Пред 2-3 дена на едно девојче по лп му пишав само пофални зборови за АЛКАТЕЛ М ПОП, а еве денес не работи проклетиот, микрофонот//звучникот како и да е не работи, кога звонам јас слушам што ми зборуваат а мене не ме слушаат А ми нема паднато телефонот, ништо му се нема десено така си стоеше до креветот,кога го оставив си работеше а ете сега ќе го носам на поправка
Девојки многу многу не се разбирам во телефони, а сакам да си земам нов. Ги меркав на вип, и во око ми падна sony xperia E. Каков е? Искуства некои? Гледам не е многу скап. А и искрено не ми се ни даваат многу пари за телефон. Иначе овој е http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/ ... ad-image-0
Здраво сакам да купам ајфон,и сега се мислам дали да земам од ледиком или мобеликс или од т -мобајл. Има бајаги разлика во цената 5s е 36 илјади ,а во т мобајл е 43 илјади.само незнам дали е исто се или сепак да не ризикувам што мислите? Пс.ако има некој со лично искуство да каже ако купил било каков телефон од мобилара по мала и е задоволен или не е нека пише искуство Благодарам
Добри се карактеристиките за овие пари али мноогу луѓе се жалат од овие марки во смисол им кочат тачовите, им откажува по нешто по кратко време итн.Јас не би ти препорачала да го земаш, па ти како сакаш
Земи од мобилара или уште подобро дирекно од Apple јас имам од T.Mobile и воопшто не сум задоволна кратко време го имам а неколку пати го носам на поправка може до мене е ама има и други што не се задоволни викаат дека со кодирањето нешто ги зафркнувале
Јас го имам ZTE Blade G и сум презадоволна . Одкако го земав скоро и да немам седнато на комјутер , се праам на него.
потполно се сложувам... и јас го имам истиот и телефонот да не го уречам феноменално финкционира,брз е ,батеријата прилично доста долго трае,камерата е супер,8мегапиксели,има и блиц..башка и мн убаво е дизајниран,тенок со голем екран.....xаxа доста го ипофалив,ама ств сум мн задоволна, а имам користено и мн други подобри марки од кои и несум била задоволна во целост...
Брат ми има Samsung Galaxy Young и е презадоволен. Одличен е телефонот, се што му е потребно буквално се има, освен предна камера тоа му е еднинстевена мана, исто така брз е и воопшто не кочи. Така да ти препорачувам да си го земеш тој, а и се знае за марката Samsung дека е одлична
И јас како и некој друѓи Феминки неможам да си го замислам животот без мобилниот... Во него ми е буквално се од број во библиотека до пасвортот на интернетот кај комсијата на бабами буквално се се имам во него... А и сликиии 1 тон.. Денеска се враќав од крајот на улицата до дома само затоа што го заборавив а ќе одев докај една другарка. Инаку имам "HTC Windows 8s" добар е телефонот задоволна сам.. Само малку во последно време почнува да закопува на моменти ама намачена душа ее хахаха веке неможам да бројам колку пати ми е паднал
Јас имам Samsung телефон кој не е Android ( ) но на тач е,среќа па wi-fi има Задоволна сум од него не да не ама тоа што нема андроид ужасно ме нервира,неможам ништо да симнам инстаграм,вибер и некои игрички Али океј здравје боже да ми пројде претплатата ке си земам некој од галакси колекцијата
Што значи VGA ? тоа значи дека има предна или ? [/quote] Има предна камера али обична.Од најслабите ако може да се каже.Али сепак мислам нема врска, мојов има вга па супер ме служи.
Има предна камера али обична.Од најслабите ако може да се каже.Али сепак мислам нема врска, мојов има вга па супер ме служи. [/quote] Има уште послаба од VGA, и се вика CIF.
Има уште послаба од VGA, и се вика CIF. [/quote] Има и од CIF послаба, се вика анорексична. Има послаба, се вика Н.П.К или нема предна камера.
јас да си кажам мое искуство... Samsung Galaxy Mini ДА НЕ СИ КУПУВАТЕ ако го користите МНОГУ како мене. Многу проблеми си видов со него, не го бива, кога сака работи/кога не сака морам да го ресетирам, кога сака -сум достапна-кога не не, си блокира- кога ми треба највеке, сам си се исклучува кога му текне, итн.Му ставив мемориска од 8гига уште толку се шекна. Не може да поднесе,а ко е полу празна. Три пати на сервис го носев и ништо , таков си е. едвај чекам да ми истече договорот во ВИП и да си земам нов.
Го има некој користено Alcatel One Touch S Pop ? Споделете искуства..Јас се заљубив во телефонот ама прво сакам да дознаам нешто за него