Епа еве и јас да кажам нешто. Ти имаш ги користено сите Алкател телефони до сега за да збориш? Не. Најверојатно си имал 1 кој ти се расипал, па мислиш дека сите се такви Иако и тоа не верувам, сигурно збориш по тоа што другите ти го кажале. Еве брат ми имаше Сони, ЕДНАШ му падна и екранот се скрши. И ти не можеш да ни кажеш што да купуваме, може на нас ни требаат помалку перформанси од тебе, м?
Јас имам Alcatel S Pop и сум премногу задоволна. Брз е, никогаш ми нема закочено, батеријата му трае 2 дена со интензивно користење на нет. Супер ствар за евтини пари. Не е се во звучните имиња ниту во марките!!!
Еве јас имам Alcatel Idol и можам да кажам дека телефонот е топ.Ми има паднато солидно неколку пати и на екранот гребнатинка нема освен на страните што е малку изљуштен многу нормално.И впрочем имам доста познаници што имаат Сони Експерија Типо,цело време им кочи и им се гаси.И една другарка исто купи Сони Експерија од поновите не знам точно како е и го има истиот проблем.Има супер камера 8 мегапиксели и блиц и предна камера која вади супер слики.Чим ја се задоволувам со овие перформанси нема потреба да се залетувам по Самсунг,Сони и ХТЦ.Алкател не е чкарт фирма само бидејќи не се популарни како да кажам мислам дека разбираш.Имам другарки кои си купија Алкател Идол и Алкател М Поп и задоволни се.
Жени јас имам ваков мобилен. Е сега ко ќе сликам со камерата сликите не ги покажва во галеријата, ко ќе спуштам слика од нет ми вика дека фајлот e неподржан, и плус на youtube не ми ги отвора видеата, ми вика дека имало грешка. Знај некој до шо можи да е проблемот?
Имам самсунг галакси,и незнам само колку денес се изнервирав.До вчера беше во ред,денес ми се јавува другарка ми и ништо мене не ме слуша,а јас слушам. Значи,ме изнервира многу и немам план да го носам на поправки или да го враќам иако има гаранција,само 3 месеци го користам,ама и на претходниот што го земав истиот проблем беше,сега овој функционираше ама од денес пак нешто зеза. Мислев да не погрешка нешто се исклучило ама му направив ресет,factory data reset и пак исто е. Ако има некој искуство,нека пише тука или во ЛП.
Сакам да прашам зошто кога поставувам слика на фб или коментирам преку телефон,не пишува повеќе via mobile? Имам Xperia E.
И јас имам M'pop и мојата батерија малку трае, но јас по цел ден сум на него, буквално Пред некој ден читав на некој сајт, за повеќе да ни трае батеријата требало да се намали светлината на екранот, да се исклучат блутут вифи и такви работи и имало некоја апликација Doctor Baterry така нешто се викаше, таа била за батеријата повеќе да трае, иако не верувам
Има ли некоја разлика од овие ајфоните тука во Т- мобајл и од тие што се од Германија, Шведска? Пошо сакам од таму да ми донесат, дали се исплаќа и дали е поефтино? Некој има ли искуство?
Има една разлика, кај на во т-мобајл ги декодираат т.е го кодираат да работат само на нивни картици, а оние од странство, ако купиш од нивен провајдер исто како ние од т-мобиле се кодирани за нивните мрежи. Ако ти носи некој од странство, еден корисен совет, нека ти донесе neverlock, оние што се фабрички отклучени за сите мрежи, за да не треба тука да го декодираш, или да користиш х-сим картица, едно што го "лаже" телефонот дека е на таа мрежа за која е кодиран. Тој е поскапк и потешко се наоѓа, ама запамти само Neverlock дека треба да е. Упм се комлицирани многу ајфониве, зашто не се за европски пазари пред се за Америка. Плус кај нас нема овластен сервис, со таа гаранција ќе мораш во Солун најблиску да го носиш на сервис кој е под гаранција, овие нашиве голем дел се дрва поима немаат од ајфони и сите мекинтош прозиводи, вклучувајте ги и Дуна и Т-мобајл.
Ахам така значи, знам за неверлокот ве читав дека најбитно е тоа. Мене ќе ми го носе еден човек кој работи за нас, т.е сеуште не сум се одлучила дали да ми донесат од таму, пошто па тука од т-мобајл тој идиотот што работи таму, се знае со татко ми, и му рекол, абе не и треба на ќерка ти таков мобилен, златно Сони или Самсунг, тие се многу комплицирани му рекол, леле ќе го убиев преку мобилен кога му се јавив, значи толку се изнервирав А па на тато толку му требе, му верува како Господ да е пошо грејниот врска нема од мобилни, он си поштува само Нокиа и тоа не на тач а Сони му е како сонце, шом го слушна тоа, одма ми вртат и ми вика каков Сони сакаш кажувај, леле ќе си умрев значи, ти го праќаш да се распраша шо и колку пари е, а тој па глупакот таму му вели не и треба ајфон... И така се испокаравме сите, татко ми со мене, јас со тој вработениот, и се налутив и му реков на тато дека ќе зборам со тој шо е горе у Германија човекот, да ми донесе понапредна генерација мобилен, шо тука уште не е стигнат, демек он знае шо зборам, и само ми рече, Сони Сони нека е, ахам, секако ќе е у себе си викам, кога ќе ми го донесе, сигурно мини инфаркт ќе добие, дека нели ајфоните се комплицирани и неквалитетни според тој лигушот И само затоа прашувам, за дали вреде да ми го донесат од таму. А за салонот у Солун, па не ни верувам дека ќе ми треба у случај да го нарачам, мислам да не се подречам, мобилните како очи си ги чувам и сакам затоа викам така. А полнач за ајфон секаде има нели тука, пошо тоа само им е слабата страна знам.
Вака, не ти објаснив убаво, тоа за Солун, тоа им е ОВЛАСТЕН СЕРВИС. Тоа тие од гарацијата, мислам дека ако го купиш од било која држава во европска унија, можеш да го носиш во секој овластен сервис во унијата, без разлика на државата. Ама и тоа се дополнителни правила кои се одредуваат со гаранцијата, може и да не е така како што јас мислам, ама тоа не ти треба тебе секако. Има и кај нас во приватниве мобилари, компетентни луѓе, за не дај боже да ти се зафркне нешто, поправаат, ама чини повеќе него за андроидиве. Но жилави се, не е така лесно да расипеш ајфон или да го скршиш, јас сум посебен случај, ама и со малку пукнат екран јас фурам и ќе фурам додека не си купам 5ка од Америка, зашто не ми се даваат 3000 за нешто што фукнционира и без тие 3000. Инаку за полњачи, кабелчиња, слушалки има и кај нас, и тоа златен Бит-пазар имаш се. Јас 3 кабли прецвикав, тука им е слабоста,тенки се и нежни, ама кинеските се по 150-200 денари, и во мобилариве ги има. Во Дуна демек оригнал по 1000ка ги продаваат, ама јас се соменвам во оригиналноста. Мене оригиналниот ми траеше најкратко, за месец дена одите јабана Маски, фолии, чуда се има, кај нас е поскупи, ама од нет се нарачуваат исто за ич пари од многу страни, не се секирај тоа. Ако за ајфон нема, за кој да има
^^ Колку само не се комплицирани Ајфоните, воопшто. Напротив поедноставен и подобар уред од нив нема, не постои. Барем според мене. Инаку, ако имате некоја јака врскичка во Т-Мобиле можат да ви го дадат Ајфонот и пред да го кодираат. Нормално, не во салон. Едит* Оригинални полначи, докови, слушалки и слични гаџети од Apple кај нас може да се најдат во T-Mobile, Duna и iStyle. Последниве две имаат најголем избор. Ама скапички се сега, тоа е. Едит 2* Анушке, кажи му го на татко ти мојов случај со телефонот украден шо го најдов пак. Одма ќе се предомисли гарант.
Од T-Mobile во никој случај, дал од Германија или тука. Нека ти донесат neverlock или заклучен на мрежа па ќе го декодираш со R-Sim а то ти е негде 15-20 евра. Само на T-Mobile нема да ти работи на чипот. Али тешко да ти најдат отклучен од таму. Освен ако не го земат од Епл Стор.
Ееј дечко па и баба ми го знае ова ама па ти од кај знајш дали има некој пари да си дозволи мобилен од позната и скапа фирма? Јас ако иам пари сигурно нема да купувам алкател (иако има стварно добри телефони за ниска цена) туку тука иам ајфон, самсунг, и сони се добри, па и хтц. Ехее од најскапите.Ама колку пари толку музика.И притоа алкател последно многу голем замав зема, добри телефони прави, идолот е чудо од телефон за смешна цена.
Деновиве треба да земам нов телефон и се мислам помеѓу ZTE Blade G и Samsung Galaxy Young. Кажете ми кој е подобар и поквалитетен? http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0 http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0
Самсунгот го имам и супер е многу е добар батерија ми дрзи 3 дена а постојано сум од него вклуцена на нет брз е тачот е перфектен.Имав еден зте и не сум задоволна воопшто тачот му цркна го поправија мрежа снема па пак го поправија и пак се расипа и отиде на бит пазар.Самсуг си е самсунг верувај не дека јас го имам ама стара марка е.позз
И јас имам лошо искуство со Алактел телефоните, го користев Alcatel Ot 902 значи поглуп телефон нема, го користев само 5 месеци и толку беше.