податоци отколку за зборување Имам Сони Ериксон , омилена фирма ми е , од секогаш сум имала Сони Ериксон и сум мн задоволна од него.